Автор Тема: Електронска цигара  (Прочитано 43651 пати)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Електронска цигара
« Одговори #60 на: 23 Јануари 2017, 12:48:20 pm »
Јас планирам да не користам никотин или ако веќе морам да користам многу малку mg, само миксот од PG и VG што мора да го има, нели едното за арома а другото за пареа. Ќе пробам така па ќе видиме, дури и мислам да не увлекувам. Колку да не биде она ,, Ми фали нешто уз кафе и слично'' колку за занимација и дим. Да ја користам некое време додека ги одвикнам овие класичниве па после и неа ќе ја баталам. Оваа што ја гледам е меѓу подобрите кои ги има на пазарот моментално, баш читав статии и теми на еден др форум и се запрепастив до каде се стигнале овие цигари изминативе години. Абе како за воени авиони и оружје да зборат а не за електронска цигара. Триста милијарди додатоци, трикови финти, одржување модови стартери, мотање греачи пичке си материне!


Она што открив, а еден другар ме предупреди, е што не знам како, ама сепак влијае на имунитет.
Абе што знам, не е дека не се испитани, долго се на пазарот не се баш од вчера, главни течности кои се ставаат се 2, Пропилен гликол за вкус( кој се користи и во фармација за сирупи и слично) а другата состојка е растителен глицерин кој е одговорниот за пареата, тие 2 состојки се мешаат едно со друго во зависност што сакаш, ако сакаш повеќе дим миксаш 70% глицерин со 30% гликол, или обратно, најчесто се користи 50-50 сооднос. И другата состојка која се става по потреба односно колку ти ги задоволува потребите е отровот никотин, можеби на почеток ќе ти бара организмот тоа зависи ама ќе гледаш помалце мг да користиш а доколку можеш ич да не ставаш најдобро.
« Последно менување: 23 Јануари 2017, 13:04:15 pm Allexxander »

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8689
  • Пичлеме
Одг: Електронска цигара
« Одговори #61 на: 23 Јануари 2017, 13:29:53 pm »
Или пушиш или не пушиш. Другарка ми има вакво ѓубре, божем ќе ги откажи цигарите со него. Еве некоја година со електронскава, се смееме:
- Како со електронскава, има ефект?
- Има, како не! Сега пушам и таму каде што е забрането :)

Денес славам јубилеј, 31 ден без цигара. Пред еден месец, ради ич ништо, ја испушив последната цигара од пакетата и реков дека тоа ми е последна цигара. И толку. После 3 пакети во последните 24 часа, решив да не пијам тутун (како Форест Гамп, кога трчаше, трчаше, трчаше, трчаше... и заради ич ништо престана да трча :) ).

Муабетот ми е, или пијаш тутун или не пијаш. Тоа со електронските е, како што се смее другарка ми, можност да пушиш и онаму каде што не си пушел до сега ;D

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 203
    • MVP Ring
Одг: Одг: Електронска цигара
« Одговори #62 на: 23 Јануари 2017, 13:31:39 pm »
Деновиве сакам да нарачам ваква, AIO Joytech Pro, некој искуство со нив?

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Јaс јa кoристев пoстaрaтa верзијa и искренo не сум зaдoвoлен. Нa пoчетoкoт беше супер нo пoсле еден месец ми се пoјaви прoблем сo течење, местo пaреa шмукaв течнoст штo е дoстa oпaснo.

Пoбaрaв дa јa зaменaм и ми прaтијa истa тaквa нa кoјa пoсле 2 недели пaк ми се пoјaви истиoт прoблем и се врaтив нa клaсичните цигaри зa жaл.

Друг прoблем ми беa греaчите кoи ги трoшев мнoгу брзo и честo имaв dry burn ( пoбaрaј нa нет дa видиш штo е тoa), и вooпштo не ми беше пријaтнo.

Пoзитивни рaбoти беa гoлемaтa бaтеријa и мaлaтa фoрмa нa цигaрaтa, кaкo и мoжнoстa дa се нaрaчa метaлнa верзијa местo плaстичнa.

Sent from my LG-D850 using Tapatalk


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Електронска цигара
« Одговори #63 на: 23 Јануари 2017, 16:18:01 pm »
Да, протекуваат сите релативно брзо. И многу ме нервираше тоа. Да се скапиш плукање.

Јас пробав и со безникотнска ама ветер во магла е тоа. Тоа е исто како да излезиш надвор и да хухкаш сега со молив во уста на ладново :)

9мг користев јас, ама пак ќе ти речам, не бев нешто задоволен (ова со течењето Кољо шо го спомна) и шо ептен те навлекува на повеќе никотин.

Без осет си со електронска. Демек не е штетна и цел ден в уста со електронската. Интересно ти е. Не те болат градите и шибај.

