Автор Тема: ГМО  (Прочитано 417440 пати)

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #1710 на: 23 Април 2015, 11:34:35 am »
@onak

Да, здрава е. Не е опасна. Осганизмот ќе биде ист. Ни повесел, ни потажен.

т.е. постојат ГМО сорти кои се создадени да бидат поздрави од конвенционалните, но или сеуште не се одобрени или не се широко распространети.

Сеуште никој не создал ГМО чија цел била да биде поштетно или со полош вкус од сортата која ја зеле како основа за модификацијата. (Која би била целта на тоа?)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
Одг: ГМО
« Одговори #1711 на: 23 Април 2015, 11:41:58 am »
Ван, кој вика дека ГМО се безбедни?! Лажна пропаганда кој што само ти единствено ја креираш на форумов. Но такво просто класифицирање на ГМО е безбедно или НЕ-ГМО е безбедно е маалски муабет и ништо повеќе. Има толку многу варијабли тука може до утре да зборуваме. Или на пример читање книга е здраво. Епа здраво е ама ако читам цел ден не е здраво по очите. (повторно маалски муабет без никаква цел).

Оттаму и твојот муабет за некаква си безбедност едноставно не е предмет на дискусија зошто целта е нејасна поради немањето никакви конкретни докази во научниот свет.

И како убаво си пишува.  The International Agency for Research on Cancer (IARC), the specialized cancer agency of the World Health Organization. Значи оваа агенција работи за СЗО? Да. И што велат тие?
“IARC has classified numerous everyday items in Category 2 including coffee, cell phones, aloe vera extract and pickled vegetables, as well as professions such as a barber and fry cook.” Епа еве на листава додади го и хербицидот. Ништо спорно. Твојата лажна пропаганда и смешки како чаша роундап се навистина трагикомични.

Тоа што зејтинот, кафето, телефоните, алое вера и други се ставени во иста категорија со хебрицидот не е спуштање ниво на дискусија туку факти донесено врз основа на научни истражувања. Значи, овој хербицид е во иста категорија со кафе, туршија, алое вера итн. Самото ставање во иста категорија со гореспоменатите продукти ти дава до знаење всушност колку многу се крева фама во медиумите, а нема потреба за тоа!

И тоа не ти дава право да донесуваш лажни заклучоци дека роундап предизвикува рак. Зборчето потенцијално го забораваш а всушност тоа е целата разлика помеѓу твоите лаги и вистината. Да се бореше и да беше волку гласен на пример да не се конзумира кафе поради тоа што предизвикува рак да те разбирам, или па веднаш да се престане со производството на туршија, ама вака од далеку се гледа дека не си човек кој што реални гледа на работите.

И уште еднаш за останатите. Овој хебрицид конкретно што е сега во категорија 2 ставен, се користи исто така и во посеви што не се со ГМО семе. Затоа темата може да има и друго име за да ги опфати овие работи што ги дискутираме.

Друга работа во контекст на последната студија од СЗО.  
Цитат
Group 2 B means that the agent is possibly carcinogenic to humans.A categorization in Group 2B often means that there is convincing evidence that the agent causes cancer in experimental animals but little or no information about whether it causes cancer in humans

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1712 на: 23 Април 2015, 11:47:09 am »
дали ГМО е здрава храна, може човек да ја јаде или опасна е? и дали со јадење на ГМО мојот организам ке биде “по весел“ или не...

без да објаснувате зашто и како... само краток одговор со да и не што се вика...

Таков краток одговор, како што сме објасниле неколку пати, е невозможен.

За да разбереш зошто е невозможен, пробај да одговориш на ова прашање: дали не-ГМО е здрава храна, може човек да ја јаде или опасна е?

На ова прашње не е возможно да се одговори со „да“ или „не“ затоа што постојат природни ствари кои се здрави за јадење, но има и такви кои не се здрави. Всушност, огромното мнозинство природни, не-гмо нешта во флората и фауната не само што не се здрави туку се и отровни.

Она што го трубиме тука не е дека „гмо е здраво“, туку дека „дали е здраво или не зависи од други работи, а не од тоа дали е гмо или не“. ГМО храната има подеднаков потенцијал да биде здрава или нездрава како и  не-ГМО храната.

