Не сум доктор, второ ова е само муабет.
Се сложувам дека најважно нешто за дишните патишта (па и се друго) е што е можно повеќе време во годината на море, но на чисто море, некаде кадешто не е загадено со туристи и по можност вон сезона.
Се сеќавам како мал, во Бугарија идевме со моите, и таму каде што бевме сместени имаше една жена каде што секое сабајле се враќаше со пола ќеса со треви. Татко ми ја праша што е тоа, и зашто и е. Жената, Бугарка, рече дека собира исфрлени алги од морето, кои потоа ги суши, ги става во перница за спиење и диши од нив преку зима за да нема проблеми со носот.
незнам колку ова има логика, ама сите знаеме колку е корисно да се диши одсабајле морски воздух башка и алгите во тој период од денот најмногу испуштаат јод.