Автор Тема: ГМО  (Прочитано 408293 пати)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5041
  • The Spartan General
Одг: ГМО
« Одговори #2160 на: 29 Август 2018, 16:25:27 pm »
...

Искрено да ти кажам не знам. Јас лично имам произведувано калемен бостан, порано калемев дрвца, комбинации со различни култури една до друга од исти фамилии на дрва/култури и можам да кажам дека не секогаш се добиваше оптимален плод/производ. На пример лубеница калемена на трње е одличен производ за складирање, транспорт и долготрајност. Но, некои берби од тие лубеници не се за јадење поради чуден вкус, горчливост, предизвикување дијареа, паѓање на крвен притисок, повраќање, итн.

Исто така, со стариот дома имаме експериментирано со запрашување со најразлични хербициди, пестициди, или комбинација со модар камен и вар и не секогаш резултатите се задоволувачки или добри. Понатаму, за здравјето на културите е многу важна обработката и припремата на земјата, наводнувањето, справувањето со екстра дождливи периоди.

Затоа пак ќе повторам, јас лаички се имам “правено Господ“ па не секогаш крајните резултати биле задоволителни. Кој ти знае како стојат работите кога бизнис од милијарди долари и индустрии стојат зад производство од илјадници и илјадници тони.
« Последно менување: 29 Август 2018, 16:32:30 pm Luki Junior »
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: ГМО
« Одговори #2161 на: 29 Август 2018, 16:31:16 pm »
Пази рак на нокте да не те фати од модриот камен само, па да треба да ја тужиш билната аптека... друго све ок..

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #2162 на: 29 Август 2018, 16:42:11 pm »
...не се познати долготрајните ефекти од таква храна, затоа што ја има присутна само последните 20-30 години. Можеби нема ни да има некакви ефекти. А можеби и ќе има. не се знае.
И тоа како има ефекти и последици: Дебелеење, инсулинска отпорност па потоа и дијабетес, кардио и цереброваскуларни болести, итн. Но сам одбираш колку и што ќе јадеш, а овде со ГМО ти кријат во што има а во што нема... Мислам на оние производи со ГМО што реално ги има во продажба, оние ГМО посеви кои реално се сеат и одгледуваат. Зборувам за реалната состојба со индустријата за ГМО, не таа од приказните на Симо со златен ориз кој никој не го произведува (надвор од некој експеримент заради пропаганда на индустријата), или приказни за говеда без рогови и флуоросцентни рипки.

Посакуваната иднина на Симо е и мојата посакувана иднина за Генетскиот Инжинеринг. На жалост тоа е иднина која не ја гледаме, во пракса гледаме само како Генетиката се користи исклучиво за правење профит без да се води сметка за здравјето на луѓето и ефектите по природата.

Ако сме паметни како цивилизација - ќе имаме наскоро ГМО Здрава Храна на стикерите од опаковките.
Да бевме паметни како вид/општество/цивилизација немаше да дојдеме до овде до каде сме сега, и немаше да одиме натаму каде одиме сега. Ако тргнеш по примерите од индустријата (која кога ја браниш, се залажуваш дека ја браниш науката), ако одиме според досегашните искуства тогаш еве до каде идеме: Неиздржливо земјоделство, со хербициди и пестициди чија употреба расте со геометриска прогресија секоја година. Велам неиздржливо затоа што се испостува почвата на начин на кој не може да се врати во претходната состоба со овакво ѓубрење со евтини вештачки шубрива кои заменуваат само дел од нутриентите кои им се потребни на билките. Дали воопшто знаеш колку е намален составот на Цинк и Магнезиум во модерно произведената храна. А тоа е само дел од целата слика. Ваквото земјоделство е неиздржливо и заради тоа што почвата и водата се повеќе и повеќе се загадуваат со пестициди и хербициди. Уште колку додека чашата не се преполни? Што ќе се случи тогаш?

На долг рок ова нема да биде можно вака да продолжи. А зошто? Оправдувањето секогаш е дека треба повеќе храна за популацијата која се повеќе и повеќе расте. Но дали се седнало да се размисли колку е оптималниот број на луѓе, за колкава популација има ресурси планетава со долгорочно издржливо земједелство кое нема да крахира после доволно време, децении ете и векови нека бидат.
Што ќе се случи тогаш со зголемената популација?
« Последно менување: 29 Август 2018, 16:48:18 pm Van »

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5855
Одг: ГМО
« Одговори #2163 на: 29 Август 2018, 17:54:00 pm »
...

