молим?
со тоа нема да се среди сообраќајот во скопје...
повеќе би се средило оној момент кога ке видиш на паркинг на фирма која што има 30 вработени, наместо 30 воаила да има 15, т.е. да почнат да се групираат луѓе за идење и враќање од работа...
од друга страна по зголемување на приватизацијата, и приватни микро и среден бизнис, повеке од јасно е дека секоја нова фирма повлекува нај малку уште едно возил, во принцип тоа е дизел комбе и нај често постаро возило, расодувано од некоја друга-појака фирма која веке купила нови комбиња исто така дизели.
тука доаѓа исто така и до израз дозволениот увоз на возила од странство т.е. автомобилскиот отпад... значи зголемување на возила т.е. автомобилскиот отпад од поразвиените земји, автоматски и поголемо загадување... уште поголемо загадување доаѓа кога е гужва.. тргни застани, поише гориво иде, повише емисија на гасови и тн...
според мене еден круциален главен проблем е дека треба да се инвестира во другите градови да се развие бизнисот. абе се живо и диво дотрча во скопје... скопје е 2/3 од цела македонија... некој рече скоро 1 милион е скопје.. да, тоа се официјални статистики... јас лично познавам барем 50-тина луѓе што никогаш не го смениле своето живеалиште официјално. на гласање си идат во градовите од кај доаѓаат. значи бројката е фрапантно поголема. а тоа значи и фрапантно поголема бројка на возила одошто се знае и дискутира.
опцијата ВЕЛОСИПЕД за секого е глупа... преглупа е и е со сезонска намена. од ти натерај некого на пекол жешко или џигер ладно време да гушље на педали.
некој некогаш негде спомна дека би требало да се уведе како на времето со таблиците пар-непар возење.. и тоа не е решење... сите ке набават второ возило, дополнителен проблем, дополнително повеке возила, дополнително повеке гужви и загадување...
јас мислам дека треба по ригорозно да се настапи како на пример во кина. 1 возило во кругот на семејството. за второто возило екстра данок. и тоа јак данок... за трето возило, ке плаќаш екстра екстра екстра данок а четврто НЕМА ШАНСИ да имаш, т.е. забрането ке ти биде со закон, казни...
треба кружни токови колку што се може повеќе. треба да се направат петљи и надвозници колку што се може повеке и ограничувањето на брзината да се крене, ам ане сгде туку на некои места. исто така ако се одстранат пешаките прелази, да се прејде на пешачки надвозници како влајко на пример, тогаш ке може да се зголеми брзината во сите населби.