Башка јас осетив намален имунитет шо малку ме поремети. Прекинав со електронската, се ми се врати во нормала. Случајност или не , не знам.

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 203
    • MVP Ring
Одг:
« Одговори #64 на: 23 Јануари 2017, 18:12:35 pm »
9мг никoтин мене ми беше мнoгу и имaв глaвoбoлки. Течнoсти сo 3мг никoтин ми легнaa дoбрo се дoдекa не пoчне дa тече цигaрaтa.

Инaче друг прoблем кaкo и штo спoмнa сo нaмaлен имунитет, мoже дa се јaви и вртoглaвицa и дехидрaцијa. Амa сетo тoa е нa пoчетoк дoдекa дa се нaвикнеш.

Sent from my LG-D850 using Tapatalk


Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Електронска цигара
« Одговори #65 на: 23 Јануари 2017, 18:17:02 pm »
Абе тоа со течењето нема Е цигара што не може да се случи да процури, обично затоа препорачуваат да се држи/користи исправена цигарата, гледав некои ривјуа и некако многу гломазна ми се гледа па влегоа во игра уште 2.

Значи првата што ја спомнав е оваа

https://www.fasttech.com/product/5445005

2300mAH батерија со 4мл џус капацитет, тоа би било за еден ден ден ипол доволно.

Другата

https://www.fasttech.com/products/3031/10012927/5212305

Послаба батерија, меѓутоа помали димензии, потенка, НО подолга малце, џус капацитет само 2мл.

И последната опција, 2 комада( добро како резерва секогаш една полна), уште послаба батерија и само 1.5мл џус капацитет.

https://www.fasttech.com/products/1411/10004998/1390807?&m_override=1

Со цена не се голема разлика, башка сега задутре ќе има попусти преку веб страната. Дополнително на почетокот треба да се докупат и атомизери резерва.

Од сите овие првата е најнова со најдобри перформанси и заштита при краток спој недај боже. Престанува со работа. Од тој аспект треба да е безбедна и доста се продадени. Маана и е само тоа што е многу гломазна, премногу.

Значи горе доле трошоци околу цигариве би биле:

7-10$ на 2- 2ипол месеца.
5-10 евра за течност месечно.
« Последно менување: 23 Јануари 2017, 18:23:44 pm Allexxander »

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Електронска цигара
« Одговори #66 на: 23 Јануари 2017, 19:43:52 pm »
Ако ви се намалуаат цигари купете си ролери, ризли и тутун некој поквалитетен и ќе намалите.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Електронска цигара
« Одговори #67 на: 23 Јануари 2017, 21:43:56 pm »
Па не баш... Само ако си мрзлив да ролаш, ќе намалиш....

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Електронска цигара
« Одговори #68 на: 23 Јануари 2017, 23:43:54 pm »
Појаки се помалце ќе пушат :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Електронска цигара
« Одговори #69 на: 24 Јануари 2017, 12:00:00 pm »
Сите викаат дека помалце се чури со ролани. Ем и померак е да си ги направиш сам.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Електронска цигара
« Одговори #70 на: 24 Јануари 2017, 12:11:04 pm »
Бегај бе пола сат една цигара да направиш. Ќе се изнервираш и пак ќе купиш пакета.

Присутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Електронска цигара
« Одговори #71 на: 24 Јануари 2017, 13:06:04 pm »

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Електронска цигара
« Одговори #72 на: 24 Јануари 2017, 14:40:42 pm »
Пробав еднаш и никогаш повеќе. Не знам што марка беше ни какви состојки, ми ја препорача еден пријател како за почетник(на електронска), ама поглупо нешто според мене нема. Како што кажа еден член погоре, или пушеш или непушеш. Пробав и "снус", нешто како никотински џваки кои не ги џвакаш, се стават под жлебина(под усната и непцето) кои се доста популарни овде, ама и тоа е шит за мене и е забрането во повеќе држави и кај нас. Пушев 12 години цигари, веќе 2ипол години не пишам, ги имав повеќе пати откажувано(постепено), ама се навраќав пак. Затоа само треба силна желба и карактер да ги одкажеш одеднаш или како мене, да се разболеш од крајници и да сакаш, да не можеш да пушеш и кога видов еден цел ден можам без цигара, се заинатеш сам со себе и готово. Криза има најмногу првите 2-3 дена, првата недела, после е лесно, само имаш поголем апетит и голема веројатност да се здебелееш ако не си многу активен.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Електронска цигара
« Одговори #73 на: 24 Јануари 2017, 14:51:22 pm »
Како да се разболам од крајници?
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8689
  • Пичлеме
Одг: Електронска цигара
« Одговори #74 на: 24 Јануари 2017, 14:58:41 pm »
Еден месец, без цигари, вагата доби на коњажа, над стотка за една секунда крева ;D