Автор Тема: ГМО  (Прочитано 408227 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #810 на: 15 Јули 2014, 08:40:13 am »
Да не испадне дека и јас го вадам Докинс од контекст, еве уште еден понов текст објавен на веб страната за неговата фондација.
http://richarddawkins.net/2014/07/core-truths-10-common-gmo-claims-debunked/
Многу убав линк. Особено што доаѓа од таков веродостоен извор.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #811 на: 15 Јули 2014, 11:03:33 am »

Да да, особено што авторот на наведениот блог текст НЕ Е Ричард Докинс!  ;)
(не дена ниту Докинс би успеал во неколку кратки пасоси да успее да го елаборира насловот од текстот)

Инаку штом се сметате за познавачи на почитуваниот Докинс, сигурно нема да ви биде проблем да најдете каде тоа тој вели дека нема разлика меѓу вертикалниот и хоризонталниот трансфер на генетски материјал.
Јас од друга страна, сум прилично сигурен дека нема да најдете такво нешто.   8)


Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #812 на: 15 Јули 2014, 17:45:29 pm »
http://www.skepticalraptor.com/blog/wp-content/uploads/2013/06/Dawkins-letter-Prince-Charles.pdf

Цитат: Richard Dawkins
Almost every morsel of our food is genetically modified - admittedly by artificial selection not artificial mutation, but the end result is the same.

легенда:
хоризонтална
вертикална
заклучок

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #813 на: 15 Јули 2014, 18:01:22 pm »
Цитат
Инаку штом се сметате за познавачи на почитуваниот Докинс, сигурно нема да ви биде проблем да најдете каде тоа тој вели дека нема разлика меѓу вертикалниот и хоризонталниот трансфер на генетски материјал.

Кој рекол дека „нема разлика меѓу вертикалниот и хоризонталниот трансфер на генетски материјал“ и зошто тоа би го тврдел?! Во овој тред сигурно не си прочитал од никого такво нешто. Всушност, никаде не си прочитал од никого такво нешто.

Ова твоево личи на класичен straw man. Смени ја тезата на опонентнот малку, но суштински, и така сменета нападни ја.

Оригиналнта теза „нема разлика во безбедноста меѓу храната добиена со хоризонтален и вертикален трансфер на гени“
Сменета теза „нема разлика меѓу хоризонтален и вертикален трансфер на гени“.

Ти или не читаш внимателно, па ти промакнуваат клучни детали, или намерно се обидуваш да протуриш замена на тези. Во првиот случај ќе се намрштам и ќе те замолам да читаш по внимателно пошто пишувањето бара труд, а во вториот случај ќе се насмеам и ќе ти порачам у маало тие финти.

Она што тврдиме (јас и докинс) е дека нема разлика во безбедноста на храната добиена со вертикален и хоризонтален трансфер на гени: и едните и другите можат да бидат и безбедни и небезбедни. (Затоа си има процедури како се тестира храна (без оглед дали била гмо или негмо) и ако е безбедна - безбедна е. Ако не е - не е.)

Ван, прашањe: дали сметаш дека Докинс е платеник на Монсанто и дека е дел од заговорот кој треба отровно-канцерогената ГМО храна да ја претстави на јавноста како безбедна? Како ти се чини? За верување е Докинс или не? Или и на ова конкретно прашање - како по обичај - нема да одговориш?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #814 на: 15 Јули 2014, 18:16:11 pm »
Не со согласувам Васил, за мене заклучокот е следниов:
Almost every morsel of our food is genetically modified - admittedly by artificial selection not artificial mutation


Впрочем, да илустрирам. 
Кога од девојките со кои се се забавувал, одлучуваш која да ја земеш за жена (се извинувам ако можеби имаш друга секусална припадност ;D ). Одлуката ја правиш според: пријатност на нејзиното друштво, интелегенција, физички изглед, сексуална привлечност, итн.... Сето тоа е всушност генетска селекција од која директно зависат карактеристиките на твоето идно потомство. Размножувањето знаеме сите како иде (или барем се надевам знаеме :D), се дешава коитус и се меша генетскиот материјал од тебе и женатати, продуктот се децата.

