Автор Тема: Ништо од ветувањето за поефтин Зелен Картон  (Прочитано 9046 пати)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
И да се укине ЗЕЛЕНИОТ КАРТОН

Возењето во странство ќе остане скапо

Осигурителните компании се согласни да се укине зелениот картон, но за сметка на тоа да се воведе единствена премија за осигурување на автомобилска одговорност, која би имала повисока цена

Зелениот картон може да се укине или неговата цена да биде симболична, но да поскапи осигурувањето за автоодговорност, која ќе биде единствена за сите возачи. Ваков е ставот на осигурителните компании, по изборните најави на Владата дека документот неопходен за патување во странство со возило ќе поевтини за 30 отсто. Тоа значи дека регистрацијата на автомобилите секоја година сите сопственици на автомобили ќе ги чини повеќе, без разлика дали патуваат во странство или не.

Осигурителните компании велат дека досега не добиле конкретен предлог и покрај предизборното ветување на министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески дека на првата владина седница по изборите, зелениот картон ќе поевтини за 30 отсто.

- Немаме конкретни најави и предлози за поевтинување. Се надевам дека во блиска иднина надлежните институции во соработка со нас ќе успеат да најдат баланс. Тоа значи солидарноста да се подели така што цената на зелениот картон ќе биде само оперативен трошок за хартија или, пак, ќе се дава бесплатно, а да се зголеми автоодговорноста - изјави Драган Лазаревски, директор на Друштвото за неживотно осигурување на „Кроација осигурување АД Скопје“ , на вчерашното одбележувањето на двегодишнината од работењето на осигурителната компанија.



Солидарен систем

Според Лазаревски, компаниите подолго време го анализираат осигурителниот пазар за да се добијат соодветни цени за автоодговорноста и за зелениот картон. Но, тој напоменува дека при носењето одлуки за зелениот картон државата ги зема предвид и деловните потреби и можности на осигурителните компании. Односно, секое задирање во масата на премија, особено на техничката премија, може да предизвика и одредени нарушувања.

Лазаревски истакна дека постои убедување оти и во Македонија зелениот картон треба бесплатно да се подига со полисата за автоодговорност. Но, со тоа се отвора прашањето за цената на автоодговорноста. Лазаревски објасни дека прашањето за зелениот картон порано беше уредено со солидарен систем. Односно, секој што патуваше во странство, со основната полиса за автоодговорност бесплатно набавуваше и зелен картон.



Дополнителна премија

Меѓутоа, со формирањето национални пазари за осигурување се наметна политика за зелен картон да плаќаат само тие што патуваат во странство.

- Тоа е неприродно нарушување на принципот на солидарност кој подразбира сите учесници во сообраќајот, без разлика дали патуваат во странство, да партиципираат во можната нивна одговорност ако нанесат штета на трети лица во друга земја - рече Лазаревски.

„Дневник“ неодамна објави дека осигурителните компании размислуваат за укинување на зелениот картон, но во моментов бараат начин како тоа да го изведат. Еден од начините што се спомнуваа во јавноста е да се прифати дополнителна премија за секое возило што ќе се регистрира. За сметка на тоа, сите регистрирани возила ќе може да минуваат граница без дополнителен зелен картон. Од Националното биро за осигурување за „Дневник“ тогаш потврдија дека се размислува за укинување на зелениот картон, но не сакаа да дадат дополнителни информации. Според објаснувањето од Националното биро, цената на зелените картони кај нас е меѓу поскапите во регионот бидејќи Македонија нема единствена премија за осигурување на автомобилска одговорност.

Даница ТУНТЕВСКА
« Последно менување: 29 Јуни 2011, 10:33:37 am Cuore Sportivo »

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Ништо од ветувањето за поефтин Зелен Картон
« Одговори #1 на: 29 Јуни 2011, 10:34:24 am »
Ако поефтини зелениот картон ни ебаа матер со регистрацијата, а ќе мораш да платиш зашто ќе оди се во едно. Вака барем имаш избор.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Ништо од ветувањето за поефтин Зелен Картон
« Одговори #2 на: 29 Јуни 2011, 10:36:45 am »
треба да бираме измеѓу сатар и нож.

Што толку се разликува Македонија ево рецимо од Србија каде годишен зелен картон кошта 5 евра.

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
Одг: Ништо од ветувањето за поефтин Зелен Картон
« Одговори #3 на: 29 Јуни 2011, 10:43:18 am »
треба да бираме измеѓу сатар и нож.

