Автор Тема: ГМО  (Прочитано 408212 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #510 на: 18 Мај 2014, 13:28:23 pm »
Васил, мнозинството и воопшто нема став. Освен тоа, Џорџ Карлин е многу повеќе од само комичар.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #511 на: 18 Мај 2014, 14:36:54 pm »
Повелете, вие ненаситници по знаење:

Genetics for Dummies, 2nd edition:

http://sunsetridgemsbiology.wikispaces.com/file/view/0470551747GeneticsB.pdf

Има цело поглавје за ГМО. Авторите знаат повеќе од Путин и Јанко, се кладам у живот.

Кој нема време, нека читне во рационализирана (скратена) форма:

http://rationalwiki.org/wiki/GMO

"So far, all evidence is overwhelmingly in favor of safety of GM foods for human consumption."

"Attacks on GM food often utilize pseudoscience."

"...the scientific consensus says very clearly that GMO food is safe [2] and the anti-GMO position is represented in the academic community by a tiny minority of researchers, many of them with ideological and financial conflicts of interest.[3]"

"The most controversial instance of opposition to GM food is probably the case of Zambia. In 2002, the Zambian government opted to let its people starve in the midst of a region-wide crop failure by turning down a vast quantity of food aid in the form of GM corn, rather than feed them "GM poison".[7]"

(бах! а си ветив сам на себе дека нема да пишувам на оваа тема!)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #512 на: 18 Мај 2014, 15:38:39 pm »
Повелете, вие ненаситници по знаење:

Genetics for Dummies, 2nd edition:

http://sunsetridgemsbiology.wikispaces.com/file/view/0470551747GeneticsB.pdf

Има цело поглавје за ГМО. Авторите знаат повеќе од Путин и Јанко...

Пак ќе прашам, зошто ме провоцираш со споредување со пациенти како Јанко?
Со мене дискутираш, не со Јанко...
Јас ти линкав на претходните страници повеќе научни студии, не ти ги линкаше Јанко. Се потруди ли да ги прочиташ?
Макар да ги пролисташ?
- Очигледно не, зошто никако не ги коментираше. Затоа немаш никакво лице да провоцираш со упатување кон Genetics for Dummies и слично.


Путин инаку има позади него цела армија научници. Прејудицираш дека научниците од Русија не знаат што зборуваат, научници кои одсекогаш имале завидна репутација низ цел свет? Прејудицираш на одлуката на Руската Федерација да не се ориентира кон ГМО производство (всушност они се пред целосна забрана на ГМО), дека е од политички причини?

Нема да го спорам политичкиот момент. Ама ќе те прашам, нели е лицемерно и дволично цела една Русија, да ја обвинуваш за лажење... и во исто време ама баш ич да не се запрашаш дали можеби газдите на ГМО индустријата ЛАЖАТ? Научниците кои работат за Монсанто, Дупонт, Синџента, и сличните, тие се единствените што работат за доброто на сите... додека независните научници како Пузтај, и сите руски научници, сите тие лажат?
- Тука е мотивот, кој упорно го игнорираш... зошто тој мотив во поим ти ја убија целата дискусија.


Вистината како и секогаш, не е целосно ни на едната, ниту на другата страна. Но човек треба да биде со отворен ум, да се едуцира... и најважно, никогаш да не им верува на политичарите и властите (а со тоа и тие што стојат позади нив).
Убав термин употребува Карлин, „willfully ignorant„. Го рачунате за комедијант и забавувач, ама вистината е дека тој беше нешто многу повеќе од тоа. Направи си услуга и послушај го внимателно. И занемари го атрибутот „американски„ пошто ова за целата планета се однесува.


Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #513 на: 18 Мај 2014, 17:24:45 pm »
Тоа што најголемот прозиведувач на ГМО лаже не е аргумент против самата технологија ГМО, аман! Монсанто прави и светлечки диоди. И против нив ли си?

Кажи некоја индустрија која никога не излажала ништо. Ај кажи.

И фармацевтската индустрија била фатена некогаш во лага. И сега што? Да ги забраниме сите лекови у принцип? Пошто тоа го вика моронското анти-гмо лоби „Монсанто се зли, затоа неќеме ГМО!“. Боже господе какви глупости! Тоа што „Монсанто“ се служи со дубиозни бизнис-модели ни зборува за компанијата „Монсанто“, а не за технологијата на генетско модификување и сите можни бенефити кои ги нуди.

