Посвежо и поново пошо е понов модел,БМВ-то исто така е удобно.А тоа што кај нас се изнакупија кршови од Е39 тоа е друг муабет.
Онак,се тоа што го кажа е ок,но БМВ-то не заостанува зад Волво воопшто,дури е и подобро во некои сегменти,така да јас би избрал БМВ пред Волво.
ти праша за со Е39.. патем речено која година е Е39 точно? ова е 1998-ма, а последниот модел од ОВА ВОЛВО В70 е произведено во 2000-та, а Е39 е според вики: The BMW E39 is the BMW 5 Series made between 1995 and 2003... што значи Е39 е поново од ова волво...
а за тоа дали во некои сегменти е или не е подобро, дали е во се или ништо подобро, сепак во прашање се вкусови, пристрасност и свои погледи, затоа несакам да компарирам со ниедно друго возило, зашто ако мене ме прашаш мое мислење е дека Е39 ама баш во НИШТО не е подобро од волво иако е моделски понов од него... ама тоа се мои погледи и сваќања.. мои одлуки и мои гледишта и секако избори... не и твои...
инаку, он топик...
решив да средам и освежам се до крај на возилово, т.е. да го спремам за доооолго долго возење без да му се замарам. па така денес сменето е:
-филтер за масло
-филтер за воздух
-филтер за полен
-масло
-разводна капа
-палец
-свекици
-кабли
-глицерин
-АТФ во серво
-АТФ во мењач (само дел испуштен и надополнето)
-антифриз спремив ама не го сменив се чека на китот за промена на ребраст каиш што значи во следен близок период ке се смени и следново што веќе е нарачано и треба да стигне утре-задутре:
-кит за ребраст каиш (каишот, ролер, хидро затегач и водна пумпа)
-канален каиш
-плочки комплет
-антифриз
патем речено, денес си го префрлив озвучењето од Ш1 во Ш2, префрлен е и џпс-от а и камерата. се тоа фино намонтирано одпочеток и ке беше се супер да ги имав во раце да ги монтирам, а не прво да ги демонтирам. време зима бе мамата...
во некои од следниве денови и плинот ке го добие...
и морам да нагаласам уште нешто.. ова волво како и сите други не се НИШТО ПОСКАПИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ од било кое бмв или мерцедес од соодветната година-генерација... можете слободно да гледате цени по нет и да се уверите, наместо на празен желудник да ждригате бесмислени работи...