Автор Тема: Национална стратегија за прираст  (Прочитано 22512 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #15 на: 18 Ноември 2013, 12:23:55 pm »
Многу ме интересира каков е наталитетот во Македонија во прошливе 12-13 години. Еве, нека биде од 2000-та па наваму.

Наталитет никогаш не треба да биде придвижуван од национализам. Се надевам дека тоа е повеќе од јасно.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #16 на: 18 Ноември 2013, 12:25:08 pm »
Многу ме интересира каков е наталитетот во Македонија во прошливе 12-13 години. Еве, нека биде од 2000-та па наваму.

http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_sovereign_states_and_dependent_territories_by_fertility_rate

Наталитет никогаш не треба да биде придвижуван од национализам. Се надевам дека тоа е повеќе од јасно.

сите држави каде што власта ги тера луѓето да раѓаат повеќе се усрани

еве нека најде некој таква земја што не е усрана

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #17 на: 18 Ноември 2013, 12:28:04 pm »
не гледам логика државата да ми се меша колку деца ќе правам фак оф!

државата треба да се грижи за инфраструктура, владеење на правото и... иии.... и толку, тоа е тоа. ништо друго не се бара.

Ете така...

За кој таков да праам деца, ако немаат каде воздух да дишат?? Едно куче немам кај да го прошетам на раат, а не па дете да раснам, шетам, да си играм со него итн...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #18 на: 18 Ноември 2013, 12:32:19 pm »
Многу ме интересира каков е наталитетот во Македонија во прошливе 12-13 години. Еве, нека биде од 2000-та па наваму.

http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_sovereign_states_and_dependent_territories_by_fertility_rate

Наталитет никогаш не треба да биде придвижуван од национализам. Се надевам дека тоа е повеќе од јасно.

сите држави каде што власта ги тера луѓето да раѓаат повеќе се усрани

еве нека најде некој таква земја што не е усрана

Така де, ако условите се како што треба, на луѓето нема да им треба никаква надворешна мотивација за зголемување на наталитетот.

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #19 на: 18 Ноември 2013, 12:43:57 pm »
не гледам логика државата да ми се меша колку деца ќе правам фак оф!

во кина,државата нареди сите да имаат по едно дете.заради контрола на наталитетот.

сите држави каде што власта ги тера луѓето да раѓаат повеќе се усрани

еве нека најде некој таква земја што не е усрана

наброј ми неколку усрани држави
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #20 на: 18 Ноември 2013, 12:52:40 pm »
наброј ми неколку усрани држави

јас прв си прашав, а на прашање не се одговара со прашање!

http://en.wikipedia.org/wiki/Failed_States_Index

http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_Human_Development_Index


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #21 на: 18 Ноември 2013, 12:59:56 pm »
не гледам логика државата да ми се меша колку деца ќе правам фак оф!

во кина,државата нареди сите да имаат по едно дете.заради контрола на наталитетот.


И? Како им оди?

http://en.wikipedia.org/wiki/File:ChinaDemography.svg

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #22 на: 18 Ноември 2013, 13:04:41 pm »
не гледам логика државата да ми се меша колку деца ќе правам фак оф!

во кина,државата нареди сите да имаат по едно дете.заради контрола на наталитетот.


И? Како им оди?

http://en.wikipedia.org/wiki/File:ChinaDemography.svg

државата има потреба од повеќе работна сила во иднина ....
сега бидејќи имаат потреба ке го вратат законот како што беше,по две.ако не го вратиле.така прочитав некаде.

п.с. предлагам да се отвори нова тема и да се префрлат мислењата таму.
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #23 на: 18 Ноември 2013, 13:07:01 pm »
Државата прво нека се потруди да им овозможи соодветни услови на тие што треба да ги прават децата, а не да ги брка надвор во потрага по подостоинствен живот. Децата сами ќе си дојдат.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #24 на: 18 Ноември 2013, 13:11:05 pm »
државата има потреба од повеќе работна сила во иднина ....

Еден добро образуван, здрав и недепримиран инженер или претприемач ќе биде по продуктивен од 10 исфрустрирани, полуписмени религиозни фанатици кои едвај завршиле средно и кои од работа знаат.... па ништо

порано, пред индустриската револуција, СЕКОГАШ имало работа за СЕКОГО. Кој не учи школо - ќе оди на нива или ќе туца камен. Но, во денешно време, тие работи ги имаат преземено машинитие. Па така, за необразуваните простаци нема работа и се повеќе терет отколку корисни за општеството. Маса лесно подведливи полуписмењаци кои на избори носат лоши политички одлуки и им прават проблем на сите.

Подобро да се намалува популацијата, но новите генерации да се поквалитетни, отколку безумно да штампаме деца кои кога ќе пораснат ќе бидат глупи фрустранти неспособни за работа.

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #25 на: 18 Ноември 2013, 13:11:26 pm »
Државата прво нека се потруди да им овозможи соодветни услови на тие што треба да ги прават децата, а не да ги брка надвор во потрага по подостоинствен живот. Децата сами ќе си дојдат.

абе што читам...достоинствен живот......а порано пред 50-100-150 год...имале подостоинствен живот?и во војни и во економски кризи правеле деца.дајте немојте со вакви желботеки за луксузен живот.

ако жената е амбициозна и брка кариера дали на запад дали дома ќе нема време за дете.

еве другар ми од бркање кариера сега има 35 год,без жена и без деца...сега се стабилизира со работа,купи стан,кола....и од сега натаму ќе планира жена,деца....па кај да е до 40 би требало да се среди.

форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #26 на: 18 Ноември 2013, 13:14:31 pm »
Маци, не ми е гајле пред 50-100-150 години како живееле. Јас гледам јас како живеам. Гледам моите блиски како живеат.
Врска нема со „желботеки за луксузен живот“. Не сакам луксузен живот, сакам нормален живот.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #27 на: 18 Ноември 2013, 13:15:33 pm »
шведска, швајцарија, финска, норвешка, австралија, канада... имаат во просек помалку од 2 деца по жена па не гледам дека им пропадна економијата заради недостаток на работна сила.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #28 на: 18 Ноември 2013, 13:28:19 pm »
Ама затоа во Зимбабве, Еритреја, Етиопија, Бангладеш, Уганда и Сомалија каде просек е над 4 економијата е во својот цут! Луѓето во Зимбабве не знаат што да прават со толку многу пари, дали за греење или како тоалетна?

Дневница во Зимбабве:
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Национална стратегија за прираст
« Одговори #29 на: 18 Ноември 2013, 13:31:52 pm »
„Државата ќе има потреба од повеќе работна сила во иднина.“

Имаме ние работна сила за во иднина. 30% од работоспособното население.