Автор Тема: Што опрема носам во гепек  (Прочитано 31791 пати)

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Што опрема носам во гепек
« Одговори #135 на: 12 Ноември 2013, 21:39:32 pm »
Ланци,манци,сајла спаковано под резервната, прва помош елече, сијалици спаковано во преградата лево. Во гепек е фрлено само торбичето за дизалица и клуч и штитник за сонце.

Вака нешто, само потсредено и без најлончина.


Отсутен Harris

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1285
    • http://www.facebook.com/RenaultOwnersClubMacedonia
Одг: Што опрема носам во гепек
« Одговори #136 на: 14 Ноември 2013, 15:46:59 pm »
Kаква зимска опрема треба да поседувате?
Четврток, 14 Ноември 2013 10:35
 
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, од утре ќе започне примената на законската обврска за задолжително поседување на пропишаната зимска опрема за моторните возила и работните машини кога учествуваат во сообраќај на пат надвор од населено место, а која ќе биде во сила во периодот од 15 ноември до 15 март идната година.


Во таа насока, истовремено, МВР информира дека со членот 11 од  -“Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски, односно шумски работи“ ,прецизно е наведена зимската опрема по категоризација на возила, што возачите мораат да ја поседуваат во своите возила во наведениот период.

Имено, во правилникот по однос на потребната зимска опрема прецизирано е следното:

1.    Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира:  

-        зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од 4 mm.

-        пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Потоа, (2.) како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 x 4 ) се подразбира:

- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од 6 mm.

- пневматици со летен профил на сите тркала, со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 mm. Ако во возилото во приборот има синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

3. Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг. се подразбира:

- зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите што газат по обем и широчина, од 6 mm.

- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од 4 mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

- автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и

- прирачен алат – лопата.

4. Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „МЅ“, „М+Ѕ“, „М&Ѕ“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

5. Во согласност со овој правилник, во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.

МВР, во интерес на навременото информирање на учесниците во сообраќајот, потенцира дека согласно пропишаните норми  униформираните полициски службеници ќе наредат на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема.

Исто така, согласно законските одредби униформираните полициски службеници може да наредат возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.

Притоа, граѓаните треба да имаат предвид дека глоба во износ од 15 евра во денарска противвредност, во мандатна постапка, ќе му се изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбата од членот 404 став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Затоа, а во интерес на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, МВР уште еднаш апелира до граѓаните да се придржуваат до пропишаните законски обврски

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Што опрема носам во гепек
« Одговори #137 на: 14 Ноември 2013, 15:49:28 pm »
Да бе, од утре стартува ова :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3840
Одг: Што опрема носам во гепек
« Одговори #138 на: 14 Ноември 2013, 15:56:32 pm »
Козјане кај ми се синџириве... Зимските уште ги немам ставено оти 15 степени е преку ден, додека не падне под 10 не ги ставам веројатно.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Што опрема носам во гепек
« Одговори #139 на: 14 Ноември 2013, 15:56:53 pm »
Фрлете пар ланци у гепек, пошто ако ве запре џандар на обиколница, може да ве казни за неносење зимска опрема, секако ако уште не сте стаиле зимски гуми.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: Што опрема носам во гепек
« Одговори #140 на: 14 Ноември 2013, 16:22:08 pm »
Немам ланци ....

Во багашник возам:

плинска боца 60л
вуфер
сет прва помош, сијалици, елече, сајла ...
1л масло, паковање глицерин, штравцигер, клуч 17,13,10,8ка ...

И да сакам да ставам нешто повеќе нема место ;D
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Што опрема носам во гепек
« Одговори #141 на: 14 Ноември 2013, 16:23:07 pm »
Ами си клал цистерна внатре, шо да има место
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен Sashe90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 718
Одг: Што опрема носам во гепек
« Одговори #142 на: 14 Ноември 2013, 17:25:46 pm »
Јас денес ги стаив зимските гуми, си стаив и ланци и така ги имав, купив денес уште еден пар ланци за на татко ми колата плус сет ( елече, трокут, сијалички, прва помош, саила ) и пена за гуми, и плус ги стаив ланците и во другите 2 коли. Така да сега сите коли имаат се што е потребно да не бидеш казнет :)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што опрема носам во гепек
« Одговори #143 на: 14 Ноември 2013, 17:34:27 pm »
Фрлете пар ланци у гепек, пошто ако ве запре џандар на обиколница, може да ве казни за неносење зимска опрема, секако ако уште не сте стаиле зимски гуми.

бев пред малку у мотоцентар демек да ги мењам гумите, гужва у пм. Видов-не-видов си се вратив. А убаво ми викаше жена ми прошлата недела да завршам таа работа...

Отсутен Sashe90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 718
Одг: Што опрема носам во гепек
« Одговори #144 на: 14 Ноември 2013, 17:39:55 pm »
Јас сам ги сменив дома.

Отсутен Боби Л.

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
  • I live my life a quarter mile at a time...
Одг: Што опрема носам во гепек
« Одговори #145 на: 14 Ноември 2013, 17:43:43 pm »
Море го паркирам во гаражата и вадење од таму дури во март :)
https://www.youtube.com/watch?v=-Lc9QZqITc4
Брзината не е опасна,туку будалата шo седи зад воланот :)

Отсутен Sashe90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 718
Одг: Што опрема носам во гепек
« Одговори #146 на: 14 Ноември 2013, 17:44:54 pm »
Хаха само катанец ти треба од зимска опрема :)

Отсутен Боби Л.

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
  • I live my life a quarter mile at a time...
Одг: Што опрема носам во гепек
« Одговори #147 на: 14 Ноември 2013, 17:48:49 pm »
;D ;D
https://www.youtube.com/watch?v=-Lc9QZqITc4
Брзината не е опасна,туку будалата шo седи зад воланот :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Што опрема носам во гепек
« Одговори #148 на: 14 Ноември 2013, 19:21:08 pm »
Можеш да возиш со летни гуми и ланци според ова или лошо сфатив?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14290
  • Пудингот на шоферството
Одг: Што опрема носам во гепек
« Одговори #149 на: 14 Ноември 2013, 19:51:17 pm »
Со летни само ке научиш да се лизгаш.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D