Автор Тема: ГМО  (Прочитано 408526 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1860 на: 20 Август 2015, 17:32:36 pm »

Така е @vlatko.klp, немој ни да се обидеш да го образложиш тоа што (неосновано) го тврдиш. Рекла казала е...
==-->  натаму.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1861 на: 20 Август 2015, 18:04:02 pm »
Безбедноста од резултатите на модификации преку хоризонтален трансфер на гени (читај: генетски инжинеринг), не може да се поистовети со безбедноста од модификации преку вертикален трансфер. Едноставно не може.

И никогаш, ниту ти, ниту некој друг, не дал одговор на прашањето „зошто?“.

Без разлика колку и да се повторува, лагата е лага. Барем така е за тие што се кадарни за размислување, но за тие што не размислуваат можно е и тоа дека доволно повторуваната лага станува „вистина“.

Иронијата е опиплива.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1862 на: 20 Август 2015, 18:20:22 pm »
Иронијата е опиплива.

О да. Посебно ако иронијата е во облик на ирон... ахем, железен тег од 16 тони. Кој паѓа врз рандом тролови кои верглаат бирократски фазони. Според таа бирокрастска индустриска пропаганда ГМО е безбедно се додека изричито не се докаже за небезбедно, а самото докажување е оневозможено со милион бирократски регулативи и разни други сопки.



Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: ГМО
« Одговори #1863 на: 20 Август 2015, 18:22:48 pm »
Безбедноста од резултатите на модификации преку хоризонтален трансфер на гени (читај: генетски инжинеринг), не може да се поистовети со безбедноста од модификации преку вертикален трансфер. Едноставно не може.

Ван може да ми го објасниш ова зошто? Или како да побарам по нет?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1864 на: 20 Август 2015, 18:25:41 pm »
Баче милион пати пишувавме за хоризонтален трансфер наспроти вертикален трансфер на гени. Ама нема проблем, ќе објаснам пак (или да не се повторувам, ќе пребарам наназад на темава) подоцна кога ќе дојдам дома. Или па кажи на кое ниво на сложеност сакаш да ти посочам надворешни материјали?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #1865 на: 20 Август 2015, 18:36:05 pm »
Грешка си Ван. Што друго и да ти посочам џабе е :)

With all due respect (пошто те респектирам тебе како личност, имаш право на сопствено искажување и убедување) не е грешка и е сосем во право со следнава реченица:

Естаблишментот за „научен консенсуз“ смета само тоа што се совпаѓа со неговите потреби, другите научници кои не се согласуваат - се шиканираат и лично се напаѓаат.

Ова е апсолутно точно. Докази имаш на секој чекор, за различни индустрии, за политички прашања, за комерцијални прашања. Значи очи ќе ти извадат доказите. Истото тоа го правела и црквата со „научниот консензус“, истото тоа го прави секоја диктаторска политика во светот. Истото тоа го прави и ГМО индустријата, со таа разлика што на тоа поле јас ниту го оспорувам нивното тврдење, ниту го отфрлам, едноставно не сум ќорава овца која дозволува да и се раскажуваат прикаски за мали деца и да и пикаат во уста ветувања (!!ВЕТУВАЊА!!) за здрава безбедна (повеќе или помалку или поима немаме колку/дали) храна.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: ГМО
« Одговори #1866 на: 20 Август 2015, 18:53:30 pm »
Баче милион пати пишувавме за хоризонтален трансфер наспроти вертикален трансфер на гени. Ама нема проблем, ќе објаснам пак (или да не се повторувам, ќе пребарам наназад на темава) подоцна кога ќе дојдам дома. Или па кажи на кое ниво на сложеност сакаш да ти посочам надворешни материјали?

На лаичко ниво еве да речеме, не сакам да навлегувам толку. Ме интересира кои се опасностите, претпоставував дека имаш пишано некаде ама премногу страни има темава и не ја следам баш.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: ГМО
« Одговори #1867 на: 20 Август 2015, 19:01:39 pm »
Во научни истражувања нема место за политика, освен нормално во главата на Ван и на уште неколку таленти. Сфати го тоа Миле.

