Автор Тема: Вашиот следен автомобил?  (Прочитано 63132 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34068
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #390 на: 11 Октомври 2017, 21:27:27 pm »
Луки колку го зеде ако не е тајна?

Инаку мојот следен автомобил би бил шо знам,миниум 170кс максимум 250кс,дизел или бензин сеедно,автоматик и со навигација,пошо планот е да се преселвам Немачка.
Најмалку да биди еур4 или еур5 ке видиме.
Сега за сега во глава ми се вртат ЛАнчиа Делта,Алфа Гулиета,Фауве Пасат(цц можи),МЕрцедес Цлк или Ц класа...Али има време ке видиме,битно е да нема фаличен мотор.

Ако одиш во германија откажи се од дизел, немој да правиш грешка дизел да земаш

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #391 на: 11 Октомври 2017, 21:37:01 pm »
Колку што знам, ниту еден град во Германија уште нема официјално забрането дизели, нити пак има некоја конкретна дата. Може да грешам, поправете ме.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #392 на: 11 Октомври 2017, 21:38:10 pm »
Чинам дека во некои градови имаше забрана за испод Еуро 5.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1476
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #393 на: 11 Октомври 2017, 21:38:36 pm »
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #394 на: 11 Октомври 2017, 21:43:43 pm »
Чинам дека во некои градови имаше забрана за испод Еуро 5.

Во ред, но тоа е сосем различно од:

Ако одиш во германија откажи се од дизел, немој да правиш грешка дизел да земаш

Јас секако би препорачал купување нов дизел наместо стар еуро 3-4 со поминати 12.000.000 километри, но ширење ваков FUD без конкретни дефинирани работи е сосема друга работа.

Пошто, глеам дека во Германија во Јули се продадени 283.000 коли, од кои 40.5 проценти биле дизели. Сите тие се заебале.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5011
  • The Spartan General
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #395 на: 11 Октомври 2017, 21:52:56 pm »
Административниот суд во Штутгарт донесе одлука и рамка за воведување забрани на постари дизел коли (ЕУ4) во самиот град. Забрана сеуште нема, но ќе дојде. Исто како што ќе дојде во многу други поголеми градови во Германија. Сите дизел возила со ЕУ5 емисии морат да добијат нов издув, нов софтвер (и најверојатно третирање со уреа) за да исполнуваат ЕУ6 стандарди.

Во моментот има иницијатива за замена старо-за ново за замена на старите дизел возила со нови бензин/дизел возила. За некои марки, попустот е и до 40% од каталошката цена. Во секој случај, како што кажа Велештрумф, подобро ЕУ5 ако е дизел, идеално ЕУ6. Не е толку страшно ако е бензин и ЕУ4.

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #396 на: 11 Октомври 2017, 21:55:08 pm »
Ете, има ограничувања, и тоа добри, издржани, но тоа е многу, многу, многу далеку од „немој да правиш грешка дизел за земеш.“

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5011
  • The Spartan General
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #397 на: 11 Октомври 2017, 22:08:01 pm »
Нормално. И јас сеуште го возам мојот ЕУ4 дизел. Како што одат работите, и во догледно време ќе продолжам да го возам. Кога ќе го забранат кај мене, ќе му ја мислам.

Друга работа, ЕУ4 дизел со зафатнина од 3000ццм има данок околу 450 евра, која во комбинација со повисоко/поскапо осигурување, доаѓа до годишна сума од 1000-1200 евра само за регистрација.
Дизелот ако не го возиш повеќе од 30к километри на година (особено ако е постар дизел) е најчесто неисплатлива комбинација.

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34068
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #398 на: 11 Октомври 2017, 22:21:20 pm »
Ете, има ограничувања, и тоа добри, издржани, но тоа е многу, многу, многу далеку од „немој да правиш грешка дизел за земеш.“

Во моментов е не така далеку. Да не збориме за во иднина. Не ми е јасно дали од петни жили го браниш ставот или стварно не капираш?

Нормално. И јас сеуште го возам мојот ЕУ4 дизел. Како што одат работите, и во догледно време ќе продолжам да го возам. Кога ќе го забранат кај мене, ќе му ја мислам.

Друга работа, ЕУ4 дизел со зафатнина од 3000ццм има данок околу 450 евра, која во комбинација со повисоко/поскапо осигурување, доаѓа до годишна сума од 1000-1200 евра само за регистрација.
Дизелот ако не го возиш повеќе од 30к километри на година (особено ако е постар дизел) е најчесто неисплатлива комбинација.

