Автор Тема: ГМО  (Прочитано 407712 пати)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ГМО
« Одговори #1275 на: 10 Февруари 2015, 11:37:29 am »
@VAN, како ја решиле каренцата кај гмо, и дали е уопште препорачливо да се консумира во свежа состојба ?


@filipv

@Vasill


@anyone
« Последно менување: 10 Февруари 2015, 21:08:52 pm Cuore Sportivo »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1276 на: 10 Февруари 2015, 22:24:28 pm »

Зафатен сум деновиве, па немам време за озбилни одговори. Но накратко за тоа што го прашуваш (ако добро разбирам што прашуваш)... “How do you kill something that's already dead?"
Сакам да кажам, џабе ќе чекаш на тоа што мислиш со чекање ќе се го снема... пошто нема да отиде никаде.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #1277 на: 10 Февруари 2015, 22:27:29 pm »
@VAN, како ја решиле каренцата кај гмо, и дали е уопште препорачливо да се консумира во свежа состојба ?


@filipv

@Vasill


@anyone

Зошто би имало разлика според тебе?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1278 на: 11 Февруари 2015, 07:23:51 am »
Зошто би имало разлика според тебе?

Тоа е вистинското прашање. ГМО е ознака за методот на добивање на сортата, не е ознака за својствата кое ги има сортата.

Зафатен сум деновиве, па немам време за озбилни одговори.

Сигурно имаш време да кажеш некој од насловите кои ќе му ги препорачуваше на bicikle, некој од оние кои не се пропаганда? Колку време бара да напишеш еден автор+наслов?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1279 на: 11 Февруари 2015, 07:59:48 am »

Зошто јас би сакал да ја муабетам мојата библиотека со тебе?

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ГМО
« Одговори #1280 на: 11 Февруари 2015, 08:26:37 am »
@VAN, како ја решиле каренцата кај гмо, и дали е уопште препорачливо да се консумира во свежа состојба ?


@filipv

@Vasill


@anyone

Зошто би имало разлика според тебе?

ГМО содржи во себе активна материја за сузбивање односно спречување на одредени штетници и болести карактеристични за културата. Во пракса се покажало дека болестите и штетниците мутирале и станале имуни што автоматски повлекува потреба од дополнително третирање на културите со конвенционални средства. Сега следува прашањето, што се дешава со плодот кој е два пати третиран, како тоа се однесува на каренцата, дали постои лабараториско истражување. Ова од аспект на консуматор

Од аспект на производител нема логика да купам гмо семе кое е поскапо од стандардните хибриди за да подоцна повторно реагирам на културата со фунгициди и инстектициди. Каде е тука рентабилноста ..

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1281 на: 11 Февруари 2015, 08:32:52 am »
Зошто јас би сакал да ја муабетам мојата библиотека со тебе?

Зошто не?

Нели бев неук и не разбирав. Зошто не би ме упатил што да читам, да се образувам? Каков зијан би можело да има од тоа?

Ај вака: ти кажи што си читал па ја ќе ти кажам што сум читал. Бива вака?

Ако не - ок - ќе му кажеш на bicikle некој од тие непропагандните наслови, па ја него ќе го прашам да ми ги каже...

EDIT Се надевам дека сега не го заебав bicikle ни-крив-ни-дужен и он да стане без ниту еден наслов од тие повеќето кои си ги прочитал, а?
« Последно менување: 11 Февруари 2015, 08:39:18 am filipv »

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #1282 на: 11 Февруари 2015, 10:43:46 am »
Сега следува прашањето, што се дешава со плодот кој е два пати третиран, како тоа се однесува на каренцата, дали постои лабараториско истражување. Ова од аспект на консуматор

Од аспект на производител нема логика да купам гмо семе кое е поскапо од стандардните хибриди за да подоцна повторно реагирам на културата со фунгициди и инстектициди. Каде е тука рентабилноста ..

Истото што се дешава кога третираш конвенционален хибрид два пати за да не настане отпорност. Од аспект на консуматор нема разлика. Тоа е целта на долгиот и скап процес за одобрување, да се види дали има разлика. Затоа што не сум производител, ова е тоа што повеќе ме интересира.

За второто, нормално дека нема логика. Зошто би користел земјоделец поскапо семе ако треба потоа да фрли повеќе пари за да го одгледа? Они ќе си направат стратегија и ќе си проценат како им одговара. Единствената работа што ја барам е да не им се забрануваат методи кои можат да им помогнат во борбата со штетниците, доколку тие методи резултираат со подеднакво здрава или поздрава храна.