Некои произведувачи на коли лажат за потрошувачката. Да ги забраниме колите!

Во сендвичарата „Џина“ во автокоманда пред неколку години повеќе луѓе се затруја и завршија во болница. Да ги забраниме хамбургерите!

Звучи паметно? Не многу, нели? А сега погледнете се у огледало следниот пат кога ќе истресете некој анти-ГМО став и повторете си: "Mojoт став се базира на незнаење, параноја, склоност на теории на заговор и е во спротивност со научниот консензус“. Повторете го тоа 100 пати дур не ви влезе у глава.

Тоа што во големите бизниси постои корупција не ни кажува ама баш ништо за технологијата сама по себе со која се занимава индустријата. Доста мешате баби и жаби.

Целата агрикултура и сточарство од пред 10.000 годни па до денес не е ништо друго туку свесно, намерно модификување на генетскиот матерјал. Ништо што во животот сте ставиле во уста не постои во природата. Се е дело на човеково упорно менување на генотипот. Освен можеби шумски јагоди или така нешто.

 Анти-монсанто став е ајде да речеме ОК, во смисла што можеме да дискутираме за тоа. Ама анти ГМО став е многу, многу глуп - на повеќе нивоа глуп. Се резилите. Уби ме туџа срамота.

Се што правите е следново: се плашите меѓусебно во големи групи и така масовно оглупени влијаете на глупите и/или популистички власти низ светот да ви се додворуват со тоа што ќе ставаат сопки на развојот на ГМО технологијата. Со тоа придонесувате кон непотребното забавување развојот на фантастична технологија која има потенцијал да го смени светот на поарно. Ете тоа правите. Срамота.

P.S. Џорџ Карлин се превртува у гроб сиромашкиот. Он беше најмногу против вакви безумни масовни глупости какви што се овие анти-гмо идиотштини.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #514 на: 18 Мај 2014, 19:06:54 pm »
Мразам мултицитирани одговори, ама овојпат на жалост принуден сум така да одговорам.

Се што правите е следново: се плашите меѓусебно во големи групи и така масовно оглупени влијаете на глупите и/или популистички власти низ светот да ви се додворуват со тоа што ќе ставаат сопки на развојот на ГМО технологијата. Со тоа придонесувате кон непотребното забавување развојот на фантастична технологија која има потенцијал да го смени светот на поарно. Ете тоа правите. Срамота.
Прво, јас лично не сум член на никаква „група„, ниту онлајн ниту офлајн. Се што знам го имам научено самостојно, а имам прочитано стотици колумни и неколку книги на оваа тема. И искрено, токму ваквите како тебе ги чуствувам „заглупени„ (или sheeple) како што сам кажа.
Проблемот со тебе, и уште неколку други (како Дени на пример), не во тоа дека сте глупи или необразовани (барем не во класичен смисол на тие зборови). Напротив, очигледно е дека не сте, но денес социјалниот инжинеринг со својот суптилен маркетинг е толку јак, да сите што не се потрудиле да се образуваат токму на оваа тема... едноставно немаат шанси. Таквите како вас по рандом шанса се делите на про и контра ГМО, во зависност од тоа која пропаганда прва ви оставила голем впечаток.
Лично мислам дека сте многу поштетни од оние навистина глупите необразовани sheeple, зошто тие барем не се замараат со промовирање на она што не го разбираат.

Второ (а во врска со подвлечениот дел), ако Путин го нарекуваш „глупа и популистичка власт„ во Русија... тогаш морам да приметам дека имаш солиден потенцијал за комичар. Додуше не на ниво на Џорџ Карлин, ама сепак навистина солиден потенцијал за комичар.
Досега Путин имам видено секако да го имаат нарекувано, само не и „популистички„ настроен.  ;)


Анти-монсанто став е ајде да речеме ОК, во смисла што можеме да дискутираме за тоа. Ама анти ГМО став е многу, многу глуп - на повеќе нивоа глуп. Се резилите. Уби ме туџа срамота.
Навистина ми е мрско да се повторувам по 100ти пат, морам ли навистина...? Милијарда пати повторив дека... НЕ СУМ АНТИ ГМО ОРИЕНТИРАН, ОК??
Тоа што сум против денешната ГМО индустрија... поточно мафија, ГМО мафија, тоа не значи дека сум анти ГМО. ОК?

