Автор Тема: ГМО  (Прочитано 407717 пати)

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #1305 на: 14 Февруари 2015, 02:58:03 am »
Цитат
Болдираното може да се случи и ако не користиш ГМО.

Ако користиш ГИО(гмо) не можеш да ротираш хербициди, ниту да ги ротираш самите ГИО(гмо) со други такви кои имаат различни пестицидни својства. Со други зборови не можеш да ротираш ни хербициди ни пестициди и со тоа допринесуваш за неспоредливо побрз развој на отпорноста и кај тревите/плевелите и кај инсектите/штетниците.

Тоа дека истото може да се деси и ако не користиш ГИО(гмо), значи само дека истото се случило заради неукост и некомпентност на земјоделецот а не заради немање избор. Ама во право си што со оваа примедба покажуваш дека и самиот избор да се оди со ГИО(гмо) биотехнологија е ЛОШ ИЗБОР.

Зошто лажеш?  ;D

Платен ли си? Имаш ли некоја финансиска корист од тоа? Срам ли ти е, по сите навреди што ги излаја, да признаеш дека си згрешил? Сериозно не ми е јасно која е причината за вакво игнорирање на фактите.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1306 на: 14 Февруари 2015, 12:10:52 pm »

Да бе, ме плаќа органската прехрамбена индустрија од САД. Сакаат да извезуваат органски домати и чушки овде, но мал проблем е што таквите нема да го издржат транспортот. Ама нема врска, важно е да се јаде бурек.

Во ред е да си малку поспор, ти се гледа оддалеку. Кој дел од веќе напишаното „Ако користиш ГИО(гмо) не можеш да ротираш хербициди, ниту да ги ротираш самите ГИО(гмо) со други такви кои имаат различни пестицидни својства„ не го разбираш?

ГИО(гмо), модифицираните организми се модифицирани да бидат отпорни на хербицидот glyphosate. Како побогу тогаш земјоделецот да може да ротира други хербициди ако посевот му е отпорен само на еден конкретен хербицид?
Истото важи и за пестицидните својства содржани во самиот модифициран организам (сигурно нема земјоделецот да ги менува посевите неколку пати во сезона).

Ако ова не можеш да го разбереш, можеби е подобро да поднаучиш нешто пред да се обидуваш да пишуваш на тема каде возрасните разговараат.



Зошто лажеш?  ;D

Платен ли си? Имаш ли некоја финансиска корист од тоа? Срам ли ти е, по сите навреди што ги излаја, да признаеш дека си згрешил? Сериозно не ми е јасно која е причината за вакво игнорирање на фактите.

Лажам?
Ова би навредливо, но само кога би доаѓало од некој што има интегритет. Овака е само ветер низ магла, и вода под мостот... едноставно поминува.
Патем сепак ти е пријавен постот, да видиме дали нешто ќе преземат модераторите што сугерираа дека неук е навреда (иако е само норма за едукациско ниво) . Можеби „лаењето„ и асоцирањето на соговорниците со кучиња е прифатливо однесување на овој форум.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1307 на: 14 Февруари 2015, 12:13:03 pm »
Van, ќе му препорачаш литература на bicikle или не? До сеа ќе ја прочиташе книгата човекот.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #1308 на: 14 Февруари 2015, 14:14:32 pm »
Како побогу тогаш земјоделецот да може да ротира други хербициди ако посевот му е отпорен само на еден конкретен хербицид?[/b][/u][/size]

Исто како што ротира хербициди со посев кој не е отпорен на ниту еден хербицид. Разликата е што во едниот случај има поголемата флексибилност на тајмингот за прскање. Колку пати се пиша на темава дека можат да се комбинираат ГМО и стандардни сорти?

Затоа што ти си многу начитан на темава, кога ќе треснеш ваква глупост, претпоставувам дека лажеш. Не е можно така добро информиран човек, кој ја следи темава и се што е пишано на неа, прв пат да се среќава со ваква информација.


Не е темава земјоделски стратегии. Има кој да мисли на тие работи. Целта беше да се погледне технологијата од аспект на крајниот корисник и да расчисти дали оваа технологија креира храна која е отров за човекот и дали ја труе земјата како во пост-апокалиптичен филм. Се покажа дека сите хорор филмови кои се раскажаа, немаат никаква научна основа и се крајно нелогични како што обично е случај со хорор филмовите.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1309 на: 14 Февруари 2015, 16:48:25 pm »

Гледај можеш ти да си правиш какви сакаш филмови. Ама реалноста е дека земјоделецот за да не мора да ја ора почвата, купил генетски инжинирани семиња ЧИЈА ЦЕЛА ПОЕНТА Е ДА БИДАТ ОТПОРНИ НА ОДРЕДЕН ХЕРБИЦИД, НЕМА ЗОШТО ЗЕМЈОДЕЛЕЦОТ ДА САКА ДА СИ ГИ ПРСКА ПОСЕВИТЕ СО ДРУГИ ХЕРБИЦИДИ НА КОИ ТИЕ ПОСЕВИ НЕ СЕ ОТПОРНИ. Навистина, за кој таклабас му се тогаш на земјоделецот такви генетски инжинирани семиња ако не за да ја вршат работата за која се модифицирани.

