Автор Тема: ГМО  (Прочитано 408560 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #75 на: 11 Септември 2013, 15:52:51 pm »
Плитко е, затоа што си дозволуваш да ја ставиш својата иднина и иднината на своите потомци во рацете на "експерти" и "испитувања". Си се запрашал кои се тие експерти и кои се тие испитувања? Експертите се оние кои ги пласираат ГМО, а и истите ги прават тие испитувања. Еве, и да не е така - мислиш дека тие експерти и испитувања не се подложни на корупција?

Под вистинската диригенција, кампања и инвестиција, и нафтата ќе стане здрава за пиење.

Ако не им веруваш на експерти, зошто идеш на лекар и пиеш антибиотици кога си тешко болен?

@ V, затоа што за мислење можеш да отидеш и кај друг доктор и затоа што постојат едно чудо стандардни тестови за да си го провериш здравјето.

Кај овие експерти проблемот е што тие ти ги презентираат информациите кои самите тие сакаат да ти ги презентираат и да ги знаеш и нивното мислење не можеш никаде да го провериш на друго место.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: ГМО
« Одговори #76 на: 11 Септември 2013, 15:55:08 pm »
Кај мене во баФча има еден човек што сади патлиџани. Има неколку пластеници со „земи од овој нема гајле, седи 10 дена без да изгуби боја, тврдина, вкус“ и има дел со скопски јабучар кој го сади за своја душа.

Првиот има идеална форма, фотошоп црвена боја и димензиите му се скоро исти. Служи за извоз во Грција.
Вториот си е природен, некаде посветол/потемен, неправилна форма итн.

Ми даде човекот по една кеса од 2-та.
Првиот беше пластика и без вкус, ама нели изгледаше како од реклама.
Вториот беше превкусен, при сечење со нож се цедеше сок и одлично влагаше во комбинација со шопска.

Од првиот имав заборавено на балкон неколку патлиџани. Приметив после една недела. Долните беа скапани кафеаво и од нив се цедеше кафена леплива течност која едвај ја исчистив. Горните сеуште беа како вчера набрани.
Вториот само омекна после 3 дена и го спрживме во летна манџа.

После тоа, на пазар си бирам од „понеубавиот“ за око патлиџан.

П.С. Нели јапанците имаа коцкести лубеници за помалку место да им фаќаат при транспорт? :)

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #77 на: 11 Септември 2013, 16:09:51 pm »
@ V, затоа што за мислење можеш да отидеш и кај друг доктор и затоа што постојат едно чудо стандардни тестови за да си го провериш здравјето.

Кај овие експерти проблемот е што тие ти ги презентираат информациите кои самите тие сакаат да ти ги презентираат и да ги знаеш и нивното мислење не можеш никаде да го провериш на друго место.

И за ова ќе имаш избор за набавка. Но, сите тие лекови што ќе ти ги препишат докторите, се претходно одобрени од некоја институција, која ти не можеш да ја бираш.

Тоа се лиценцирани институции кои имаат дозвола да прават такви испитувања и на кои им се верува (во глобала). Исто како кај нив што се внимава да се што по независни, така треба и за институтите што ќе тестираат ГМО. Тотално истата работа е.

Големите фармацевтски компании имаат сличен имиџ како големите производители на ГМО. Истите предизвици постојат кога се работи за контролата и со тоа истите сомнежи.

Јас се залагам за креирање на такви строги контроли за ГМО. Тоа е многу сериозна работа. Но со негирање и обиди за изолација ништо нема да постигнеме. Ќе се прошверцаат ГМО низ граница, земјоделците ќе ги користат за да ги зголемат приносите и сето тоа ќе биде тотално нерегулирано, ама ние важно ќе бидеме задоволни зашто не сме дозволиле легална употреба на ГМО.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #78 на: 11 Септември 2013, 16:11:57 pm »
Тие лубеници се растени во калапи ;D
И вујко ми има тиквици во разни форми, претежно шишиња од Пелистерка ;D

@ V, друже не можеш да споредиш лекови со храна.
На секој лек ти пишува: „како и сите други лекови и тој и тој има несакани дејства и контраиндикации“.
Таман работа на храната мене да ми пишува: „слушај ова храна е ама може од неја да добиеш вртоглавица, алергија, инфаркт или кај секој 10.000-ти смрт“.

Немој ГМО за исхрана да ги споредуваш со фармација молим те.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: ГМО
« Одговори #79 на: 11 Септември 2013, 16:23:05 pm »
Доколку постои криминален монопол во фармацевстката индустрија, не значи дека истото треба да важи и за прехрамбената.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #80 на: 11 Септември 2013, 16:52:52 pm »
Охооо колку е попрофитна прехрамбената... Она муабетот со шеќерот од прееска, кој го избутка да стане све живо LowFat и булшит за употреба на 3 пати повеќе шеќер. Само пред 30 години. И тогаш имаше книги и се убаво напишано што ќе се случи по употребата на шеќер, ама џабе. Си платија и си продолжија иако никој не ги поддржа. 30 години подоцна, главна причина за смрт и заболување е шеќер.

