Здраво дечки!
Бидејќи неколкумина од вас до сега се понудиле односно прашале дали можат нешто да напишат за порталот, да објавам еден повик за содржини.
Значи, потребни ни се текстови од овој карактер:
- Историја на некој бренд.
- Историја на специфичен модел.
- Интересни и непознати факти за автомобили.
И други слични вакви стории. Секако, текстовите треба да бидат напишани читко и литературно, со тоа што ќе бидат уредени и лекторирани пред објава. Пред било кој да се нафати да пишува нешто нека се консултира со мене за да се договориме што точно да пишува. Компензација би сакал да има, али најверојатно би се свело на пиво или две, барем додека не почнеме да праиме некои пари и да ги покриеме трошоците.
--
АВТОбиографија
АВТОбиографија е замисла која се врти одамна, али сега конечно ќе почне редовно да се организира, односно барем еднаш месечно. Замислено е да биде со 15-тина прашања кои ќе ги одговори избраниот член за неговото возило, па ќе се подготви статија која ќе се објави на порталот. Ова може да биде интересно бидејќи луѓето ќе ги пренесат своите реални искуства со нивниот автомобил.