Другарот мој најдобар ја продаде колата и сега ќе пазарува во Германија лично. Од она што му се допаѓа и може да си го дозволи, истото стои во насловот. Бара кола што малку троши, не сака да чуе за други производители.
1** 1.9 TDI го има ли обичниот во Голф 5 или само PD е? PD 2.0 согласно она што го прочитав не е препорачлив. DMF замајците на кого му страдаат најмногу?
2** 1.3CDTI, 1.7CDTI или 1.9CDTI во Астра? На што посебно да се обрне внимание кај овие мотори? Читнав нешто околу 1.9, знае да го зезне водната пумпа и да го фрли запчестиот ремен. Цени на DMF. Исузуто дали е подобар избор од Фиат моторите?
3** Ибица TDI 1.4PD или 1.9? Какви се цените и условите за одржување на PD технологијата кај нас и во соседството?
Било какво инфо би било добредојдено.
1.3 i 1.9 CDTI се Фиат мотори, 1.7 е Исузу. Конкретно го имав 1.9, во 120кс изведба. Не е рафиниран како 1.9 дци, меѓутоа има одлична издржливост, слична ако не и подобра потрошувачка, малку подобри перформанси, го имаш во многу коли (опели, алфи, фиати, сааб, што не) и во многу изведби. Конкретно во Астра го имаш во 3 изведби:
1.9 8v 120кс
1.9 16v 120кс (софтверски лимитирана серија на 150кс)
1.9 16v 150кс
Сите три имаат исти менувачи, сите три имаат иста лимитрана крајна брзина на 220, потрошувачката им е горе-долу иста.
1.3 CDTI е можеби и поиздржлив, мотор на ланче со мала потрошувачка. За брзина не е ништо посебно во Астра, истиот мотор е како 75кс верзијата само со турбо со варијабилна геометрија. Ако потрошувачката е еден од примарните услови, тогаш овој мотор (може и еден Racechip или ремап, да се подобрат перформансите)
1.7 CDTI - не знаам ништо, истиот мотор го имаш и во Honda Civic.
За DMF проблем кај овие мотори не сум слушнал
--
1.9 TDI во Голф 5 мислам дека сите се PD и е добар мотор, бидејќи е поедноставна изведба со 8V, па не страда толку како 2.0.
1.4 TDI би искрено би го избегнал, иако не е лош мотор (ама тоа сум јас)