Фала пријатно.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: ГМО
« Одговори #81 на: 11 Септември 2013, 16:58:24 pm »
И јас мислам дека шеќерот во големи количини е причина за болести. Но тоа е друг муабет. Да нафрлиме некој документарец на темава додека сме тука.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: ГМО
« Одговори #82 на: 11 Септември 2013, 17:23:53 pm »
@ V

Мешаш баби и жаби, како што ти предочија повеќето. Исто и јас мислам како Фаланга - не дај Боже на чоколадото да пишува "може да има несакани ефекти". Едноставно, не се категории за споредба.

Друга работа - сам си го донесе муабетот. Лубеницата била резултат на непрецизно мешање на генетски материјал на две сорти. Тоа е и главната мака - колкава е веројатноста се да биде 100 % коректно и здраво за употреба? Додека да се дојде до некоја прифатлива опција, додека се да се "испегла" и обработи, луѓето ќе заболуваат од различни болести, и на крај ќе умираат. Едноставно - ние би биле заморчиња.

Пример кај лубеницата - ако е можно да се влијае како што велиш ти, зошто таа лубеница, наместо да има вкус на лубеница, а да нема семки (пример), таа всушност има вкус на тиква, а семките си се таму (коа ќе се исќењаш, даваат убава текстура на гомното)? Според Дени, и тука има генетски инженеринг, ама резултатот и ефектите се сосема спротивни од посакуваното.

Што ако генетски се модифицира тутун, што убива во рок од денови, а не години? Онака, неплански.

За алгите - молим? Друже, вака да те прашам, дали си свесен дека живееш во Македонија - репер и дефиниција за вукојебина? Претпоставувам дека си на возраст помеѓу 20-30 години, така да ако нашите деца го доживеат тоа, ќе биде фантастичен успех. Ние - нема да доживееме.

Нафтата, пар екселанс зависи од состојбите на Блискиот Исток. И секогаш ќе биде така.

Таквото гориво (какво што ти го спомена) во наредни 100-200 години нема да го има. Дали ќе го има и потоа - е пак прашање. Како и да е, ГМ со нафтата нема врска, иако нафта ќе има секогаш. Пропагандата и кампањата дека снемува мислам дека не треба да се објаснува. Таа е искреирана од некого, за да ја продава истата по 5х или 10х пати повисока цена.

Исто како што ти кажав дека со правилна кампања и инвестиција, и нафтата ќе се пие, ако некој сака и има интерес од тоа. Ако луѓе ќе умираат од тоа, тоа е друг проблем.

Исто како и љубовта што е измислена од комунистите, за да ебат без пари.

@ Deni

Whatever. Мада што сметам дека калемењето може да го направи секој земјоделец, и не е на нивото на ГМ, али еве - нека ти стои. Нема шанса некој да ме убеди дека таа калемена лубеница на тиква е поубава од правата лубеница, каде единствен drawback се семките.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #83 на: 11 Септември 2013, 17:30:12 pm »
Зависи што се смета за поубаво. Џабе ми е лубеницата ако треба да ја требам со саати. Исто и риба е џабе ако ја јадам од денес за утре.

За некого непроценливо богатство е безсеменска лубеница.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #84 на: 11 Септември 2013, 17:45:24 pm »
@ V

Мешаш баби и жаби, како што ти предочија повеќето. Исто и јас мислам како Фаланга - не дај Боже на чоколадото да пишува "може да има несакани ефекти". Едноставно, не се категории за споредба.

Друга работа - сам си го донесе муабетот. Лубеницата била резултат на непрецизно мешање на генетски материјал на две сорти. Тоа е и главната мака - колкава е веројатноста се да биде 100 % коректно и здраво за употреба? Додека да се дојде до некоја прифатлива опција, додека се да се "испегла" и обработи, луѓето ќе заболуваат од различни болести, и на крај ќе умираат.

Мислам дека малку погрешно ме сфати. Непрецизното вкрстување на сорти се случува при традиционалното земјоделие. Кај ГМО точно се знае кои гени се менуваат и што ќе се постигне со таа промена.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: ГМО
« Одговори #85 на: 11 Септември 2013, 17:55:34 pm »
Зависи што се смета за поубаво. Џабе ми е лубеницата ако треба да ја требам со саати. Исто и риба е џабе ако ја јадам од денес за утре.

За некого непроценливо богатство е безсеменска лубеница.

Би жртвувал вкус за немање семки? ОК, you call.

@ V

Мешаш баби и жаби, како што ти предочија повеќето. Исто и јас мислам како Фаланга - не дај Боже на чоколадото да пишува "може да има несакани ефекти". Едноставно, не се категории за споредба.

