И Џордан на времето проба да игра професионален безбол, после виде-невиде се врати во кошарката.
Но сепак
теоретски се што вели господинов е точно, буквално се (особено интересен е моментот со глутенот). Проблемот е што како научник,
ненаучните работи ги разбира наивно.
Ете човекот кажува „сета нова храна, од трансгенетско потекло или не, треба да се тестира за безбедност„. Но што правиме кога безбедноста треба да ја „тестираат„ истите тие кои прават огромен профит од целата работа... Што правиме кога не постојат вистински независни (и следствено меѓународни) тела за испитување на безбедноста, ниту воспоставени методи за тестирањето?
Исто така многу наивно е да се каже „луѓето сами ќе почуствуваат кога имаат проблем со некоја храна„. Тоа е големо поедноставување на работите. Ете на пример, токму спомнатиот глутен е проблем за многу луѓе но само најакутните случаи медицински ја откриваат причината и постапуваат сходно за тоа.
А замислете, внесувањето на житарките како основна храна еволуциски гледано, се има случено пред многу скоро време. Но, последиците од тоа сеуште се чуствуваат дури и после десетина илјади години (иако одамна се изумрени примероците кои биле најексплицитно „некомпатибилни„ со новата храна.