Oк Миле, фер и коректно кажано.
Мене можат да не ми се допаѓаат некои работи во кажаното, ама како да се лутам (или како што велиш, жестоко да реагирам) кога тоа што си го напишал е чесно и пред се... искрено.
Тоа е тоа, немаат сите време (или можеби желба) подлабоко да навлегуваат во проблематикава. За мене, тоа и не е најголемиот проблем - мислам дека е многу важно е да се остави умот во отворен и истражувачки мод и ништо да не се зема здраво за готово. Некогаш ќе имаш повеќе време, или желба, или ќе налеташ на нешто што е исклучително интересно или елоквентно напишано и докажано - и тогаш ќе имаш шанса да пополниш нови празнини во знаењето. Отворен ум!

Но морам да нагласам дека ич не ми се доаѓа што ме споредуваш со филипв.
Проблемот не е толку монументалниот јаз во знаењето меѓу нас двајца, проблемот е неговиот карактер и начинот на пристап кон дискусијата (и соговорникот).
Колку и да на некои не им се допаѓа мојот начин на изразување - мене никогаш нема да можеш да ме обвиниш дека тенденциозно игнорирам важни моменти и делови во дискусијата, дека игнорирам валидни докази кои одат во корист на противникот во дискусијата.
Но игнорирањето на делови во дискусијата (и цели постови) и секако игнорирање на доказите, тоа е филипв објаснет. Ете прееска од брзање да се конфронтира не успеал ни да види дека има цели три линка каде е хостирана научната студија од Хозе Делгадо - ама сепак побрза да обвини дека намерно не ја давам студијата и дека само абстрактот го злоупотребувам. Потоа тој легендарниот пост кога за неколку десетици секунди одговара на поголемичок пост (дап, и куцањето на репликата е вклучено во тоа време). Да не замарам понатаму со анегдоти,
АДД синдромот на филипв веќе и лаик би требало да може да го види.
Затоа не ми се доаѓа што ме споредуваш со филипв, јас сите посочени текстови, видеа, линкови, итн, сериозно ги третирам, и детално ги проследувам пред воопшто да почнам да реплицирам, и тоа само ако најдам дека не се согласувам со посоченото. За контраст, филипв веќе почнал да реплицира после првите 2-3 збора - кои когнитивно ги препознал додека погледот му се придвижил надолу кон прозорот за реплицирање. Од тие 2-3 збора тој потоа си креира некоја своја конструкција во главата негова (празна), и понатаму во репликата си коментира исклучиво за сопствената конструкција. Ете тоа е филипв објаснет.
Мојот дел од кривицата (за досадните преписки) е што филипв воопшто го третирам како некој што заслужува да му се помогне да научи нешто. Извесно тоа секогаш ми се враќа да ме удри по глава, и не случајно се чуствувам поглуп после секој муабет со филипв.

Шо убаво објасни миле. Особено точката број 1 која што со сигурност тврдам дека важи за ван, а и за сите нас останати на форумов. Алу пуста тврдоглавост си го прави своето.
Ти бачка си нешто како нинџа постер - ќе се појавиш, ќе напишеш нешто, ќе те снема и никако не реагираш на репликата иако некој се потрудил да ти објасни што не разбираш и што ти е грешка во тоа што си напишал.

Во врска со ова што си напишал, секако дека точката 1 (од Миле) важи и за мене. Таа важи за сите, дури и за најголемите научни умови. Како што велат, секогаш е најважно да знаеш колку не знаеш. Јас имам добра претстава колку не знам (многу), ама имам уште подобра претстава колку не знаете повеќето од вас на темава.
Него кога сме кај научните умови, ти минатиот пат ме обвини дека пишувам мислења без да приложам докази (во облик на peer-reviewed научни студии) - тогаш во неколку реплики ти ги посочив истражувањата на почитуваниот Д-р Арапад Пузтај. На жалост тебе „те снема„ и не ми одговори што мислиш за тие ДОКАЗИ. Можеби не си ги видел репликите?
Нејсе, можеби не ти се по воља научните студии од Д-р Арапад Пузтај. Ајде, чим веќе си тука - можеби тебе можам ти ја понудам peer-reviewed научната студија од Професорот Хозе Доминго?
И онака изгледа дека никој не сака да ја дискутира студијата.
Голема штета, пошто може многу да се научи од оваа студија - авторот е признат и искусен научник во оваа област и дури води своја (државна/универзитетска) лабораторија каде се вршат истражувања за ова за што зборуваме овде на темава.
Еве повели, студијата се разбира е peer-reviewed, насловот е: „
Литературен осврт на проценката за безбедноста на генетски модифицираните организми„ (A literature review on the safety assessment of genetically modified plants) од Професорот Хозе Доминго.
(Jose L. Domingo, Professor of Toxicology and Environmental Health, University Rovira i Virgili, Catalonia, Spain)Студијата може да се најде тука:
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/21296423или тука
http://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S0160412011000055Директни линкови за целата студија:
http://www.filehosting.org/file/details/476358/domingo.pdfhttp://s000.tinyupload.com/index.php?file_id=53320861523967153008http://www.fast-files.com/getfile.aspx?file=87573Епа... повели @vlatko.klp и се надевам нема веднаш пак да киднеш без да се прознесеш (за доказите кои ги бараше).