Те замолувам пронајди кога можеш неколку научни истражувања, прочитај го заклучокот и види си самиот. Страници наназад Ван гордо се чаталеше со еден таков пример но за жал после мое читање на истото, тоа што го имплицираше Ван како гмо е несигурно итн. е всушност една голема лага. Од аргумент си направи контра-аргумент. Во самиот текст јасно пишува се освен она што слепо го тврдеше Ван. 

Личните мислења, перцепции се оставаат на страна кога се разговара за гмо од научен, а гмо од политички или маркетинг (бизнис) аспект можеме да пишуваме во рекла казала и да се правиме експерти.
 

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1868 на: 20 Август 2015, 19:17:45 pm »
Во научни истражувања нема место за политика

Aхахаха-хахаха-хахахахааааа....

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: ГМО
« Одговори #1869 на: 20 Август 2015, 19:19:32 pm »
Фала курцу. Самиот си се закопа. Ај иди трк до продавница сеа и купи органска тиква.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1870 на: 20 Август 2015, 21:45:49 pm »
^^
Зарем е можно некој да е толку наивен?  :D
Всушност и не толку чудно, многу ве има - па од каде толку волна, ако нема овци за шишање... Само сепак секогаш одново се вчудоневидувам како е можно да има толку многу наивни луѓе.



На лаичко ниво еве да речеме, не сакам да навлегувам толку. Ме интересира кои се опасностите, претпоставував дека имаш пишано некаде ама премногу страни има темава и не ја следам баш.

Пред се, пред да се разговара за опасностите и за да се разберат истите - мора да се прави разлика меѓу методите. Вертикален трансфер на гени е метод кој човекот го употребува од памтивек. Се нарекува вертикален затоа што гените се пренесуваат од родител на потомство... вертикално надолу. Модификацијата се извршува така што се избираат кои примероци ќе имаат потомство, на пример ако се работи за овци - ако за размножување се бираат тие овци кои даваат најмногу млеко, после повеќе генерации ќе се добијат овци кои даваат повеќе млеко.
Гуглај генетска селекција за повеќе информации за методот со вертикален трансфер на гени кој го употребува човекот. Или гуглај за природната селекција, за природниот процес на еволуција на организмите. И во двата се работи за процес/метод на вертикален трансфер на гени.

Хоризонтален трансфер на гени, е метод со кој размената на генетски материјал се одвива помеѓу целосно различни организми. На пример меѓу патлиџан и риба. Тоа е можно само преку генетски инжинеринг, кога со генетски сплајсинг директно се манупулира ДНК спиралата на „домаќинскиот“ организам преку вадење на делови и нивно менување со делови од ДНК спиралата на организмот кој поседува некои посакувани карактеристики.

Разликата помеѓу тие два метода е огромна. Вертикален трансфер на гени се одвива природно од почетокот на животот и сето тоа (очигледно) функционира. Хоризонтален трансфер на гени, е нешто сосема ново, и засега едноставно науката сеуште не ги знае ни одблиску сите аспекти на генетиката - надмено и претенциозно е да се претпостави дека целата работа е само „плукни залепи“, зошто којзнае какви се генетски информации не се пренесуваат, покрај тие посакуваните.
Најпосле работата е опасна не најмалку и затоа што добиениот организам е сосема нов организам, кој кога е внесен како храна, нашиот сопствен организам не го препознава како позната материја и често реагира со зголемена и непотребна(?) активност на имуниот систем - нешто што често и докажано предизвикува автоимуни болести.


