Автор Тема: Peugeot 106 S16  (Прочитано 5859 пати)

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Peugeot 106 S16
« на: 28 Јуни 2011, 21:52:58 pm »
Колку би чинело, што модификации се потребни, одржување ?

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: Peugeot 106 S16
« Одговори #1 на: 30 Јуни 2011, 16:43:23 pm »
Се работи за возило со Peugeot 1.6 литарски 16 V мотор. Предвидено е поставување на секвенционален плински уред, во комбинација со цилиндрична боца која ќе се постави во багажниот простор. Цената на Landi Plus Max уредот е 540 евра.
На возилото нема потреба да се прават модификации за да се постави плински уред. Самиот плински уред кој ќе се постави функционира како секундарен систем кој не се меша во работата на примарните системи на возилото.
Одржувањето на плинскиот уред опфаќа замена на плински филтер на секои поминати 20,000 км и контрола на плинскиот уред еднаш годишно. Одржувањето на возилото останува според препораките на производителот.
Во продолжение следуваат неколку фотографии од вградена плинска боца во Peugeot 106. Во 106-ка се поставува само цилиндрична плинска боца, причината е што резервното тркало е сместено вонгабаритно-под колата, и не е дозволено поставување на торусна боца на негово место. Најчест избор за ова возило е 35 литарска боца, која и може да се види на фотографиите.

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Peugeot 106 S16
« Одговори #2 на: 30 Јуни 2011, 20:11:32 pm »
Благодарам...и уште нешто во однос на перформансите, ќе загубам нешто или не ?

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Peugeot 106 S16
« Одговори #3 на: 30 Јуни 2011, 22:28:57 pm »
Уредот кој ти го нудат е мулти-поинт инџекшн, т.е. посебни бризгалки за секој цилиндар, а дозирањето е раководено од засебен компјутер согласно мапата од бензинскиот-фабрички компјутер. Параметрите на плинскиот компјутер се штелуваат компјутерски, така да не се секирај за перформанси. Најмногу што може да изгубиш се 2~3% од максималната снага, т.е. на високи вртежи при големо оптеретување(натоварен, угорница, маскимална брзина). Но таа загуба е абсолутно незабележителна, а ако веќе и тоа ти е битно со едно притискање на копче се префрлаш на бензин, за да ја докорнеш колата. Од друга страна пак со плинот ќе добиеш нешто поголема снага на средни вртежи. Ѕирни ги сликите од собир. Гугле ја возеше Маздата на плин до максимална брзина - 210km/h, исто колку што и јас ја возев на бензин.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 106 S16
« Одговори #4 на: 01 Јули 2011, 00:13:27 am »
Никогаш не ми била јасна монтажата на плинот. Се отвара ли моторот да се вградат тие прскалки или целата работа иде површински со црева, кабли и компјутери?

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Peugeot 106 S16
« Одговори #5 на: 01 Јули 2011, 00:22:10 am »
Никогаш не ми била јасна монтажата на плинот. Се отвара ли моторот да се вградат тие прскалки или целата работа иде површински со црева, кабли и компјутери?
Се буши усисната грана.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Peugeot 106 S16
« Одговори #6 на: 01 Јули 2011, 09:43:59 am »
Уредот кој ти го нудат е мулти-поинт инџекшн, т.е. посебни бризгалки за секој цилиндар, а дозирањето е раководено од засебен компјутер согласно мапата од бензинскиот-фабрички компјутер. Параметрите на плинскиот компјутер се штелуваат компјутерски, така да не се секирај за перформанси. Најмногу што може да изгубиш се 2~3% од максималната снага, т.е. на високи вртежи при големо оптеретување(натоварен, угорница, маскимална брзина). Но таа загуба е абсолутно незабележителна, а ако веќе и тоа ти е битно со едно притискање на копче се префрлаш на бензин, за да ја докорнеш колата. Од друга страна пак со плинот ќе добиеш нешто поголема снага на средни вртежи. Ѕирни ги сликите од собир. Гугле ја возеше Маздата на плин до максимална брзина - 210km/h, исто колку што и јас ја возев на бензин.

Не сум имал никакво искуство со плин,ама ова ми звучи нереално !
Гојдо тест вожња дужиш,да го потврдиме ова ;)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43706
  • Il Moderatore
Одг: Peugeot 106 S16
« Одговори #7 на: 01 Јули 2011, 10:47:18 am »
...незабележителна, а ако веќе и тоа ти е битно со едно притискање на копче се префрлаш на бензин, за да ја докорнеш колата. Од друга страна пак со плинот ќе добиеш нешто поголема снага на средни вртежи. Ѕирни ги сликите од собир. Гугле ја возеше Маздата на плин до максимална брзина - 210km/h, исто колку што и јас ја возев на бензин.

Не сум имал никакво искуство со плин,ама ова ми звучи нереално !

http://www.bobistheoilguy.com/forums/ubbthreads.php?ubb=showflat&Number=1386019#Post1386019

Побарај и други "lpg petrol dyno" по нет, ќе дојдеш до слични резултати. нешто подобар вртежен момент на пониски вртежи и нешто помала снага на крај.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54984
  • Махер
Одг: Peugeot 106 S16
« Одговори #8 на: 01 Јули 2011, 11:24:15 am »
...незабележителна, а ако веќе и тоа ти е битно со едно притискање на копче се префрлаш на бензин, за да ја докорнеш колата. Од друга страна пак со плинот ќе добиеш нешто поголема снага на средни вртежи. Ѕирни ги сликите од собир. Гугле ја возеше Маздата на плин до максимална брзина - 210km/h, исто колку што и јас ја возев на бензин.

Не сум имал никакво искуство со плин,ама ова ми звучи нереално !

http://www.bobistheoilguy.com/forums/ubbthreads.php?ubb=showflat&Number=1386019#Post1386019

Побарај и други "lpg petrol dyno" по нет, ќе дојдеш до слични резултати. нешто подобар вртежен момент на пониски вртежи и нешто помала снага на крај.

Тоа кутрото дете на линкот мисли дека менувачот му прави загуби од 42%, а не му текнува дека на колата и фалат 100кс фабрички...

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: Peugeot 106 S16
« Одговори #9 на: 01 Јули 2011, 13:49:50 pm »
Веќе ви одговорија  колегите форумаши  s16,
Во техничката документација од производителот ,,Landi Renzo", стои, губиток на моќ на возилото 2-3 проценти. Од изјави на корисници на секвенционалните плински уреди, во кој спаѓа и плинскиот уред што ти го понудивме, губитокот на моќ е од 0-10 проценти (по нивни претпоставки, се разбира) 

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Peugeot 106 S16
« Одговори #10 на: 04 Јули 2011, 09:22:20 am »

Фала.