Автор Тема: Fiat Fiorino 1.3 mJet  (Прочитано 11392 пати)

Отсутен A4-B8

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
Одг: Fiat Fiorino 1.3 mJet
« Одговори #30 на: 25 Мај 2015, 22:43:21 pm »
Тоа малку има врска и начин и стил на возење....

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1384
Одг: Fiat Fiorino 1.3 mJet
« Одговори #31 на: 08 Јули 2016, 22:08:46 pm »
Здраво дечки, знам дека колава не ви е многу интересна во однос на тоа што се има по форумов, ама еве пошто стигна 100.000 км. редно е да напишам некој збор два.
Прво да ги набројам дефектите (ако може така да се каже) што се случиле до сега. Незнам кога што точно стана ама отприлика се е после 85.000. Откажа еден греач за нафта, се скина сајлата од бравата на малото вратиче позади, се расипа термометарот што мери надворешна температура меѓутоа изненада се поправи сам, и тоа е тоа у главном. +- сјалички од таблица, и два три пати Н4.
Општо колата е добра (пу пу пу), моторот мал, ама си брка работа. Прилично е тромаво на ниски вртежи да не речам мртво, ама над 2000рпм добро повлекува. Не почна да чади ни малку и сеуште работи како на почеток. Можеби се должи на тоа што редовно се вози на автопат па ваљда му годи. Дизел ставам само на Лукоил, не дека имам предрасуди туку така почнав и продолжив. Вкупна потрошувачка до сега (не по борд туку по математика од евиденција) излага рамно 6.  Материјали внатре што се употребени се солидни за ваков тип на возило, делува стегнато дури и на дупки. Замерка имам на штофот на седиштата, можеше да биде малку поквалитетен. Не дека се скинаа ама возачкото седиште се гледа малку излитено на бочната страна.
Тоа е тоа отприлика, не кажав за потрошниот материјал, до сега се сменети три пати предни плочки и два комплета гуми, едни зимски и едни летни. Моментално има Dunlop Streetresponse 2 кои што излегоа прилично шумни ама за другото се ок. И нормално сервисен интервал на 10.000 рамно.
Слики немам нови а и нема потреба зашто е исто како на почеток...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Fiorino 1.3 mJet
« Одговори #32 на: 08 Јули 2016, 22:40:09 pm »
Како да биде интересно, не си го спуштил, бандафче не си му стаил а богами и ремапче му фали :D

Баш супер што се држи добро после толку време, гледам скоро 4 години ќе направи, дури и нема многу километри за вакво возилце. Како е ламелата? Обично доста им е 100.000 на фиатовиве ламели :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1384
Одг: Fiat Fiorino 1.3 mJet
« Одговори #33 на: 08 Јули 2016, 22:53:51 pm »
Како да биде интересно, не си го спуштил, бандафче не си му стаил а богами и ремапче му фали :D

Баш супер што се држи добро после толку време, гледам скоро 4 години ќе направи, дури и нема многу километри за вакво возилце. Како е ламелата? Обично доста им е 100.000 на фиатовиве ламели :D

Во септември ќе пуни 3 години, односно ќе влезе у четврта. А ламелата покажува знаци на истрошеност, на тргање се осеќа малку ама далеку е од менување. А и да треба да се смени нема да ја сменам пошо ме фати инат, ќе биде оваа се додека тој што ја вози грото од времето не научи дека на угорница се стои со кочница а не со кумплуг а и на семафор нема потреба дур чека да иде по малку напред...

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8107
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Fiat Fiorino 1.3 mJet
« Одговори #34 на: 08 Јули 2016, 23:12:30 pm »
Убаво.

Туку мене за Делтата ме интересираше како се држи?
Ако може еден слично-проширен текст за нејзе во нејзината тема?

Благодарам.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Fiorino 1.3 mJet
« Одговори #35 на: 08 Јули 2016, 23:16:25 pm »
\
Во септември ќе пуни 3 години, односно ќе влезе у четврта.