Што толку се разликува Македонија ево рецимо од Србија каде годишен зелен картон кошта 5 евра.
druze srbija go ukina zeleniot karton celosno i toa od nova godina a koga vlagaat kaj nas mora da platat za zelen karton mamiceto lopovsko da im go natrtam #@$#$&&%&#*@&&@*

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Ништо од ветувањето за поефтин Зелен Картон
« Одговори #4 на: 29 Јуни 2011, 10:47:26 am »
    Значи почнуваме да наликуваме на Бугарија од 90 тите. Црна дупка.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ништо од ветувањето за поефтин Зелен Картон
« Одговори #5 на: 29 Јуни 2011, 12:21:46 pm »
Криминал невиден

Отсутен BokiCactusic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3825
  • Боинг 747
Одг: Ништо од ветувањето за поефтин Зелен Картон
« Одговори #6 на: 29 Јуни 2011, 12:57:21 pm »
Pa bozem vetija deka ke poevtini zeleniot karton, megutoa ispaga kompaniive poima nemaat za toa i vcera citem na Tocka od Kroacija osiguruvanje kazale deka se nadevaat deka vo ''Bliska Idnina" ke imalo poevtinuvanje:)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Ништо од ветувањето за поефтин Зелен Картон
« Одговори #7 на: 29 Јуни 2011, 13:05:04 pm »
треба да бираме измеѓу сатар и нож.

Што толку се разликува Македонија ево рецимо од Србија каде годишен зелен картон кошта 5 евра.

Па по нив се разликува во тоа што таму има повеќе осигуреници...
Ние сме мала држава, и со малку не може да се купуваат џипови, јахти мотори вили итн...
А на малку народ сатар коа ке му удруиш, и згора на тоа ние сме невидени пизди и како ке ни кажат, само се пупиме и викаме дека немаме избор и дека така треба, и 500 евра да го направат ке речат дека мора и ние ке прифатиме...
Значи, секогаш било додека има овци и вуна ке има, па така да не очекувајте поефтинување зошто они немаат ќар...Ако го направат тоа, ондак ке требаат да си ги затворат компаниите пошто не рикнат...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Ништо од ветувањето за поефтин Зелен Картон
« Одговори #8 на: 29 Јуни 2011, 13:12:42 pm »

Што толку се разликува Македонија ево рецимо од Србија каде годишен зелен картон кошта 5 евра.

Во Србија е решено како што предлагаат овие од Кроација ;)

Гратис зелен картон, ама поскапо задолжително осигурување.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен BokiCactusic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3825
  • Боинг 747
Одг: Ништо од ветувањето за поефтин Зелен Картон
« Одговори #9 на: 29 Јуни 2011, 13:20:00 pm »
Ovaa tema e bas od moja oblas pa sea videte kako sekoj den site te prasuvaat
dali poevtini ili dali ke poevtini i treba da gi gledas razocarani lugeto, a nemozes nisto da napravis leee katastrofa!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Ништо од ветувањето за поефтин Зелен Картон
« Одговори #10 на: 29 Јуни 2011, 13:24:33 pm »
У Србија цената на регистација со све осигурање е речиси исто како и кај нас...Ако они регистрацијата од 150 евра ја покачат на 250, која е логиката????
Односно ако осигурањето е 100 евра за некое возило во моментов и они го направат истото да биде 250 евра, сакам да прашам која ке биде логката јас после да добијам зелен картон за 5 евра?
У принцип од 100 евра да се покачи на 120 евра, пеки....има логика, али ова спротивново е апсурд...и грабеж...и не ебат во здрав мозок...тоа е..
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: Ништо од ветувањето за поефтин Зелен Картон
« Одговори #11 на: 29 Јуни 2011, 13:28:00 pm »
Во реалност, ако биде гратис зелениот картон, а поскапи задолжителното осигурување, задолжителното не би требало да поскапи повеќе од некои си 500 денари. Тоа ми е логична математика, и сосема прифатлива.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Ништо од ветувањето за поефтин Зелен Картон
« Одговори #12 на: 29 Јуни 2011, 13:30:17 pm »
Све е гола вода...

Отсутен BokiCactusic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3825
  • Боинг 747
Одг: Ништо од ветувањето за поефтин Зелен Картон
« Одговори #13 на: 29 Јуни 2011, 13:32:32 pm »
Da da vo "BLISKA IDNINA" :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ништо од ветувањето за поефтин Зелен Картон
« Одговори #14 на: 29 Јуни 2011, 13:32:55 pm »
Во реалност, ако биде гратис зелениот картон, а поскапи задолжителното осигурување, задолжителното не би требало да поскапи повеќе од некои си 500 денари. Тоа ми е логична математика, и сосема прифатлива.
и помалку од 500 денари со оглед на тоа дека можеби секоја десета кола или помалку ја напушта земјава во годината...