Здраво на сите,
во процес на барање сум на мојот прв автомобил и би сакал да земам некој автомобил до 3000 евра (или 2500 ако е бензинец без плин). Ќе ве замолам за помош околу изборот на овој автомобил. Она кон кое што целам е да биде ефтино одржлив, потрошњата на горивото да биде на доволно ниско ниво (8-10 л за плин и 5-6 л за дизел). Во обзир би се земале и автомобили со должина до 4 метра (како опел астра 1.4 16в).
Однапред фала,
Ице.