За да се забави создавањето на отпорност се комбинираат ГМ сорти со стандардни сорти и методи. Во САД ова е задолжително. Се повеќе се користат и ГМ сорти кои се борат против штетниците од повеќе агли.

http://arstechnica.com/science/2014/12/gmo-free-crop-refuges-limit-bugs-ability-to-develop-resistance/

Ако не се внимава на овакви работи се создава отпорност, но тоа е така и без ГМО.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1283 на: 11 Февруари 2015, 10:52:51 am »
Eдна од повеќето цели на ГМО е да се намали, а не да се зголеми употребата на хербициди. Идејата е производството да стане поевтино, а не поскапо.

Која би била таа логика некој да инвестира во технолошка иновација која ќе донесе поскап и понебезбеден производ??

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ГМО
« Одговори #1284 на: 11 Февруари 2015, 11:25:22 am »
Па тоа се прашуваат и фармерите во Бразил, која е логиката да користат гмо пченка на која инсектите станале имуни па се принудени дополнително да користат пестициди.


 


Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1285 на: 11 Февруари 2015, 11:33:02 am »
Па тоа се прашуваат и фармерите во Бразил, која е логиката да користат гмо пченка на која инсектите станале имуни па се принудени дополнително да користат пестициди.

Тоа се прашуваат сите земјоделци во сите земји користејќи ги сите инсектициди. ГМО не е никаков исклучок. Никој на бразилците не им рекол „е, ако го садите ова, никад више дур сте живи нема да имате потреба од никакво прскање“. Тоа е вечна бoба: инсектите се адаптираат, секогаш се адаптирале и секогаш ќе се адаптираат. Со тоа што, сега ќе измислат некоја нова ГМО отпорност на инсекти, па ќе има нова „тура“ пченка со помалку пестициди. Еве вака:

негмо пченка: и1 (инсектицид 1) - адаптација - и2 - адаптација - и3 - адаптација - и4 - адаптација....

гмо пченка: нема инсектицид - адаптацја - и1 - адаптација - нова гмо ченка и нема инсектицид - адаптација - и2 - адаптација

Ако ГМО не се користело за инсектицидни примени, ќе сме имале 4 „генерации“ прскани со инсектициди
Ако ГМО се користи за инсектицидни примени, имаме 2 „генерации“ со и 2 без инсектициди. Дуполо помалце кумулативно сме употребиле инсектициди.

Со тоа што, ако ГМО развојот се забрза (наместо од глупи политичко-квазинаучни причини да се успорува!), тогаш можеме да измишљаме нови пченки ПРЕД инсектите да се адаптираат. Да ги претркаме у развојо. И на крај да дојдеме до никакви пестициди.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #1286 на: 11 Февруари 2015, 11:42:08 am »
Па тоа се прашуваат и фармерите во Бразил, која е логиката да користат гмо пченка на која инсектите станале имуни па се принудени дополнително да користат пестициди.

Нека не користат ако не им одговара. Нивна си е одлуката.

Од таа одлука ќе им зависи цената на производство, а со тоа и конкурентноста на пазарот. Лошо е доколку одлуката да се користи ГМО е исправна, а тој избор им бил недостапен на фармерите во одредена земја, поради неоснована хистерија. Со тоа нивните производи се дополнително оптоварени со данок на глупавост, пред да влезат во борба со конкуренцијата која не била ограничена.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ГМО
« Одговори #1287 на: 11 Февруари 2015, 18:01:41 pm »
Неам ја хистерија према гмо, Земјоделскиот производител секогаш треба да иде напред и да си организира најрентабилно производство. Но не глеам логика единствената особина која е про-гмо да не дава резултати и бара дополнителни трошоци. Лично не ни иам представа која е разликата во цената на семињата и која е разликата во генетскиот потенцијал.

А за поборниците на органска храна, ма тоа се тие истите кој гмечеа јабучари од по кило и не им се свиѓало што биле меки и распукани.

Така да сега, нека гнетат недозреани хибриди, и нека се ебат со прави крставици, малце ако била крива не им влагала ко што требе ...

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1288 на: 11 Февруари 2015, 18:30:53 pm »
Но не глеам логика единствената особина која е про-гмо да не дава резултати и бара дополнителни трошоци.

Ем не е единствена, ем дава резултати.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1289 на: 11 Февруари 2015, 19:12:52 pm »
Така да сега, нека гнетат недозреани хибриди, и нека се ебат со прави крставици, малце ако била крива не им влагала ко што требе ...

Проста раја паѓа на реклами и пропаганда. Така и хибридите ги убутаа, така и ГИО го туркаат. Демек јаболкото ако не е идеално и без ниедна точка или не дај боже некоја дупка од црв, не е убаво за јадење.
И да знаеш, отпорноста на инсектите кон пестицидните генетски модификации се помал дел од проблемот. Прашај ги овие двајцава погоре колку хербицид се употребува со ГИО посевите, посебно после пар години последователна употреба.



Цитат
Се надевам дека сега не го заебав bicikle ни-крив-ни-дужен и он да стане без ниту еден наслов од тие повеќето кои си ги прочитал, а?

Бајсикл е добредојден да праша што го интересира.