Шкотска и Шведска веќе најавија забрана за дизел патнички возила од 2023-та година. Париз исто така најавија за од 2024-та.
Проблемот со дизелите го увидоа и најголемиот број од производителите на возила и најавија крај на дизел моторите во патничките возила од 2022-ра година ако не се лажам. Темпото може ќе успори, може ќе забрза, останува да видиме.

И секако, да не заборавиме, зошто најбитната лекција која се учи во школово Карклаб е чувањето на вредноста на возилата.
Да речеме во 2018-та купиш нов дизел, секоја година те чекаат повисоки давачки и еколошки такси и на повидок е забрана за користење во град во наредните 5-8 години. Што мислиш, што ќе се случува со вредноста на дизел возилата во 2024-та година на пример? Што ќе правиш тогаш со обсолетниот дизел и со помислата дека си можел да земеш на времето бензинец, хибрид или електрик?

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #399 на: 11 Октомври 2017, 22:27:36 pm »
Спаваш ли мирно @LosiPatista .?
edit: Према некои си статистики и документи струјата ќе треба да го замени и дизелот и бензинот.
« Последно менување: 11 Октомври 2017, 22:53:26 pm Tesla »
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34068
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #400 на: 11 Октомври 2017, 22:34:01 pm »
Спаваш ли мирно @LosiPatista .?
Не најдов на нет: Целта на уреата е да ги намали издувните гасови? и дали е скапо за надополнување?

Ќе има голем отпор, нема да оди тоа така лесно. Па ќе се одложува, па ќе се измислуваат приказни...
Како и да е, сега веќе со бензински мотори се надминува дизелот во загадување и економичност со помош на хибридни решенија МВС + Струја, па се постигнуваат и подобри резултати во просек.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #401 на: 11 Октомври 2017, 22:35:52 pm »
Ете, има ограничувања, и тоа добри, издржани, но тоа е многу, многу, многу далеку од „немој да правиш грешка дизел за земеш.“

Во моментов е не така далеку. Да не збориме за во иднина. Не ми е јасно дали од петни жили го браниш ставот или стварно не капираш?

Нормално. И јас сеуште го возам мојот ЕУ4 дизел. Како што одат работите, и во догледно време ќе продолжам да го возам. Кога ќе го забранат кај мене, ќе му ја мислам.

Друга работа, ЕУ4 дизел со зафатнина од 3000ццм има данок околу 450 евра, која во комбинација со повисоко/поскапо осигурување, доаѓа до годишна сума од 1000-1200 евра само за регистрација.
Дизелот ако не го возиш повеќе од 30к километри на година (особено ако е постар дизел) е најчесто неисплатлива комбинација.

Шкотска и Шведска веќе најавија забрана за дизел патнички возила од 2023-та година. Париз исто така најавија за од 2024-та.
Проблемот со дизелите го увидоа и најголемиот број од производителите на возила и најавија крај на дизел моторите во патничките возила од 2022-ра година ако не се лажам. Темпото може ќе успори, може ќе забрза, останува да видиме.

И секако, да не заборавиме, зошто најбитната лекција која се учи во школово Карклаб е чувањето на вредноста на возилата.
Да речеме во 2018-та купиш нов дизел, секоја година те чекаат повисоки давачки и еколошки такси и на повидок е забрана за користење во град во наредните 5-8 години. Што мислиш, што ќе се случува со вредноста на дизел возилата во 2024-та година на пример? Што ќе правиш тогаш со обсолетниот дизел и со помислата дека си можел да земеш на времето бензинец, хибрид или електрик?

Какви црни петни жили, само се обидувам да бидам објективен. Ете, човек што живее во Германија ти кажува дека во Германија (земја каде што ти не живееш) не е никаков проблем со понов дизел да се оди било каде.

За електрик за нормална, секојдневна употреба, имаат технологиите уште леб да јадат. Односно, лебот е смесен, еве почнува да стасува, и кај и да е ќе почне да биде биде јаден. Има време. Барем неколку години сме од тоа. Особено ние во не-Германија и не-Скандинавија.

За хибрид.. Мех. Хибрид е stepping stone. Нужно зло. Чекор кон целосна електрификација.

Бензинец.. Е супер, ама исто како што дизелите ќе отидат by way of the dodo, истото ќе се случи и со бензинците. Ќе се случи со моторите со внатрешно согорување тоа. Но јас го гледам изумирањето на бензинците и дизелите како симултан процес. Во ред, можеби дизелите ќе ги снема неколку години порано, но нејсе..

