Барав некои други информации, па ми улета ова како интересно. Ми текна на муабетите за тоа дали смее да се престигнува од десна страна на булевар.
Член 2, став 120 и 121:
120. „Престигнување“ е минување со возило покрај друг учесник во патниот
сообраќај кој се движи во иста насока по иста сообраќајна лента или дел од
коловозот што е наменет за сообраќај. Побрзото возење на една колона
возила од друга колона на патот кој има најмалку две сообраќајни ленти за
возење во иста насока, не се смета за престигнување;
121. „Менување на сообраќајна лента“ е преминување на возило од една во
друга сообраќајна лента во иста насока, заради престројување или побрзо
движење;
Член 51, став 2:
(1) Престигнување и обиколување се врши од левата страна.
---
Арно ама, бидејќи побрзо возење на една колона во однос на друга не се смета за престигнување, на булевар може да се направи тој маневар и од десна страна. Со други зборови, средната колона се движи споро, левата колона се движи споро, јас можам да се престројам во десната лента (која се движи побрзо) за да ги поминам. И тоа е тоа.
Со таа напомена дека ова е аргумент за дивеење и возење цик-цак меѓу ленти и правење глупости, туку чисто за да се знае дека нема „брза лента“ и „спора лента“ на булевар.