CT и MRI имаат различна намена во дијагностика. Едните подобро „гледаат“ меки ткива (и нивните промени), другите подобро „гледаат“ ткива со поголема густина. Најдобро е радиолог да каже што е подобро, дали CT или MRi.
Више кажал - постариот син го снимавме - не мислеше ваљда дека на памет зборам, а? На MRI апла се познаваат пуни синуси, како и други под-финеси. Апла. Врз база на таа снимка лекарот знаеше точно каква терапија треба и за месец-два го решивме проблемот. Од тогаш - да куцнам у дрво - нема више проблеми со синуси.
Јас не реков за вас и вашиот случај, јас реков за делење дијагностички совети тука, по форуми, од луѓе кои не се стручни за тоа. Вас ако ви кажал доктор MRI, може да го препорачаш докторот на пример, наместо да кажуваш кој дијагностички пат да го фатат?
Локализираното зрачење еднаш во 100 години - ништо не значи, ако треба да се постави правилна дијагноза.
CT се во суштина повеќе СТОТИЦИ рентгенски снимки кои после ги процесира компјутер. Зрачењето од СТОТИЦИ снимки не е воопшто занемарливо. Едно снимање со CT ќе те направи озрачен ко да си бил на километар-два од граунд зиро во Хирошима! И мене не ми се веруваше, ама сите извори се согласуваат. Заради незанемарливоста на тоа зрачење CT бај д бук НЕ се прави кај деца (каде што кумулативната шанса да развие рак во следните неколку децении од животот се зголемува незанемарливо) освен во крајна нужда, кога има индиции за нешто што ќе го убие детето побрзо од рак во средновечна возраст (напр. тумори, ракови и слични чуда).
Па да не претеруваме, точно дека треба да се избегнува било кое непотребно штетно радиоактивно значење, но просечните примени дози на зрачење не се баш толку страшни кога станува збор за корисноста од овој дијагностички метод
Со CT на глава просечната доза на радиоактивно зрачење што би ја добил е околу 2 mSv. За други дијагностики - други есапи. На пример за фул боди CT, зрачењето е 15-20mSv. Природна годишната доза на примено радиоактивно зрачење, во просек за америка е околу 3mSv. Максималната дозволна годишна доза, за луѓе кои работат на места со високо зрачење е 50mSV.
Кај новороденчиња и деца, секако дека треба да се избегнува зрачење, и тука се согласуваме.
Што се однесува до атомските бомби, јас секогаш бирам да бидам на 3 фул боди CT-скена едно по друго, наместо на 1КМ од граунд зиро на било која нуклеарна експлозија.
Патем новите рентени многу полмалце зрачат.
Хмм... Рентгенот „гледа“ со зрачење. Помалку зрачење = помалку гледање afaik
Да не мислиш на снимање со магнетна резонанса, PET или нешто трето?
Помалку зрачат затоа што попрецизно зрачат. И поосетливи сензори.