--

Треба да се направи разлика меѓу „ќе се забрани да се продава ново возило на дизел гориво“ и „ќе се забрани да се вози возило со дизел гориво“. Забрани како забрани имаат само 4 града глобално најавено. Еве, во Штутгарт нешто се крчка, ама и таму процесот е далеку од готов. Од друга страна, сите земји што најавија забрани за продавање на возила, најавија забрани за продавање на конвенционални возила со конвенционален мотор со внатрешно согорување, не само бензин или само дизел.

GM најави дека ќе одат all-electric, но не дадоа никаква конкретна дата. Потврдија две електрични возила за следната година и дури 18 електрични возила до 2023. Слични планови имаат сите, и иднината е несомнено електрична, но јас не гледам проблем некој да купи нов дизел денес и да го вози мање-више без проблеми следниве 10 години.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5011
  • The Spartan General
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #402 на: 11 Октомври 2017, 22:36:15 pm »
....

Миле, сме го правеле муабетот јас и ти и порано. Во Германија моментално авто-индустријата од петни жили се труди да го спаси дизелот како технологија која ќе продолжи да се користи и во иднината.


Сегашната продажба на дизели и дизел технологија е базирана на одлуки и бизнис модели од пред десетина години. Исто како што денес се планира, организира и дигитализира прозиводната лента и индустријата од 2025-2035. Производните ленти, испораката, транспортот, инфраструктурата која ја има развиено западната индустриска машинерија не може да работи со краткорочни решенија или нестабилна иднина. Ако некој може да ја спаси дизел технологијата, тоа е германската авто-индустрија и никој друг. Дали ќе успеат, не знам. Затоа што, дизелот како погонско гориво нема да исчезне.  Дизелот како погонско гориво во резервоарите на автомобилите, можеби ќе исчезне, а можеби не.

Едно е сигурно. Западниот свет, а посебно Швабо, не сака да губи пари. Особено не од автомобилите. Тука тие се светост. Од друга страна, сите овие одлуки кои се шират низ медиумите се на ниво на шпекулации и печалба на евтини политички поени. Никој од овие луѓе кои тресат од ракав “забрана за дизел“ немаат баш идеја какво влијание ќе имаат. Еколошките такси, и повисоките давачки не се забрана за дизел, туку популистички решенија за молзење пари. Со други зборови, ќе плаќаш повеќе за да загадуваш повеќе.

Но... овака лаички моја лична перспектива. Има еден доста интересен тренд, кој полека се забележува и на mobile.de. Голф 2.0 ТДИ најчесто е поевтин од Голф 1.4тси. Истото е и со Фокус 1.6ТДЦИ/2.0ТДЦИ во споредба со 1.6 ЕкоБууст. Исто Октавија 2.0тди вс 1.4/1.8/2.0ТСИ...

Како и да е, да сум во духот на темата. Моето следно возило ќе биде “најверојатно“ турбо бензин или ВАГинален Канцер Дизељ.  ;D ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #403 на: 11 Октомври 2017, 22:42:54 pm »
Јас само да се надоврзам - во муабет со инженер од BMW добив неофицијална информација дека баварците имаат планови за развој на мотори со внатрешно согорување до 2020 или 2025. Тука ќе го замрзнат развојот на овие мотори.

Не е дека ќе престанат да ги произведуваат и продават, него нема повеќе да инвестираат во нив, барем не во цивилните верзии. Секако ќе продолжат да се развиваат мотори со внатрешно согорување наменети за М-дивизијата, но веќе од следната генерација на М-колите предвидено е да има некаква опција за електрификација.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34068
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #404 на: 11 Октомври 2017, 22:47:13 pm »
Океј, и тоа што викаш. Можеби најавите се само алат за добивање на политички поени. Останува да видиме.
Доколку нешто драстично не се смени во позитивна смисла за дизелот, моето следно возило секако ќе гравитира према хибрид. Дизел секако е надвор од игра. Додека дојде тоа време очекувам да се појават доста попаметни технички решенија (уште сега ги има но нивната имплементација е трн во око на оние кои не молзат за пари) кои со гаранција ќе ја прегазат дизел технологијата (која не е баш погодна за downsizing). Така да се сомневам дека ќе има потреба од забрани, тоа на што му минало времето самото ќе го снема. Ова зборувам за 10-тина години од сега, да не се вознемири некој.