Common rail VS common rail. Мотори лесни за одржување поради мањакот на бош пумпа. За Алфата знам дека има варијабилна турбина, што значи дека турбото те ваѓа и на ниски и на високи, т.е. само се прилагодува на педалата за гас. Не знам каков систем користат во Хонда, ама штом е комон рејл систем, нема промашај.
Двете марки екстремно ги почитувам, и Хонда и Алфа да земеш сигурно нема да се зафркнеш. Сеа зависи каков вкус имаш, Хондата е малце со застарен дизајн, како надвор така и внатре.
И уште нешто: не се тргај настрана од кола само зашто еден просечен граѓанин ќе ти рече дека таа марка не чини, или пак скапи се деловите. За Хонда и Алфа, деловите најчесто идат директно од фабриките кај што се изработени колите, со тоа што се малце поскапи, но се далеку поквалитетни од кинески делови за Опел, Волксваген, Форд и тако даље. Со среќа со изборот.