Не ми е јасно дали намерно се правиш глуп (од инат или не знам зошто), или навистина не можеш да разбереш дека тоа што го пишуваш нема поента. Одма се повелекуваш не била темава за земјоделски анализи, демек земјоделскиот не е еден од најважните аспекти на целата дискусија за генетски инжинирани организми. Тие ГИО(гмо)  само во лаборатории постојат и ниеден земјоделец не ги сади (и не се заебува максимално потоа), и ние само теоретски зборуваме и не постојат никакви реални и конкретни искуства со садење на такви посеви.

Уште еднаш, не е работата земјоделецот да е врвен стратег кој во слободно време игра шах со Каспаров. Работата е во тоа што концептот на ГИО(гмо) што го промовира индустријата, едноставно не е функционален. Индустријата во ги лаже земјоделците дека нивиот производ е целосно решение. Се разбира дека не е.
Таквите како тебе лицемерно ги обвинуваат земјоделците за нивното незнаење, епа да беа образовани тие најверојатно немаше воопшто да се занимаваат со земјоделство, или не е така?


Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1310 на: 14 Февруари 2015, 17:06:58 pm »
Ама реалноста е дека земјоделецот за да не мора да ја ора почвата...

Van, реалноста е дека уште не му кажа на bicikle некој наслов од областа на генетиката кој не е пропаганда. Рече ќе му препорачаш, ама ништо.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: ГМО
« Одговори #1311 на: 14 Февруари 2015, 17:33:02 pm »
Ова као со музика на времето.. Имаше душбегови што не даваа музика на други, у времето кога уште немаше MP3-ки, за „да не стане комерцијала.“

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #1312 на: 14 Февруари 2015, 18:09:05 pm »
Уште еднаш, не е работата земјоделецот да е врвен стратег кој во слободно време игра шах со Каспаров.

Пожелно е барем тие кои го советуват да се подобри стретези од тебе и да имаат школа соодветна на професијата.

Цитат
One thing farmers must not forget is that no matter the production method from organic to biotech we must rotate not only our crops, but the methods by which we manage pests, weeds, and disease.
http://thefarmerslife.com/biotechnology/spot-refuge-corn/

Цитат
Manage herbicide resistant crops to minimize the development of herbicide resistant weeds.  Rotate between herbicide resistant and non-resistant varieties. Rotate herbicide chemicals.
http://www.extension.umn.edu/garden/master-gardener/volunteers/teaching-tools/docs/minimizing_gmo_contamination.pdf

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1313 на: 14 Февруари 2015, 18:47:53 pm »
Ова као со музика на времето.. Имаше душбегови што не даваа музика на други, у времето кога уште немаше MP3-ки, за „да не стане комерцијала.“

Ама не, да не спомнеше Van, немаше да обесувам ни ја. Ама он сам спомна книги, ово оно, ама кога треба да каже наслов некој - цврц

Ова не е просто „не ти давам“, ова е бетер: „да не сакаш да ти дадам?“ „сакам“ „е к, не ти давам“

ЕДИТ

Ако користиш ГИО(гмо) не можеш да ротираш хербициди

Зошто? Што е тоа во ГМО растенијата што би не спречило да ротираме хербициди?

ниту да ги ротираш самите ГИО(гмо) со други такви кои имаат различни пестицидни својства.

Зошто? Што тоа би можело да стори ГМО растението што ќе направи друго растение да не може да расте во истите услови?
« Последно менување: 14 Февруари 2015, 20:49:09 pm filipv »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1314 на: 14 Февруари 2015, 23:30:53 pm »
Ова као со музика на времето.. Имаше душбегови што не даваа музика на други, у времето кога уште немаше MP3-ки, за „да не стане комерцијала.“

Ти Зеро си како месечар на темава... Со ваков негативен однос како да не почне човек да те става во ист кош како со филипв и васил?

Ај вака, пошто љубиш метафори и паралели: Дали ти би имал било каква желба да ја дискутираш твојата аудиотека со смарач, кој не го ни интересира музиката освен за да се прави паметен и да те трола? Ти на сите им зајмеше касети, па и на „душбегови„ кои или не ги враќаа истите или ги враќаа изџвакани, или лепливи со пиво и мрс, за потоа да се просераваат каква забегана музика слушаш??

