...не се познати долготрајните ефекти од таква храна, затоа што ја има присутна само последните 20-30 години. Можеби нема ни да има некакви ефекти. А можеби и ќе има. не се знае.
И тоа како има ефекти и последици: Дебелеење, инсулинска отпорност па потоа и дијабетес, кардио и цереброваскуларни болести, итн. Но сам одбираш колку и што ќе јадеш, а овде со ГМО ти кријат во што има а во што нема... Мислам на оние производи со ГМО што реално ги има во продажба, оние ГМО посеви кои реално се сеат и одгледуваат. Зборувам за реалната состојба со индустријата за ГМО, не таа од приказните на Симо со златен ориз кој никој не го произведува (надвор од некој експеримент заради пропаганда на индустријата), или приказни за говеда без рогови и флуоросцентни рипки.
Посакуваната иднина на Симо е и мојата посакувана иднина за Генетскиот Инжинеринг. На жалост тоа е иднина која не ја гледаме, во пракса гледаме само како Генетиката се користи исклучиво за правење профит без да се води сметка за здравјето на луѓето и ефектите по природата.
Ако сме паметни како цивилизација - ќе имаме наскоро ГМО Здрава Храна на стикерите од опаковките.
Да бевме паметни како вид/општество/цивилизација немаше да дојдеме до овде до каде сме сега, и немаше да одиме натаму каде одиме сега. Ако тргнеш по примерите од индустријата (која кога ја браниш, се залажуваш дека ја браниш науката), ако одиме според досегашните искуства тогаш еве до каде идеме: Неиздржливо земјоделство, со хербициди и пестициди чија употреба расте со геометриска прогресија секоја година. Велам неиздржливо затоа што се испостува почвата на начин на кој не може да се врати во претходната состоба со овакво ѓубрење со евтини вештачки шубрива кои заменуваат само дел од нутриентите кои им се потребни на билките. Дали воопшто знаеш колку е намален составот на Цинк и Магнезиум во модерно произведената храна. А тоа е само дел од целата слика. Ваквото земјоделство е неиздржливо и заради тоа што почвата и водата се повеќе и повеќе се загадуваат со пестициди и хербициди. Уште колку додека чашата не се преполни? Што ќе се случи тогаш?
На долг рок ова нема да биде можно вака да продолжи. А зошто? Оправдувањето секогаш е дека треба повеќе храна за популацијата која се повеќе и повеќе расте. Но дали се седнало да се размисли колку е оптималниот број на луѓе, за колкава популација има ресурси планетава со долгорочно издржливо земједелство кое нема да крахира после доволно време, децении ете и векови нека бидат.
Што ќе се случи тогаш со зголемената популација?