Монсанто е најголемата ГМО компанија, ама има и други. Најголемите други две се Дупонт и Синџента (оваа е делумно европска). Има уште неколку, помали се, ама се служат со еднакво мафијашки методи. Сеедно е, за која компанија се работи, зошто истите неколку газди ги поседуваат. Другпат подетално за тоа, можеби.
Против оваа ГМО индустрија мафија сум јас, и никако и никогаш не би бил против научни истражувања што се без задњи намери. Истражувања од независни владини и универзитетски установи, кои би се раководеле по установени и меѓународно прифатени стандарди и регулативи за безбедност. Но тоа е нешто што денес не постои, и нема ни да постои се додека ГМО мафијата не прекине да става легални (и нелегални) сопки на секаков обид за воспоставување на меѓународно прифатени стандарди и регулативи за безбедност.


Целата агрикултура и сточарство од пред 10.000 годни па до денес не е ништо друго туку свесно, намерно модификување на генетскиот матерјал. Ништо што во животот сте ставиле во уста не постои во природата. Се е дело на човеково упорно менување на генотипот. Освен можеби шумски јагоди или така нешто.
Пак ќе кажам дека ми е мрско да се повторувам за ова по не знам кој пат. Навредливо е, не за мене туку за тебе е навредливо што не знаеш да правиш разлика помеѓу генетска селекција и директна рекомбинација на DNK секвенцата во гените на еден организам.
Нема да се повторувам пак со лекциите од Општество и Природа од осмолетка (тука некаде прв пат се спомна генетската селекција), доволно детално пишував за тоа тука:
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10430.msg631884.html#msg631884
...па ако навистина те интересира да научиш нешто, повели knock yourself out. ;)


P.S. Џорџ Карлин се превртува у гроб сиромашкиот. Он беше најмногу против вакви безумни масовни глупости какви што се овие анти-гмо идиотштини.
Гледај, тие „профит-гмо идиотштини и безумни масовни глупости со заспаните и заглупени широки народни маси„ се токму тие работи за кои  Џорџ Карлин ни зборуваше.

Ајде пак, и овој пат навистина послушај го човекот!
Послушај внимателно и размисли, filipv. Размисли дали Карлин за таквите како мене зборува... или зборува за олигарсите кои се на власт, благодарение и на таквите како тебе?
Обрати внимание мајку му, само 3 минути е долго видеото а голема вистина се кажува. И посебно внимателно послушај што кажува Карлин на 2:59.  ;D


Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #515 на: 18 Мај 2014, 19:58:46 pm »
имам прочитано стотици колумни и неколку книги на оваа тема.

Ај кажи еден наслов од книгите кои ги имаш прочитано во врска со гмо, генетика или еволуција? Или нешто поврзано со тоа?

И искрено, токму ваквите како тебе ги чуствувам „заглупени„ (или sheeple) како што сам кажа.

Знам.

Таквите како вас по рандом шанса се делите на про и контра ГМО, во зависност од тоа која пропаганда прва ви оставила голем впечаток.

На мене не оставил никаков впечаток никаква пропаганда. Се што уважувам е научниот консензус. И тој ли е „ваква или онаква пропаганда“? Не може од 100 научници 98 да викаат „гмо е ок“, а 2 арка-трече-око да викаат „ааа рак“ и ја да им верувам на овие двајца, чии што „ааа рак“ умотворби не го проаѓаат peer review филтерот. Научен консензус не е пропаганда. До научен консензус не се доаѓа со убедување и повикување на емоции и незнаење. Каква црно делење по рандом шанса.

Лично мислам дека сте многу поштетни од оние навистина глупите необразовани sheeple, зошто тие барем не се замараат со промовирање на она што не го разбираат.

Ваљда повеќето научници разбираат, ако веќе јас не разбирам, а? Сфаќаш ли дека повеќето анти-гмо се истовремено и кемтрејлс фраери? Што ти зборува тоа? Како го толкуваш тој феномен?