Епа исто е и со мојата библиотека. Достапна е за сите нормални интересенти, но со смарачи и тролови не сакам ни да ја муабетам.
Патем, пред да класифицираш некој за „душбег„ дознај ја ситуацијата прво: Бајсикл бараше основни книги за биологија/генетика на Македонски/Српски/Хрватски. Моите книги се на англиски јазик. Филипв го игнорирам.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1315 на: 15 Февруари 2015, 00:57:47 am »
:) нели се согласи да ја играме играта „прашање-одговор“? Се премисли, а?

Пробај ова да го игнорираш: не можеш да приложиш ниту еден сериозен наслов, ни на англиски, кој ќе ги потврди твоите тези изнесени тука, затоа што таков наслов не постои.  Ај кажи дека не сум у право.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: ГМО
« Одговори #1316 на: 15 Февруари 2015, 08:00:12 am »
Ова као со музика на времето.. Имаше душбегови што не даваа музика на други, у времето кога уште немаше MP3-ки, за „да не стане комерцијала.“

Ти Зеро си како месечар на темава... Со ваков негативен однос како да не почне човек да те става во ист кош како со филипв и васил?

Ај вака, пошто љубиш метафори и паралели: Дали ти би имал било каква желба да ја дискутираш твојата аудиотека со смарач, кој не го ни интересира музиката освен за да се прави паметен и да те трола? Ти на сите им зајмеше касети, па и на „душбегови„ кои или не ги враќаа истите или ги враќаа изџвакани, или лепливи со пиво и мрс, за потоа да се просераваат каква забегана музика слушаш??

Епа исто е и со мојата библиотека. Достапна е за сите нормални интересенти, но со смарачи и тролови не сакам ни да ја муабетам.
Патем, пред да класифицираш некој за „душбег„ дознај ја ситуацијата прво: Бајсикл бараше основни книги за биологија/генетика на Македонски/Српски/Хрватски. Моите книги се на англиски јазик. Филипв го игнорирам.

Како месечар не сум бил окарактеризиран до сега. Благодарам!

Јас, како човек кој верува во пренесување на знаењето во било кој формат, со задоволство би дал и препорачал музика на било кого. Има луѓе што не ги интересира музика (иако, реално се стваааарно ретки) и сум им препорачал музика, со задоволство. Музиката не ја гледам како манифестација на некаков вид на елитизам, па јас да ја штитам од генералната популација.

Да, на сите  сум зајмел касети. Кога некој ќе побарал, ќе сум му дадел. „Еве друже, слушај. Внимавај да не ми ја упропастиш касетата, или да ти преснимам ако сакаш, ама слушај!“ Со Крел седнавме кај него дома, на тие неговите миљон-евра-компоненти да слушаме музика. Јас донесов моја музика, он ми пушташе негова музика. Откривме дека имаме и сличен, и различен вкус. За некои работи се сложивме, за некои работи не. Он ми кажа мене за Sharon Jones, ја него за Everlast. That's how it works.

А тоа дали некој ќе просерава.. Ама ич не ми чуе. Ја слушам тоа што мене ми праи мерак. Ти што се препозна во терминот „душбег“, тоа е твој проблем. Јас не те нареков тебе душбег. Го споредив твојот однос со оној на душбезите, односно „музичките елитисти“ кои не сакаа да споделат музика, за „да не стане комерцијала.“ Ти препознавај се колку сакаш.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1317 на: 15 Февруари 2015, 08:22:45 am »

Гледај, ја само за Ганди сум сигурен дека е безрезервен хуманист. А во паралелава твоја намерно ти нагласив специфична ситуација, со прашањето дали упороно и безрезервно продолжуваш да им даваш касети на тие „кои или не ги враќаа истите или ги враќаа изџвакани, или лепливи со пиво и мрс„.

Ако е така, секоја чест. Подобра личност си од мене, и од 99.99% од човештвото.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1318 на: 15 Февруари 2015, 08:37:56 am »
Каква е оваа аналогија со мрсење и џвакање? Како можам да ти ја изџвакам касетата ако те прашувам да кажеш што пишува на омотот? Не ти викам „дај ми ја касетата“. Те прашувам „што е тоа што слушаш“. Ама ти сè ќе направиш - вклучително и лоши аналогии - само за да не кажеш што читаш: на тој начин бегаш од peer review.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1319 на: 15 Февруари 2015, 08:49:42 am »

Error!
No peer detected.
Recommence search. Searching... Searching... Searching...