eve uste nesto interesno resenie sto nema da go sredi soobrakajot isto kao ednosmernite ulici
Зградата на „Даме Груев“ да се пресече, а улицата да се прошири
...
Со децении сите претходни градоначалници зборуваа и посакуваа, а овој состав на градската власт реши сериозно да ги разгледа сите опции за проширување на улицата Даме Груев, поточно делницата од трговскиот центар „Палома бјанка“ до Собранието на Македонија. Изградбата на две ленти плус е дамнешна идеја, предвидена и со Генералниот урбанистички план на Скопје, но кочница за реализација секогаш беше зградата на „Макотекс“, поточно нејзиниот пасаж, кој стрчи преку тротоарот. Сега се размислува столбовите на пасажот да се исечат и да се отстранат неколку ката од зградата.
Kоловозот ќе се шири за сметка на паркиралиштата, кои се дел од Градски ѕид, а улицата ќе има вкупен профил од 17 метри. Паркирањето во овој реон ќе биде решено со катната гаража кај поранешно „Беко“, која е во изградба.
Објектот ќе се потпре со мост
Во контекст на реализацијата на нова и поширока „Даме Груев“ во блиска иднина, градоначалникот Kоце Трајановски информира дека веќе имале неколку состаноци со претставници од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), на кои разработувале неколку варијанти за решавање на проблемот со столбовите од пасажот на „Макотекс“. Експертите оттаму се задолжени да понудат опции за отстранување на столбовите, а притоа да не се наруши статиката на зградата.
Директорот на ИЗИИС, професор д-р Михаил Гаревски, потврди дека состаноците со Градот се интензивни. Информира дека им понудиле три варијанти за пасажот на зградата на поранешен „Макотекс“. Таа сега е во сопственост на „Макоил“, а Градот со нив треба да договори обесштетување или друго решение за отстапување на дел од површината за да се реализација овој градски проект од голем јавен интерес.
...