Случајот со Pusztai е интересен - не го оспорувам тоа. Сепак, многумина го оспориле научниот метод кој тој го следел и начинот на кој експериментите се правени. Тоа е убавината на научниот метод - ако нешто е вистинито, тогаш може да се репродуцира, независно и неограничено многу пати.
Подолу, на истиот линк од Википедија имаш и ставови објавени од European Food Safety Authority:
"Results obtained from testing GM food and feed in rodents indicate that large (at least 100-fold) 'safety' margins exist between animal exposure levels without observed adverse effects and estimated human daily intake. Results of feeding studies with feed derived from GM plants with improved agronomic properties, carried out in a wide range of livestock species, are discussed. The studies did not show any biologically relevant differences in the parameters tested between control and test animals."
Случајот со дијабетесот го спомнав како типичен scare tactic за ограничување на некакво истражување, од било која причина. Мене ми е конкретниот случај важен поради тоа што јас живеам со дијабетес веќе неколку години.
И повторно.. Избегни го Монсанто. Дискутирај на барем едно ниво погоре. ГМО не е само храна. ГМО е и многу, многу други работи.
Зеро, па муабетов тука, за ГМО производите сеприсутни денес, не е за ограничување на истражувањето. Напротив!
Јас, а верувам и сите ние, сакаме и треба да бараме продлабочување на
истражувањето.
Научни истражувања, научни студии, експерименти... ама на ограничен број субјекти, или примати, или други цицачи. Побогу, не експерименти со целата еб*на човечка популација!
Научни испитување за последиците и безбедноста едноставно не се прават, барем не доволно и не опсежно. Размисли зошто е тоа така, ајде не е тешко.
Еве што вели самиот Пузтај за ова:
In 2008, on the tenth anniversary of his TV show, Dr. Pusztai reflected:
"On this anniversary I have to admit that, unfortunately, not much has changed since 1998. In one of the few sentences I said in my broadcast ten years ago, I asked for a credible GM testing protocol to be established that would be acceptable to the majority of scientists and to people in general. 10 years on we still haven't got one. . .
"All of us asked for independent, transparent and inclusive research into the safety of GM plants, and particularly those used in foods. There is not much sign of this either. There are still 'many opinions but very few data;' less than three dozen peer-reviewed scientific papers have been published describing the results of work relating to GM safety that could actually be regarded as being of an academic standard; and the majority of even these is from industry-supported labs. . ."
Дали го погледа резимето на Арапад Пузтај?
Зошто таков човек, кој 36години работел во спомнатиот институт, би излегувал во јавност ако навистина не дошол до такви резултати како што ги претставил?
Човекот има 84 години (тогаш 74), има 270 научни труда на таа тема и три книги... оваков научник не е релевантен?
И како човече да го избегнеме Монсанто во муабетов кога Монсанто го држи монополот во ГМО индустријата за семиња? (а токму тоа најмногу не засега од здравствен аспект, храната, помалку е важен памукот на пример)
http://finance.yahoo.com/blogs/daily-ticker/monsanto-controls-government-chris-parker-135253110.htmlhttp://www.gmeducation.org/latest-news/p207220-the%20monsanto%20monopoly.htmlControl of the seed industry is passing into fewer and fewer hands and Monsanto's are the biggest. More than 80% of US corn and more than 90% of soybeans planted each year are attributable to Monsanto and monopoly comes to mind.
Mонсанто е пример за се што е лошо со индустријата денес. Директно вијаење на владите ширум светот и директно вијаење на регулациите за безбедност на храната. Бескрупулозност и работење налик на мафијата.
Замисли дека си фармер на кој двајца соседи му се „клиенти„ (рекетирани од) Монсанто. Нивниот памук ги кросполенизира твоите билки, и следната генерација од
твојот памук има гени до лиценцираното семе на Монсанто. Генетските одлики на твојот природен памук се веќе разводнети и измешани со тие на Монсанто. Но тоа е некаква среќа во несреќата, зошто твоите соседи нивните ниви ги дават со хербицидот Роундап а со тоа делумно се зафатени и соседните ниви и твојот целосно природен памук едноставно би изумрел од хербидидот. Твоите соседи се приморани да го користат тој хербицид зошто договорот со Монсато е таков, сакаш семе од нив: мораш да купиш и хербицид и пестицид од нив, и тоа на долгодишен договор!
Хербицидот Роундап е прича за себе, една од раните верзии можеби ја познаваш под името Agent Orange. Ако не си слушнал -прочитај,
интересно четиво е. Уште поинтересни се
здравствените последици по луѓето што живееле во земјите кои Америте решиле да ги почестат со гратис хербицид (за да нема вегетација каде би се криеле герилците). Само ако имаш осетлив стомак можеби подобро немој да го читаш тоа.
Нејсе, ти како фармер сега имаш памук што половина е Монсанто лиценциран продукт. На врата ти се појавува адвокат и те рекетира да платиш лиценца!
И не, тоа не е еднократно плаќање семе, не!
Семето што си го зачувал од прошлата година не е твое, на Монсанто е! Не смееш да го користиш без да платиш нова годишна лиценца на Монсато, со се договорот каде те приморуваат да ги користиш нивните хербициди и пестиците (а перверзијата дека памукот е генетски модифициран за да биде отпорен на тој хербицид).
Случајов не е хипотетичен, туку вистинит и еден од малкуте што излегле во јавност, за разлика од многу други што се решени со вонсудска спогодба (рекетирање).
Нели се ова мафијашки методи?
Каква етика има во ова, дали е ова за развој на науката или чисто за профит на индустријата?
За крај уште нешто за Монсанто. Дали си слушнал за Blackwater платеничката војска?
Дали знаеш дека Монсанто ги има ангажирано, (нивниот IT оддел) за заплашување на нивните повокални противници на интернет (и инфилтрација во социјалните групи)?
http://www.thenation.com/article/154739/blackwaters-black-ops
http://www.news24.com/MyNews24/The-Monsanto-Blackwater-Connection-20130528