Генетиката е сеуште нова наука, и надмено е да се претпоставува дека ги знаеме сите одговори.
Затоа кога прашуваш кои се опасностите од исхрана со ГМО, едноставен и искрен одговор не е можен. Но постојат научни студии кои покажуваат дека навистина се извесни автоимуни болести, а како последици од нив и разни компликации (разни канцери се само некои од можностите). Се работи за студии за кои имаме пишувано наназад на темава, на пример студиите на Пузтај, Сералини, други... Потоа разни студии за штетноста на хербицидите кои доаѓаат заедно со ГМ посевите (нема толку пестициди, ама затоа има огромни количини хербициди), итн, итн.

Заедничко за сите овие студии е тоа што нивните автори по објавувањето се мета на лични напади, блатантен ад хоминем врз нивните личности.
„Научниот консенсуз“ ги одбива сите докази кои одат на штета на интересите на индустријата. Се поставуваат бројни бирократски сопки. Како на пример студијата со глувците кои биле хранети со ГМО компир, демек не биле одбрани соодветни глувци (?), демек диетата не им била доволно разновидна (демек ГМО е побезбедно ако се јаде во помали проценти од вкупната исхрана), и така натаму милион разни други бирократски пречки за таквите студии да се отфрлат - иако се изведувани според научен метод, нивниот проблем е што одат против интересите на ГМО индустријата.
Во исто време, студиите кои се прифаќаат (и патем, кажуваат дека ГМО се безбедни за исхрана) се одвиваат по многу поприфатливи услови - на пример се прифаќаат студии за исхрана со одреден ГМ посев која трае два три месеци, а се знае дека опасноста е во долгорочните последици (зборуваме за години, а не месеци). Естаблишментот ги контролира механизмите за поставување на правилата и со тоа, механизмите за процена на научните студии. Со тоа е затворен кругот (така)наречен „научен консенсуз“.


Заклучокот е тој дека на ова ниво на развојот на генетиката, никако не можеме да знаеме какви се ќе бидат последиците од човечка исхрана со ГМО. Наспроти тоа убедувањата од индустријата се дека ГМО се безбедни, но реалноста е дека никој не може да го знае тоа и таквите тврдења се недокажани, претенциозни и неодговорни. Најпосле целта на индустријата е профитот, не здравјето на човечката популација.

Сето ова е еден огромен експеримент, во кој учествува целото човештво - и (повеќето) не по сопствен избор.
Паметен човек, нема да го ризикува сопственото и здравјето на блиските. Секако не на верба и на збор на индустријата која безброј пати до сега е докажано дека е бескрупулозна, коруптирачка, и дека нешто за што најмалку се грижи - е здравјето на луѓето. Добар пример (од многуте) е примерот со пестицидот ДДТ, за кој индустријата не убедуваше дека е целосно безбеден за луѓето - нешто што подоцна беше докажано за лажно и неточно, но во меѓувреме индустријата заработи цело богатство на сметка на страдањата на неброени луѓе.

Најпосле, професорот Сузуки сето ова го кажува многу елоквентно и лесно за разбирање. Секако подобро од мене, одвои 15тина минути колку што трае делот за ГМО, и послушај го:
https://youtu.be/1hKdmQMVJ70?t=2094
« Последно менување: 20 Август 2015, 21:53:22 pm Van »

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: ГМО
« Одговори #1871 на: 20 Август 2015, 23:37:01 pm »
Интересни поенти искажува проф. Сузуки. Значи сепак останува само да помине време за да видиме дали има големи негативни последици од ГМО на луѓе?
« Последно менување: 20 Август 2015, 23:46:25 pm DarthJe5us »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #1872 на: 21 Август 2015, 00:26:31 am »
Во научни истражувања нема место за политика

Дал да плачам ил да пеам, твојот лик не ми кажува.....



Јас би се убил ;D
Уште требало да сфатам.,...

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1873 на: 21 Август 2015, 01:13:44 am »
Не, не. Ова е поприкладно!




Значи сепак останува само да помине време за да видиме дали има големи негативни последици од ГМО на луѓе?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: ГМО
« Одговори #1874 на: 21 Август 2015, 01:28:04 am »
Не, сериозно прашање беше. Ете тоа со глувците така се покажало, но има ли нешто што се покажало кај луѓе?