Досега Путин имам видено секако да го имаат нарекувано, само не и „популистички„ настроен.  ;)

Не си чул? Oзбилно? Така е кога се читаат само еднострани извори, голем дел од тортата на вистината останува неизедена:

http://lmgtfy.com/?q=is+putin+populist

Според моето сфаќање на терминот „популизам“, Путин не само што е популист, туку е класичен пример за популист. Да не беше популист немаше да биде на власт. Он својата моќ ја црпи токму со потхранувањето на антизападните, антигеј, антигмо, антимасони, антиммф, анти=што=све=не чувства на широките народни маси. ЗАТОА е на власт. ЗАТОА јавноста го одобрува (и навива!) неговиот деспотизам.

Навистина ми е мрско да се повторувам по 100ти пат, морам ли навистина...? Милијарда пати повторив дека... НЕ СУМ АНТИ ГМО ОРИЕНТИРАН, ОК??
Тоа што сум против денешната ГМО индустрија... поточно мафија, ГМО мафија, тоа не значи дека сум анти ГМО. ОК?

Еми арно де? Сите сме против каква било мафија. Што тогаш си се фатил за ГМО? ГМО та ГМО.


Но тоа е нешто што денес не постои, и нема ни да постои се додека ГМО мафијата не прекине да става легални (и нелегални) сопки на секаков обид за воспоставување на меѓународно прифатени стандарди и регулативи за безбедност.

Независни истражувања и регулативи постојат, само што анти-ГМО лобито се праи лудо и замижува и вика „нема“ кога „има“. Не потпаѓај под пропаганда! Да те потсетам кој е научниот консензус? Па не е ваљда дека монсанто ги поткупиле скоро сите научници на светов? Или ги поткупиле, а? Аман.

Пак ќе кажам дека ми е мрско да се повторувам за ова по не знам кој пат. Навредливо е, не за мене туку за тебе е навредливо што не знаеш да правиш разлика помеѓу генетска селекција и директна рекомбинација на DNK секвенцата во гените на еден организам.

Како заклучи дека не правам разлика? Хоризонталниот трансфер на гени (пренесување на метерјалот меѓу различни видови) не е нешто што го измислил човекот. Вирусите и бактериите тоа го прават цело време непрекинато милијарди години. Тоа е еден од главните „погони“ на еволуцијата. Како мислиш дека настанале толку различни, шарени видови? Само со мутации во рамки на една генерација родител-потомство? Тоа е нешто најнормално во природата, а сега човекот се обидува да го прави по желба (како и сите други работи откако станал човек). Трансферот на гени по вертикала не е ништо по „природен“ од трансферот на гени по хоризонтала.... ама кој да знае.

И доста ми праќаш линкови од карлин. Јас сум фан на карлин и имам гледано све од него по неколку пати. Батали го карлин жифти све. Не е на твоја страна, веруј.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: ГМО
« Одговори #516 на: 18 Мај 2014, 23:19:53 pm »
Филип, ти си моето најголемо разочарување на форумов. Човек со многу мал капацитет за критичко размислување. Со кој прашок ли ти го испраа мозокот?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #517 на: 18 Мај 2014, 23:43:25 pm »
На мене не оставил никаков впечаток никаква пропаганда. Се што уважувам е научниот консензус. И тој ли е „ваква или онаква пропаганда“? Не може од 100 научници 98 да викаат „гмо е ок“, а 2 арка-трече-око да викаат „ааа рак“ и ја да им верувам на овие двајца, чии што „ааа рак“ умотворби не го проаѓаат peer review филтерот. Научен консензус не е пропаганда. До научен консензус не се доаѓа со убедување и повикување на емоции и незнаење. Каква црно делење по рандом шанса.

како да си застанал во 14-ти век. Не ми се верува дека ова од тебе го читам. И во времето на Галилео, на Њутн, на Брахе од 100 научници двајца зборувале обратно и биле во право.
« Последно менување: 18 Мај 2014, 23:54:59 pm Falangasaurus »

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #518 на: 19 Мај 2014, 08:52:32 am »
Филип, ти си моето најголемо разочарување на форумов.

Чувствата се взаемни.