Тоа е вертикален пренос на генетски материјал (да не правиме само забуни со физичките позиции при сексот). :)


Пример за хоризонтален пренос на генетски материјал би бил кога во ДНК низата од идниот ембрион би се инјектирале претходно сплајсирани делови од ДНА на(на пример): 
- Васил, за да потомокот биде негов генетски наследник (ова ваљда по избор)
- Ајнштајн (за да потомокот биде паметен)
- Шварценегер (за да биде јак)
- скакулец (за да рипа високо, и биде добро платен кошаркар во НБА)
- арктичка харинга (за отпорност од ладно, во случај ако идната професија е истражувач на Арктикот)
- итн итн
И нема никакво качување на невестата, тоа е излишно. Мајсторите во лабораторија ќе ја завршат целата работа.

Ако треба додатно или посликовито да илустрирам разлика меѓу вертикалниот и хоризонталниот трансфер на генетски материјал, слободно кажи.


Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #815 на: 15 Јули 2014, 18:25:40 pm »
http://www.skepticalraptor.com/blog/wp-content/uploads/2013/06/Dawkins-letter-Prince-Charles.pdf

Цитат: Richard Dawkins
Almost every morsel of our food is genetically modified - admittedly by artificial selection not artificial mutation, but the end result is the same.

легенда:
хоризонтална
вертикална
заклучок

Сврти ги боите, не е тоа важниот дел. Болдираното е тоа што треба да ти влезе во црпката.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #816 на: 15 Јули 2014, 19:08:30 pm »

Читај меѓу редови, admittedly by artificial selection not artificial mutation!
artificial selection = генетска селекција
artificial mutation = вештачка мутација, или сплајсинг на ДНК од еден организам, и преку соодветен носител инјектирање на тој сплајс во ДНК низата на друг организам. Теоретски сосема валидно, но практично прецизноста на почетокот и крајот на сплајсот на низата од ДНК, зависат од техничките можности и знаењето на изведувачот на зафатот: двете варијабли се на ниско ниво во овој степен на развој на сплајсингот како метод на генетскиот инжинеринг. Ова (моментално) е пресложено и кај еден едноставен организам како квасците, а тотален гамбит е кај посложените организми како растенијата. За животните не сакам ни да коментирам, на ова ниво на степенот на развој на науката.

Едноставно, сето ова со промовирањето на ГМО храната (онаа добиена со латерален трансфер на генетскиот материјал) е всушност еден голем експеримент чиј исход не е познат.
Затоа Јас, како самосвесно и (донекаде) интелегентно живо битие, одбивам да бидам дел од експеримент без моја согласност и заради нечиј профит, а без никаков изглед за мој бенефит и со солидна можност за моја штета. Секое нормално, и не-газо-лижачко и барем осредно интелегентно човечко битие по дифолт треба да го дели ова мислење.
Потребата од меѓународни стандарди и утврдени методи за утврдување на безбедноста од сето ова, е неопходна. Сето друго се лаги и замачкување очи на заглупената човечка популација.


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: ГМО
« Одговори #817 на: 15 Јули 2014, 19:14:45 pm »
Ван, отупе со гифоиве.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #818 на: 15 Јули 2014, 19:17:05 pm »
Си мисли којзнае што кажал, што е уште посмешно. :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #819 на: 15 Јули 2014, 19:44:39 pm »

Гифовите сите се тематски, онтопик. Заслужувам пофалба, а не мајтап и поплаки. ;)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: ГМО
« Одговори #820 на: 15 Јули 2014, 20:13:32 pm »
Фино што така си мислиш. Колку сака нека се „тематски“ или „онтопик“, го отупе.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #821 на: 15 Јули 2014, 21:52:13 pm »
Ван, дали Докинс е платеник на Монсанто?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #822 на: 25 Јули 2014, 22:02:23 pm »
http://www.whataboutwatermelon.com/index.php/2010/09/the-truth-about-seedless-watermelon/

Чисто сезонава да ја фатиме.

Има некаде кај нас без семки лубеници или никој не се замара да ги исхибридизира за да добие прописен плод кај нас?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #823 на: 25 Јули 2014, 23:28:19 pm »

Се надевам дека ќе си најдеш без семки лубеници.
Се додека за мене има овакви 22 хромозмски лубеници, да си пљуцкам семки, вие што си љубите -уживајте во генетски модификации колку ви е воља. Овие хемиски третираните барем имаат нешто попредвидливи резултати од тие сплајсираните ГМО.






Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557