Ако ти е целта да не пушиш - едноставно престани. потребни се 2-3 неели да ти помине основната криза. Посе тоа, мирисот на тутун ќе те потсеќа дека било убаво да пушиш цигари, но волјата ќе биде доволна за да те одвлече.
Ти го кажувам ова како страствен долгогодишен бивши пушач, со во просек една ипол кутија на ден (некогаш и до три кутии) цигари „со појак тејст“, лаки, хабе, камел, бели малборо и сл, со стаж од 15-тина години. Последниве 5-6 години ги оставив цигарите, а поселднава година веќе ни пури и луле не ми се по ќејф и не сум запалил.
Цигари се оставаат многу едноставно. Само престануваш и толку. Убеди се дека волјата ти е јака, и можеш да се откажеш.
Можеби не кажав ништо во врска со електронскиве глупости, ама реално, ако си решил да оставиш цигари, не ти требаат помагала.