Cool.
Порадо би да ги жртвувам тие 2,3 години плус (ако се и толку) кои би ги „добил“ како вегетаријанец/веган, отколку да го тргнам месото од исхраната.
Тоа не оди така како шо го кажа.Од неправилна и штетна исхрана не се крати животот на крајот,туку можи да се фрлат чевли и на 35,40,55 години,да не ги заборавиме и болестите со кои ќе треба да се живее од остатокот на животот.
Agreed. Од друга страна пак, пред некое време почина еден комшија од рак на бели дробови, а цигара не фатил у живот, на свои 40ина години. Луѓе на моја возраст почнаа да рикаат од инфаркти (кои чисто сумњам дека се должат на месото што го јадат) итн...
Ни под разно не викам дека е здраво секојдневно да се јаде конзумира сланина замотана у чварки, пропржена у зејтин, али па не бива и некој да ме убедува дека е поздраво да се исхранувам со соја, тофу и сејтан, пропратено со две тревки дрпнати од некој 6то-одделенски хербариум.
Мене лично ме иритира пристапот не вегетаријанците/веганите... Значи океј, фино, паси трева, твој избор е, ама не туку ме терај мене на истото, со објаснувањето дека е поздраво за мене. Мој избор е да јадам месо, исто како што е твој избор да јадеш салата.