@Van ако бев претенциозна ќе фатев да ломотам колку јас знам- што знам- од каде знам дрндрн, а го направив токму спротивното 
Гледај, ова сега е пасив-агресив пристап. Јас така (претенциозно) те доживеав кога рече:
Реално, денес на интернет ојле- дојле може да објави се' и сешто, и било кој лаик што ќе прочита да поверува во истото, уште полошо да го раскажува наоколу. Страшно.
Не е дека генерално не си во право за напишаново, ама кога улетуваш некаде како новодојденец малку
претенциозно е да декларираш заклучоци за нешто што не го познаваш.
Тогаш не е чудо да предизвикаш донекаде негативни реакции, нели?

Во секој случај, намерно не сакав да го коментирам сето тоа. Туку ете ти понудив мое мислење со што да се започне за едукација. Докинс е одличен автор, можеби сега не ти е јасно зошто него го препорачувам во ГИО/ГМО дискусија, но целта е подобро и поинтимно разбирање на еволуцијата и теоријата на Дарвин. Без таква основа не може да се има издржана и едуцирана расправа за контроверзни работи како што се
генетски ижинираните модификации на организмите.
Нема врска де, да ги оставиме почетоците на страна. Добредојде во дискусијава... Се надевам дека ќе имаме објективна и едуцирана дискусија. Пошто токму таква дискусија баш и ни фали овде.

П.С. Само уште една препорака. Те молам прави разлика меѓу двата многу различни поими ГИО и ГМО.
ГМО може да се смета
се што денес човештвото употребува за исхрана (минус диви животни, и диви растенија). ГИО,
генетски
инжинирани
организми, се организми кои воглавно се модифицирани со метод на генетски сплајсинг (директно инсертирање на дел од ДНК спиралата од еден организам, во ДНК хеликсот на друг организам, нормално со спретходно одстранет дел во истиот).
Многумина овдека, неинформирани, или поточно дезинформирани, ќе се обидат да убедуваат дека генетски сплајсинг и генетска/природна селекција се едни те исти методи, со исти резултати. Ова не може да е повеќе неточно. Едноставно не е вистина, и е претенциозна лага.
Ова и онака испадна подолга препорака, па ајде да дообјаснам. ГИО(гмо) е толку контроверзна дебата, што научниците како Ричард Докинс генерално избегнуваат директно да заземат страна, барем додека работите не станат појасни. Во врска со Докинс конкренто, често се вади од контекст неговото писмо до принцот Чарлс, престолонаследникот на британскиот трон. Во тоа писмо Докинс зборува за генетските модификации низ историјата, и објаснува дека се што денес се одгледува за јадење, се генетски модифицирани организми. Ова се разбира, е сосема точно. Но тоа што Докинс во ниеден момент не го прави, е да ги изедначи резултатите од разните методи на генетски модификации.
Впрочем еве го директно писмото на Докинс:
http://edge.org/3rd_culture/prince/prince_index.htmlНикаде Докинс не зборува за организми модифицирани со генетски сплајсинг. Се разбира ако јас грешам сега некој нека најде книга/текст/извадок каде Докинс дирекно ги споредува методот со генетски сплајсинг, со тие како генетската селекција, или природната селекција.
Разликите меѓу методите на генетски модификации детално ги објаснував на многу места наназад, да не се повторувам сега.
Тука ние идеме до една голема забуна, која сметам дека е намерно наметната од индустријата за храна. ГМО е премногу општ назив, ГИО е тоа за што всушност зборуваме. Слични се навидум, а сепак реалноста е дека се многу различни...