Друга работа - сам си го донесе муабетот. Лубеницата била резултат на непрецизно мешање на генетски материјал на две сорти. Тоа е и главната мака - колкава е веројатноста се да биде 100 % коректно и здраво за употреба? Додека да се дојде до некоја прифатлива опција, додека се да се "испегла" и обработи, луѓето ќе заболуваат од различни болести, и на крај ќе умираат.

Мислам дека малку погрешно ме сфати. Непрецизното вкрстување на сорти се случува при традиционалното земјоделие. Кај ГМО точно се знае кои гени се менуваат и што ќе се постигне со таа промена.

Не верувам. Не е на човекот да изиграва Бог и да менува нешто што природата така го создала. Некои работи - да, ама храната не е една од нив. Бар за мене.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ГМО
« Одговори #86 на: 11 Септември 2013, 18:04:29 pm »
@ V

Мешаш баби и жаби, како што ти предочија повеќето. Исто и јас мислам како Фаланга - не дај Боже на чоколадото да пишува "може да има несакани ефекти". Едноставно, не се категории за споредба.

Друга работа - сам си го донесе муабетот. Лубеницата била резултат на непрецизно мешање на генетски материјал на две сорти. Тоа е и главната мака - колкава е веројатноста се да биде 100 % коректно и здраво за употреба? Додека да се дојде до некоја прифатлива опција, додека се да се "испегла" и обработи, луѓето ќе заболуваат од различни болести, и на крај ќе умираат.

Мислам дека малку погрешно ме сфати. Непрецизното вкрстување на сорти се случува при традиционалното земјоделие. Кај ГМО точно се знае кои гени се менуваат и што ќе се постигне со таа промена.

При традиционално земјоделие има случајно вкрстување на сорти. Тоа е незначаен процент и потполно небитен бидејќи земјоделецот окуративно бира плод кој ќе го остави за семе. Најчесто 100% идентичен на оригиналот.

При хибридизација се врши вкрстување на различни сорти. Високопродуктивна сорта каде што е доминантен геномот за продукција со сорта издрлжлива на суша каде е доминантен одредениот геном. Во Ф1 генерација се добива сорта која го носи доминантниот ген за продукција од едниот родител и доминантниот ген карактеристичен за втората сорта.

И во двата случаји селекцијата е природна и потполно безбедна за консумација, осим што се губи квалитетот но не е битно, ствар на укус некој сака лубеница без семки и без вкус друг спротивното.

 ГМО е високотехнолошки процес контролиран од неколку фирми. За да нема заблуда кај потрошувачите секој ГМО производ треба да биде контролиран и деклариран. Да се знае што како е интервенирано.

Сте се запрашале ли колку само млеко/сирење/кашкавал и.т.д сте консумирале со присуство на алфатоксин. Што е алфатоксин:

Aflatoksin je odavno poznat toksin, čija je struktura objavljena pre pedesetak godina kao i opasnost koju predstavlja za zdravlje u smislu razvoja malignih bolesti i smanjenja imunoloških funkcija organizma.

 Aflatoksin je proizvod plesni Aspergillus flavus. Takva se plesan vrlo često razvija u područjima vlažnih i toplih klima. Plesan koja sintetizuje aflatoksin često se nalazi i u frižiderima, kontejnerima, utrobama brodova, silosima za skladištenje namirnica, npr., zrna žita, voća, nekih vrsta povrća, orašastih plodova, kafe, kakaoa, začina.

Izloženost aflatoksinima dovodi do smanjenja imunološkog odgovora organizma, a posebno menja osetljivost prema virusima čineći organizam osetljivim i podobnim za razvoj brojnih viroza.

Не за џабе пропаднаа илијадници тони Српска пченка наменета за извоз, а можда и не пропаднале. Неко че све то лепо појести...

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: ГМО
« Одговори #87 на: 11 Септември 2013, 18:13:50 pm »

Е па, тоа е муабетот. Моето сетило за вкус вика дека правата лубеница и онаа другата НЕ СЕ ИСТИ.

Друга работа - мала корекција. Афлатоксини.

Трета работа - контролата. Тука е главниот проблем и причината за паника, кај нас "паничарите". Кој ќе потврди дека секојдневната употреба на одреден производ нема да има штетни последици? Кој и да е, што - ќе му верувам? Ќе ми гарантира некој нешто, што ќе се случи за 10-тина години? Не би рекол.

Кога на ова ќе се додаде можноста за профит, а се помалку влијание ќе има здравјето на конечниот потрошувач, има место за паника. Многу паника.

Српската пченка? Не е пропадната, изедена е од некој/нешто. Арно си кажа.

EDIT:

Ако може да се стави Poll, баш ме интересира општото мислење.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #88 на: 11 Септември 2013, 18:25:08 pm »
Општото мислење е против ГМО и тоа со големо мнозинство. Нема потреба од анкета за да се дознае тоа.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: ГМО
« Одговори #89 на: 11 Септември 2013, 18:27:16 pm »
Е па против е, а тие што сте "За", не дадовте ни еден едини аргумент или факт да го смените општото мислење. Или бар моето..