Автор Тема: Лер гас и работење на моторот прашање?  (Прочитано 16290 пати)

Отсутен Apostolski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Лер гас и работење на моторот прашање?
« на: 21 Септември 2013, 16:39:50 pm »
Вака на пунто хгт, кога е оладен моторот скроз, т.е пр. од сабалје ја палам колата и треба одма да дадам гас иначе  ми гасне и така негде неколку секудни треба да стискам на гаста да се стабилизира, коа е загреан моторот пали без никаков проблем, денес го сменив тоа делчето за лер гаста демек што било, па ќе видам сабалје најубаво како ке се испонаша.

Второ , пунто хгт е бензин 1.8 а бензин моторите треба да спијат коа работат, мојот се понаша слично како дизел да е, е сеа мојот мајстор т.е чичко ми вика дека тоа е нормално пошто е стара колата, 2000  г е,има 240к поминати, и вика да се среди тоа треба да се стават нови брегасти, чашки и што ти ја знам. Денес кога бев по делот за лер гаста, од мајсторот од кого го купив делот, рече дека колата не работи како што треба т.е како дизел, и проблемот бил до варијаторот.

Па некој поискусен да ме просветли малце, да знам што да правам околу "проблем"?  и која теза на мајсорите е поточна, чичко ми работи 30 год рено коли, па не гледам  причина да не е во право или да не се разбира околу ова, но не велам дека може не е у право, сепак сакам да слушнам мислење од вас, и да ми препорачате негде кај да отиде да напраам испитување околу ова...

« Последно менување: 21 Септември 2013, 19:40:03 pm Apostolski »

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: Лер гас и работење на моторот прашање?
« Одговори #1 на: 21 Септември 2013, 21:41:03 pm »
нешто не е во ред со моторот чим работи вака, што значи не е нормално кола со 240 000 да работи ко дизел, за споредба колата на татко ми има поминато 700 000 и моторот спие :)
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Лер гас и работење на моторот прашање?
« Одговори #2 на: 21 Септември 2013, 21:51:53 pm »
Колата еволуирала во дизел.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Apostolski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Лер гас и работење на моторот прашање?
« Одговори #3 на: 21 Септември 2013, 21:59:27 pm »
значи нема никаков проблем, додека возиш, се си е најнормално, едино звукот што го вади моторот, додека е у лер, у вожња мн моќно изгледа хаха

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Лер гас и работење на моторот прашање?
« Одговори #4 на: 21 Септември 2013, 22:17:26 pm »
а кога последен пат си менувал филтри, улје, каиши, цревца. да не си прескокнал некој сервис случајно пошо нели тие се прават на одредена километража.

башка да не треба и ремонт да се прави или кариките да не се изедени. све бива. сепак треба да ја види некој мајстор шо се разбира и преку форум овие работи не се решаваат.
Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Лер гас и работење на моторот прашање?
« Одговори #5 на: 21 Септември 2013, 22:42:25 pm »
vidi ventilite vo koe stanje ti se, i automatskiot sauh ako e automatski. Isto proveri gi okolnite elementi okolu ventilite i sauhot.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Лер гас и работење на моторот прашање?
« Одговори #6 на: 21 Септември 2013, 22:51:56 pm »
Пумпата за масло да не нема доволно притисок па додека е ладно маслото да не успева да го качи кај брегастата...

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Лер гас и работење на моторот прашање?
« Одговори #7 на: 21 Септември 2013, 23:28:57 pm »
moze i toa da e, ama gledas i topla raboti kako diesel... valjda go ima navreme masloto meneto sose filter.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Лер гас и работење на моторот прашање?
« Одговори #8 на: 21 Септември 2013, 23:29:30 pm »
Не звучи воопшто убаво моторот мислам дека отворање не ти бега...може грешам

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Лер гас и работење на моторот прашање?
« Одговори #9 на: 22 Септември 2013, 00:04:15 am »
Варијатор. Скрос сјебан! Ако звукот доаѓа од левата страна горе, тогаш е тоа, нема промашај! Кога работи над 3000-4000 вртежи моторот подобро работи?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Apostolski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Лер гас и работење на моторот прашање?
« Одговори #10 на: 22 Септември 2013, 00:04:56 am »
во мај правев сервис, сменети беа кариките, гумици на вентили ,летечи лагери, и масло. е сеа што е нз ете тој денес фиат мајсотор рече дека било до некој варијатор а што е тоа поима неам..

Отсутен Apostolski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Лер гас и работење на моторот прашање?
« Одговори #11 на: 22 Септември 2013, 00:06:19 am »
Варијатор. Скрос сјебан! Ако звукот доаѓа од левата страна горе, тогаш е тоа, нема промашај! Кога работи над 3000-4000 вртежи моторот подобро работи?
па да мислам не сусм приметил ама да, пошо само у лер коа е така се понаша, и како што реков коа се вози не се приметува се е најнормално и спие моторот

пс што е тоа варијатор и има ли мн процедура за мењање и колку кошта и сл

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Лер гас и работење на моторот прашање?
« Одговори #12 на: 22 Септември 2013, 00:10:39 am »
Варијаторот на усисната брегаста ја менува фазата (аголот) на брегастата при одредени режими на работа за да се постигне поголем момент. Тој дел не функционира како што треба. Провобитно „дизелскиов“ звук ти се јавувал на палење и тоа претежно на топла кола. На ладна може и да не си го приметил, потоа се` почесто, и на секое палење, за на крај да почне тракторски да ти работи - ко` дизел. Пробај прво смени го маслото. Стави 10w-60 (Selenia, а ако ти е скапа, пробај го liqui molly, или Petronas race x1). Кога ќе наточиш масло, гледај да ти биде до горна граница на шипката (може и 1mm над, ама не повеќе). Ако состојбата не се поправи со маслото, тогаш спреми си 120-130е за варијатор и + за мајстор што ќе ти отвори глава и смени варијатор (и има алат за да ти ги намести ко што треба брегастите).

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Лер гас и работење на моторот прашање?
« Одговори #13 на: 22 Септември 2013, 01:08:51 am »
Варијаторот на усисната брегаста ја менува фазата (аголот) на брегастата при одредени режими на работа за да се постигне поголем момент. Тој дел не функционира како што треба. Провобитно „дизелскиов“ звук ти се јавувал на палење и тоа претежно на топла кола. На ладна може и да не си го приметил, потоа се` почесто, и на секое палење, за на крај да почне тракторски да ти работи - ко` дизел. Пробај прво смени го маслото. Стави 10w-60 (Selenia, а ако ти е скапа, пробај го liqui molly, или Petronas race x1). Кога ќе наточиш масло, гледај да ти биде до горна граница на шипката (може и 1mm над, ама не повеќе). Ако состојбата не се поправи со маслото, тогаш спреми си 120-130е за варијатор и + за мајстор што ќе ти отвори глава и смени варијатор (и има алат за да ти ги намести ко што треба брегастите).

ова сакав и јас да го кажам.... само ке надополнам дека и двата мајстори биле во право... едниот вика варијаторот а другиот вика дека му тропало на брегаста т.е. чашките од вентилите... потполно во право биле и двајцата...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Лер гас и работење на моторот прашање?
« Одговори #14 на: 22 Септември 2013, 03:49:36 am »
Inaku kako shto znam toj ti upravuva so ventilite, t.e. gi otvara pobrzo/posporo vo zavisnost od obrtaite i optovarenosta...