Искрено да ти кажам не знам. Јас лично имам произведувано калемен бостан, порано калемев дрвца, комбинации со различни култури една до друга од исти фамилии на дрва/култури и можам да кажам дека не секогаш се добиваше оптимален плод/производ. На пример лубеница калемена на трње е одличен производ за складирање, транспорт и долготрајност. Но, некои берби од тие лубеници не се за јадење поради чуден вкус, горчливост, предизвикување дијареа, паѓање на крвен притисок, повраќање, итн.

Исто така, со стариот дома имаме експериментирано со запрашување со најразлични хербициди, пестициди, или комбинација со модар камен и вар и не секогаш резултатите се задоволувачки или добри. Понатаму, за здравјето на културите е многу важна обработката и припремата на земјата, наводнувањето, справувањето со екстра дождливи периоди.

Затоа пак ќе повторам, јас лаички се имам “правено Господ“ па не секогаш крајните резултати биле задоволителни. Кој ти знае како стојат работите кога бизнис од милијарди долари и индустрии стојат зад производство од илјадници и илјадници тони.
Лубениците со тиква ги калемиме,порано и ние со стариот кога садевме најголемата лубеница беше 22кг

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5041
  • The Spartan General
Одг: ГМО
« Одговори #2164 на: 29 Август 2018, 18:32:30 pm »
Лубениците со тиква ги калемиме,порано и ние со стариот кога садевме најголемата лубеница беше 22кг

Од убава песоклива нива сум вадел толкави без калемење. Само добро хибридно семе, најлон, вештачко ѓубре на кога се постелува најлонот и стриктно вода по потреба.   :D :D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: ГМО
« Одговори #2165 на: 30 Август 2018, 15:10:11 pm »
веке одамна не можам да најдам убава лубеница...со години наназад...дали една две ќе се погодат...све отиде и qрац... :(

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: ГМО
« Одговори #2166 на: 30 Август 2018, 15:34:37 pm »
Прекупците се виновни...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #2167 на: 30 Август 2018, 18:18:12 pm »
Вие ништо не ме разбирате што ви кажувам ;D

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5855
Одг: ГМО
« Одговори #2168 на: 30 Август 2018, 18:24:20 pm »
Резултат на тоа е аватарот шо си го ставил 😂😃😂 :D

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #2169 на: 30 Август 2018, 19:51:20 pm »
Резултат на тоа е аватарот шо си го ставил 😂😃😂 :D

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk

Да би био нормалан полудео би!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: ГМО
« Одговори #2170 на: 11 Септември 2018, 23:35:26 pm »
https://www.businessinsider.com/genetically-engineered-mosquitoes-to-be-released-in-africa-2018-9?utm_content=bufferd5114&utm_medium=social&utm_source=facebook.com&utm_campaign=buffer-ti

Науката: Ќе се спасиме од Маларија
Ван: Готово, пропаднавме, ќе измутираат во штркови, од го*ната на комарците нема да може да се спасиме! Ем, коа ќе не уапе, ќе сибеме векот со вертикален (или хоризонтален беше?) генетски трансфер!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: ГМО
« Одговори #2171 на: 12 Септември 2018, 07:35:08 am »
Ван: Ама ние не ги знаеме долгорочните последици од овие гмо комарци кои всушност се дело на големиот брат се со цел промена на уставното име на Р. Македонија и откажување на јужниот тек.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #2172 на: 02 Октомври 2018, 08:51:55 am »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #2173 на: 16 Октомври 2018, 01:47:25 am »

Моментот посветен на Симо е овде:  https://youtu.be/JszHrMZ7dx4?t=715
Дап, над 95% од ГМО посевите навистина се модифицирани за толеранција кон хербицидот на Монсанто. Ако воопшто беше спорно.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: ГМО
« Одговори #2174 на: 16 Октомври 2018, 07:09:34 am »
Не гледам ништо специјално за мене, или нешто што (до)кажува спротивно на она што јас сум го кажал?
BTW, крајно време е да излезеш више од кутијата „ГМО е зло, затоа што Монсанто“.