А со оглед на тоа што ГМО се прави намерно, со цел, и контролата на крајниот продукт е далеку поголема отколку кај другите начини на создавање нови видови, веројатноста ГМО да е нездраво е ваљда помала отколку кај „природните“ не-ГМО продукти. Освен, се разбира, ако веруваш во теории на заговор и дека сакаат намерно да не сотрат. Тогаш ГМО е голема закана за човештвото.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #1713 на: 23 Април 2015, 11:56:42 am »
Таков краток одговор, како што сме објасниле неколку пати, е невозможен.

Возможен е. Нема потреба од комплицирање. Секоја ГМО сорта што стигнала на пазарот, прво поминува низ долготраен темелен процес за одобрување. Штом го минала, ОК е. Крај на приказната.

Ако не им веруваш на оние кои го одобриле, тогаш не треба да им веруваш ни за секојдневните тестирања што ги вршат за не-ГМО храната што ја јадеме.

Ако не им веруваш на докторите кога ти препорачуваат вакцини, не треба да им веруваш ни кога треба да ти се прави операција. Ќе си викнеш некоја билкарка неповрзана со корпорациите и ќе бараш од неа да те излечи.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1714 на: 23 Април 2015, 12:02:14 pm »
Таков краток одговор, како што сме објасниле неколку пати, е невозможен.

Возможен е. Нема потреба од комплицирање. Секоја ГМО сорта што стигнала на пазарот, прво поминува низ долготраен темелен процес за одобрување. Штом го минала, ОК е. Крај на приказната.

Но, „одобрена храна“ не значи и „здрава храна“. И чипс и кокакола и месни нарезак се одобрени, па не би ги нарекол „здрава храна“. Ако ги консумираш понекогаш - ок. Ако се товеш со нив - ќе наебеш.

Онака како што е поставено прашањето („Дали ГМО е здрава храна“) не е возможно да се одговори со „да“ или „не“.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #1715 на: 23 Април 2015, 12:08:32 pm »
Човекот бараше краток одговор, како и најголем дел од луѓето.

Чипсот направен од ГМО компир, не е поштетен од чипсот направен од обичен компир по ист рецепт.

Се подразбира на што се мисли кога ќе се праша дали ГМО е здраво.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
Одг: ГМО
« Одговори #1716 на: 23 Април 2015, 12:13:24 pm »
Васил јас сметам дека не е возможен таков одговор од аспект на.... дали возење точак е здраво? Да здраво е ама возење точак доведува до потенцијален риск за рак на тестити. Но храна како храна дали било гмо или не-гмо семе каде што далеку побитно е на пример колку храна се конзумира количински. Класификацијата не е важна ако било кој вид на храна се конзумира многу и доведува до зголемена телесна тежина и зголемен риск да добиеш срцев удар на пример. Али нормално, секое гмо што е на пазарот е одобрено и сите процедури при самиот процес на одгледување се запазени е исто како не-гмо.

Како што и го дадов примерот со нашите земјоделци (НЕ-ГМО) одледувале краставици за извоз во Хрватска ги фатиле со 10 пати повеќе пестициди. Тоа ти е класичен пример на штетност по здравјето од огромни размери. Ама тоа беше актуелно 2-3 дена и толку, се заборави. А да беше на пример ГМО краставицата, Ван тука ќе пишуваше 24/7. Единствено логично дискутирање во врска со ГМО за мене е колку тоа всушност допринесува за доброто на човештвото односно од колкави размери станува збор, и каде го гледаме ГМО во блиската иднина.

Самата класификација гмо не-гмо е само маркетинг и начин за профит од страна на медиумите. А придобивките, зголемениот род, помалку болести при одгледување, безбедноста и ред други работи не се важни, зошто рајата ја интересира само некакви breaking news.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #1717 на: 23 Април 2015, 12:19:39 pm »
Дали возење точак со сајли за кочници на кои им се покриени краевите (за да не се разлистуваат), создава поголем ризик за проблеми со репродуктивните органи?

Тоа сака да знае народот. Безбедбноста на чипсот е одвоено прашање.

Едит: Одличен ти беше примерот со краставиците. Прочитав за нешто слично пред некоја година, ама не можев да ја најдам веста.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1718 на: 23 Април 2015, 12:21:45 pm »
Чипсот направен од ГМО компир, не е поштетен од чипсот направен од обичен компир по ист рецепт.

Апсолутно.

Дали возење точак со сајли за кочници на кои им се покриени краевите (за да не се разлистуваат), создава поголем ризик за проблеми со репродуктивните органи?