Да бе, 2016 сме, стјупид ми. Ми се уврте во глава дека сме 2017 ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен TheHeatIsOn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 515
Одг: Fiat Fiorino 1.3 mJet
« Одговори #36 на: 09 Јули 2016, 01:53:18 am »
Se steluva kumplungot na 30,000 taka pisuva I vo owner Manuel, thermostat za temperatura nadvor ti smrznal, IMA po kruta amortizacija ama mn e jaka taman za nasi patista, dizelot e super za razlika od benzinot, jas imav Qubo 1,4 maki vidov, vnimavaj na menuvac zimno vreme znae da ukruti dosta. So 16 na bandaz I 205 ki gumi dobiva ogromna stabilnost.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1384
Одг: Fiat Fiorino 1.3 mJet
« Одговори #37 на: 14 Април 2020, 22:10:56 pm »
Викендот што измина, си го земав малку Фиориново у двор да го средам малку. Почна малку бучно да работи и го однесов на сервис минатата недела и го заменив ланецот. Се мењал као на 120.000 а ова има веќе 215.000. Сменив и стабилизатори. Сеа е џоа ново, и стварно моторот пак си преде. Често иде и на аутопут па црнила од издув и такви ствари незнае што се. Оверал recommend.





Бонус, пред и потоа



Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Fiorino 1.3 mJet
« Одговори #38 на: 14 Април 2020, 22:21:41 pm »
Како не, се мењал на 120.000.. На 120.000 се мења accessory belt, или по нашки ПК ремен. А не ланец. Ланец се мења кога ќе покаже дека му е време. (обично со звукче, ко кај тебе).
https://www.fiat-lancia.org.rs/Manuals/other/Nuovo%20Fiorino_-_Qubo/100017818.pdf


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Fiat Fiorino 1.3 mJet
« Одговори #39 на: 14 Април 2020, 22:46:59 pm »
Овој мотор нема ДПФ нели?

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5831
Одг: Fiat Fiorino 1.3 mJet
« Одговори #40 на: 14 Април 2020, 23:28:59 pm »
Нема ДПФ 55Kw,интересн фиат 😁

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: Fiat Fiorino 1.3 mJet
« Одговори #41 на: 15 Април 2020, 09:04:21 am »
Од аспект на практичност, прегледност... како си задоволен?
Вака симпатично изгледа.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1384
Одг: Fiat Fiorino 1.3 mJet
« Одговори #42 на: 19 Април 2020, 22:11:10 pm »
Од аспект на практичност, прегледност... како си задоволен?
Вака симпатично изгледа.

Реално повеќе може да се каже дека е кола одколку комбе. Ама за нашите потреби е одлично, транспорт на луѓе и алати, и понекоја забава кога го зимам јас. Лесно се вози и многу лесно се маневрира, имам чувство дека во место може да сврти назад. Има и добра прегледност (има и сензори позади). Како што реков погоре, од тоа што се бара од вакво возило, исполнува се. Во план сум да купам и уште едно ново мада во предвид сега ми доаѓа и Добло, а можеби и доста поскапото Кеди. Ќе видиме...

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Fiat Fiorino 1.3 mJet
« Одговори #43 на: 19 Април 2020, 22:53:17 pm »
Од аспект на практичност, прегледност... како си задоволен?
Вака симпатично изгледа.

Реално повеќе може да се каже дека е кола одколку комбе. Ама за нашите потреби е одлично, транспорт на луѓе и алати, и понекоја забава кога го зимам јас. Лесно се вози и многу лесно се маневрира, имам чувство дека во место може да сврти назад. Има и добра прегледност (има и сензори позади). Како што реков погоре, од тоа што се бара од вакво возило, исполнува се. Во план сум да купам и уште едно ново мада во предвид сега ми доаѓа и Добло, а можеби и доста поскапото Кеди. Ќе видиме...
На работа имавме вакво, редизајн, кукле од пикапче, мало брзо агилно, башка ова беше со кабина ништо не се слушаше од позади од фургонот, комотно во однос на звук ама малце незгодно и треба доста време док најдеш возачка позиција(како и секое пикапче со одделна кабина), имаше одлични светла односно осветлување, ден прави пред тебе, е сеа малце е тромо на старт поради турбинчето(има доста турбо лаг) али после лета, држи дури до рамки на дозволеното а да не ти летне возачката :)


Искрено за Добло незнам како би тегнело со 1.3 моторче, сепак е поголемо, кедито е е веќе друг муабет


Sent from my iPhone XS using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1104
Одг: Fiat Fiorino 1.3 mJet
« Одговори #44 на: 20 Април 2020, 10:41:40 am »
Ако сте за купување нешто за службени потреби, проверете во Dacia, има солидни понуди. Мислам дека другиве марки држат ноправдано високи цени за овие возила. Јас лично користам во фирма ford tourneo connect 2012 со 1.8 tci моторр, 90кс, до сега 299.000 км, ок е не чади, не троши уље, амортизерите ок, едино плаче за ламела, да помине коронава и ќе оди во сервис. Се думам да го мењавам и јас гледав понуди. Dacia-ва ми фати око.