Човек со многу мал капацитет за критичко размислување.

Се кладам у 100 денара дека не ни знаеш што е критичко мислење. Ако не ми веруваш, пробај во една реченица да кажеш „Критичко мислење е тоа-и-тоа“. Не, критичко мислење не е автоматско отфрлање на мејнстримот и безумно прифаќање на луди+глупи теории на заговор.

како да си застанал во 14-ти век. Не ми се верува дека ова од тебе го читам. И во времето на Галилео, на Њутн, на Брахе од 100 научници двајца зборувале обратно и биле во право.

(офлеле)

1. Фаланга, колку е атомската маса на водородот? Еден, така? Е сеа, замисли, некој те убедува дека е 26. И ти му викаш „ало, абе како 26“, а он ти вика „и порано многу научници мислеле едно нешто, па после искочило друго“. Ама, сепак, и покрај таа забелешка ти знаеш дека овој што вика 26 лупа глупости.

Како знаеш? Сам сигурно не си го мерел на вага водородниот атом па да видиш дека е 1. Си прочитал. Учебниците викаат дека е 1. Научниот консензус вика дека е 1. Да, има некои кои викаат дека е 26, но ти сепак не мислиш дека е 26, ниту мислиш дека е оправдано што они мислат дека е 26. Што ќе одговориш ако тој што ти вика „26“ го искористи твојов неумесен контрааргумент?

2. Фаланга, дали од авиони тајно не прскаат со отрови? Можни одговори:
     a) Да, не прскаат
     б) Не, не не прскаат
     в) Не сум сигурен, можеби не прскаат, можеби не.
Те молам одговори ми со „а“, „б“ и „в“. Фала.

3. Фаланга, уште нешто ќе те замолам: прочитај го овој кус, но прекрасен текст од Исак Асимов кој се однесува токму на ваквите аргументи како твојот. Не е долго, се чита во еден здив!

http://chem.tufts.edu/AnswersInScience/RelativityofWrong.htm

А после и ова:

http://rationalwiki.org/wiki/Science_was_wrong_before

Не ми се верува што читам.

Van, што бидна со книгите кои што си ги читал? Де кажи некој наслов и автор. Барем една книга кажи.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #519 на: 19 Мај 2014, 14:31:15 pm »
Филип, Филип, Филип... ти немаш право да поставуваш вакви прашања, се додека не не „удостоиш„ нас теоретичарите на заговори тука, сериозно да ги прокоментираш последните неколку научни студии што ги поставив на темава.
Направи го тоа, и потоа со задоволство ќе ти посочам литература која секако ќе ти биде во полза да ја прочиташ. Ако ништо друго, за да можеме да дискутираме на барем малку поприближно ниво (пошто извесно е дека сегашниве нивоа ни се премногу далечни за нормална дискусија).

Во меѓувреме морам да ти укажам дека претерано очигледно е, дека не знаеш точно за што всушност дискутираш.
За полесно да разберат и тие што не се многу упатени во темава, ќе направам една по... сликовита паралела на тоа што ти тврдиш дека е едно те исто. Или уште подобро, ќе те цитирам прво, за да нема забуни за што точно зборувам сега:
Хоризонталниот трансфер на гени (пренесување на метерјалот меѓу различни видови) не е нешто што го измислил човекот. Вирусите и бактериите тоа го прават цело време непрекинато милијарди години. Тоа е еден од главните „погони“ на еволуцијата. Како мислиш дека настанале толку различни, шарени видови? Само со мутации во рамки на една генерација родител-потомство? Тоа е нешто најнормално во природата, а сега човекот се обидува да го прави по желба (како и сите други работи откако станал човек). Трансферот на гени по вертикала не е ништо по „природен“ од трансферот на гени по хоризонтала.... ама кој да знае.

Прво, и многу важно, обрати внимание дека зборуваш за едноклеточни организми.

Второ, сликовитата паралела што ја ветив.
Според тебе, во природата секојдневно природно и спонтатно се случува мешање меѓу видовите, и тоа со „природно општење„ а не со човечки изведен генетски сплајсинг и директна рекомбинација на ДНК. Тоа го напиша погоре.
Практично, според тебе нели, во природата секојдневно се случува сексуално општење меѓу... еве на пример: патлиџан и риба? (инаку ова е навистина направен генетски инжинеринг од ГМО индустријата)
Тоа би требало да изгледа овака некако?