Имам подобра аналогија: дали возење точак марка Унис на кој е монтиран ланец од точак марка Партизан создава поголем ризик за проблеми со тестиси.

Отсутен TheForce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 546
Одг: ГМО
« Одговори #1719 на: 23 Април 2015, 12:35:06 pm »
Calm your tits

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #1720 на: 23 Април 2015, 12:36:39 pm »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
Одг: ГМО
« Одговори #1721 на: 23 Април 2015, 12:48:55 pm »
Дали возење точак со сајли за кочници на кои им се покриени краевите (за да не се разлистуваат), создава поголем ризик за проблеми со репродуктивните органи?

Тоа сака да знае народот. Безбедбноста на чипсот е одвоено прашање.

Едит: Одличен ти беше примерот со краставиците. Прочитав за нешто слично пред некоја година, ама не можев да ја најдам веста.
Тие компании што користат сајли за кочници на кои им се покриени краевите за да не се разлистуваат треба веднаш да престанат со производство и во истиот момент да започнат научно истражување кое што ќе гласи.

Долгорочните последици од користење на сајли за кочници по здравјето на човештвото

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1722 на: 23 Април 2015, 15:12:49 pm »
...

може ли еден кус заклучок во 2-3 реда максимум напишан за нас неупатените...

дали ГМО е здрава храна, може човек да ја јаде или опасна е? и дали со јадење на ГМО мојот организам ке биде “по весел“ или не...

без да објаснувате зашто и како... само краток одговор со да и не што се вика...

Епа не знаеме. Со сигурност - не знаеме.
И во тоа е проблемот, што не знаеме.


Тоа би ти бил краткиот одговор, и уште поважно - искрен одговор.
Но реалноста е дека не постои краток и едноставен одговор за ова прашање. Тие што велат дека ГМО се безбедни, лажат. Ваљда пошто ги лажеле и нив, како што велеше (пееше) Џорџе Балашевич.
Дури и тие што велат дека со сигурност ГМО се штетни, и тие не можат да бидат 100% сигурни - едноставно затоа засега немаме одговор на тоа прашање. Нема ни да имаме одговор се додека не се спроведат соодветни истражувања за долгорочните последици.
А зошто упорно не се прават такви испитувања -  епа размисли сам (кој ќарува кога работите се матни).

Најпосле, нели би било барем фер ДА СЕ ИМА ПРАВО НА ИЗБОР?
Ако ГМО се обележува на секој производ, ќе можеш да одбереш за себе и за своите. А разните љубители на ГМО храната, ним секако никој нема да им забрани да навалат и да се хранат исклучиво со ГМО. Така барем никој нема да може да им поттури храна од не-ГМО!   ;)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1723 на: 23 Април 2015, 15:25:06 pm »
...

може ли еден кус заклучок во 2-3 реда максимум напишан за нас неупатените...

дали ГМО е здрава храна, може човек да ја јаде или опасна е? и дали со јадење на ГМО мојот организам ке биде “по весел“ или не...

без да објаснувате зашто и како... само краток одговор со да и не што се вика...

Епа не знаеме. Со сигурност - не знаеме.
И во тоа е проблемот, што не знаеме.

Со сигурност не знаеме за безбедноста ниту за гмо ниту за негмо храната подеднакво.

Кај ГМО храната нема поголема доза на несигурност отколку кај неГМО храната.

Ако заради таа несигурност треба да се обележува ГМО храната, тогаш треба од истите причини да се обележува и неГМО хранта. Значи, треба сите продукти, и ГМО и неГМо да бидат означени. Затоа, сама идејата за означување на ГМО храната е многу глупава и е производ на суеверие, неразбирање, незнаење и параноја.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34146
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #1724 на: 23 Април 2015, 15:33:07 pm »
Со сигурност не знаеме за безбедноста ниту за гмо ниту за негмо храната подеднакво.

Кај ГМО храната нема поголема доза на несигурност отколку кај неГМО храната.

Ами видиш, тоа е сосем неточно.
Знаеме дека јадењето на соја спречува пролив и истата се користи карикирам 5000 години како лек.
ГМ сојата претпоставуваме, односно знаеме (пошто нели, соја е соја) дека исто може да спречи пролив, но тоа го знаеме само 5 години наместо 5000 години (пошто карикирам, 5 години има откако сме измислиле ГМ соја).

Аналогно на тоа, кај ГМ храната ИМА поголема доза на несигурност, односно во никој случај не знаеме за двете ПОДЕДНАКВО.