А кој фактор се македонските анти гмо водачи? Ти веруваш на луѓето или на содржината?
Далеку сум од експерт за квалитет на храна. Ниту имам школо за тоа учено, ниту пак сум читал многу во слободно време на таа тема. Не можеме се да знаеме. Затоа си постојат докажани луѓе во секоја област, кои се многу постручни од нас, и на кои можеме да им веруваме кога ќе кажат дека нешто е здраво.
Затоа што е тешко да се одлучи на кој да му се верува, а има премногу луѓе со докторати, кои имаат тотално различни ставови, постојат места, каде сите ги пласираат своите истражувања со кои ги поткрепуваат своите ставови, а останатите се обидуваат да ги побијат. Сите истражувања кои се со цел да го поддржат ставот дека ГМО е штетно, и ќе ти порасне опаш ако ги конзумираш, се побиени.
Постои научен метод, докажан, кој функционира, кој овозможил да се креира компјутерот на кој го пишуваме ова, и постојат рекла-казала бајачки, кои шутираат камен по улица кога црна мачка ќе им го пресече патот.