Упс, рибава „влезе„ со погрешен дел од телото... или можеби се работи за предигра?  ;)

Без навреда, ама мислам дека нема смисла да се срамиш. Никако не можеш на ваква тема озбилно да дискутираш ако не си ја завршил домашната работа. Како сакаш сериозно да те разберат ако правиш ступидни нерелевантни паралели на генетски инжинеринг со вредностите на атомскитe маси на елементите.
Дури и преносната поената на таа споредба ти нема смисла. Научните дебати за безбедноста на ГМО се далеку од било каков компромис за меѓународни и општоприфатени методи и стандарди на истражувањата, и тоа никако не можеш да го споредиш со хемијата која е одамна етаблирана наука.
Такви меѓународни и општоприфатени методи не постојат затоа што на ГМО мафијата не и требаат, напротив. Таа мафија директно ги менува законите и стандардите внатре во одделните држави кои се директна контрола на САД (и со тоа под контрола на тие што управуваат и со САД).

Како и да е, да резимирам: никаде во природата немаш мешање на гените меѓу толку различни организми како компир и бактерија, или меѓу патлиџан и риба...


Колку и да се забавни ваквите теоретски муабети, поважни се практичните реални резултати. Кај растенијата реално е покажана една извесна разлика меѓу оригиналот и ГМ рекомбинантот: значајно намалени количини на есенцијални амино-киселини. Ова е докажано со научни студии, и ова и Ти ќе го знаеше ако ги прочиташе научните студии кои ти ги посочував, и да, кај тие студии е присутен и магичниот збор „peer reviewed„.
Како тие намалени количини на есенцијални амино-киселини влијаат на тие што се хранат со ваквите ГМО, подоцна еве преку практично искуство на еден германски фармер:
http://www.nationofchange.org/topics/person/gottfried-gloeckner

Еве и интервју со фармерот, каде зборува за неговите искуства со Синџента (трета по глемина ГМО компанија, после Монсанто и Дупонт). И да, сите тие фирми се во власништво на истите луѓе (директно или посредно, преку трастови и сл.), и да, сите се служат со класични мафијашки методи. Ама не ми верувај мене, прочитај и сам:
http://rt.com/op-edge/159184-syngenta-gmo-opposition-silencing/


И доста ми праќаш линкови од карлин. Јас сум фан на карлин и имам гледано све од него по неколку пати. Батали го карлин жифти све. Не е на твоја страна, веруј.
Многу ми е мило дека си фан на Карлин, но и многу ми е жал што воопшто не си го разбрал.
Затоа инсистирам уште еднаш да го послушаш човекот, еве доле многу кратко и релевантно видео од него.

Претходно само ќе те потсетам на една голема мисла од Сократ: „Мудрост е да знаеш колку не знаеш„.
Kaко и да е, еве го Карлин, чие мислење на (твоја) жалост извесно е дијаметрално спротивно на твоите ставови:


Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #521 на: 19 Мај 2014, 15:29:40 pm »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #522 на: 19 Мај 2014, 16:00:21 pm »
^^
Најверојатно научила нешто од 2012та до 2014та... за разлика од некои што се човечки пандан на ноевите.


http://think.mk/2014/04/13/obedinetite-natsii-objavija-ve-prskame-i-go-kontrolirame-vasheto-vreme-video/#.U3Mnsy9ES6k.facebook

https://www.youtube.com/watch?v=3V-BGlNrxMI


HAARP Confirmed Weather-manipulation Tool


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #523 на: 19 Мај 2014, 16:07:43 pm »
Особено од 2007ма.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #524 на: 19 Мај 2014, 16:13:45 pm »
 
Transcripting Murkowski Committee Q&A on HAARP Future

„ the Airforce has done great value out of Haarp in the past few year. we took over ...
moving on to other ways of manage.
finish or work to managing the ionosphere which the haarp is designed to do.
which is to  inject energy into the ionosphere be able to actually control that work  has completed

the Airforce has maintained the site  for other government agencies to use
for several years when Haarp (daark?) has completed it project that is the last government  costumer  we had on the site.„