Автор Тема: ГМО  (Прочитано 408641 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1755 на: 25 Април 2015, 10:31:15 am »
Не ми одговори. Во што си ти верникот, различен од другите верници кои веруваат во Алах, или во Белзебуб. Како твојата верба е различна од нивната...?

Во проверливоста. Неговата „верба“ е базирана врз мерења, експерименти и критичко прифаќање/отфрлање на резултатите од истите, а не врз страв, незнаење, „традиција“ и глупави „природно си е природно“ мантри.

Ова се основни работи за научниот метод и шокиран сум што стигнавме ова да го објаснуваме. Уште еден грозен, одвратен пример за лажен баланс.

Toкму она кое ти го тврдиш (можноста за долгорочни последици кои никој не ги знае) е непроверливо и е со самото тоа многу поблиску до слепа религиозна верба - или веруваш у тоа или не. Тоа не можеш да го провериш или докажеш. Не ми е јасно како нешто волку евидентно не можеш да разбереш.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ГМО
« Одговори #1756 на: 25 Април 2015, 10:40:20 am »
на крај прифатлив одговор како опција би било и:
-НЕЗНАЕМЕ сеуште не е доволно испитано...

Ова е можеби најглупата опција бидејќи во себе има вградено погрешна премиса: дека другите методи на менување на геномот носат резултати кои се „доволно испитани“ и дека само ГМО не е „доволно испитано“. Тоа е неточно.

Вистинскиот одговор е: ГМО не е ниту повеќе ниту помалку безбедно од другите методи на креирање нови видови. Нема ништо во ГМО технологијата што би носело поголем ризик во споредба со другите методи на менување на генотипот. Напротив.

значи според тебе одговорот би бил СЕЕДНО ништо не е сменето, само е поголемо истото...

и пак ке ти посочам за приодот кон одговарање на членовите.. еве пријателски... зашто го цитираше делот за кој сметаш дека е нај глупиот одговор и го потенцираше тоа, пред да кажеш дека уствари е исто, ништо различно а не го цитираше тој одговор како опција што го дадов СЕЕДНО итн итн...
Дали безбедноста на Бардовскиот купус што го купуваш на плацот кај Бушав до перална е докажана преку научен метод?

остај го сега ти бардовскиот купус.. он има традиција на проверен квалитет... таму научни трудови ке бараш од старите жители.. :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1757 на: 25 Април 2015, 11:14:29 am »
значи според тебе одговорот би бил СЕЕДНО ништо не е сменето, само е поголемо истото...

Да. Сите методи на менување на геномот подразбираат некоја доза несигурност во добиениот резултат, така ги ГМО. Затоа фала богу вештачки ги селектираме резултатите и задржуваме она што ни се свиѓа. Благодарение на спецификите на методот, таа доза на несигурност кај ГМО е најмала (а не најголема ко што викаат ван и фаланга), но сепак постои.

и пак ке ти посочам за приодот кон одговарање на членовите.. еве пријателски... зашто го цитираше делот за кој сметаш дека е нај глупиот одговор и го потенцираше тоа, пред да кажеш дека уствари е исто, ништо различно а не го цитираше тој одговор како опција што го дадов СЕЕДНО итн итн...

Па сигурно не за да ти кажам на тебе „еј онак ти си глуп“, туку го издвоив затоа што е многу популарно гледиште во јавноста, навидум изгледа сосем здраворазумски и одмерено, но во суштина е глупаво затоа што - како што објаснив - имплицитно сугерира дека другите, не-гмо производи за јадење се скроз испитани и дека им се познати долгорочните ефекти што не е точно.

Со други зборови, го цитирав баш тој дел затоа што сметав дека на читателите (не само ти лично) ќе им биде најкорисно доколку ја согледаат погрешноста на баш тоа гледиште.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1758 на: 25 Април 2015, 12:11:57 pm »
остај го сега ти бардовскиот купус.. он има традиција на проверен квалитет... таму научни трудови ке бараш од старите жители.. :)

Па баш така се „тестираат„ и долгорочните последици од исхрана со ГМО!
Дај им на луѓето да јадат ГМО, без да им кажеш. Потоа, кој ќе преживее нека раскаже.






Не ми одговори. Во што си ти верникот, различен од другите верници кои веруваат во Алах, или во Белзебуб. Како твојата верба е различна од нивната...?

Во проверливоста. Неговата „верба“ е базирана врз мерења, експерименти и критичко прифаќање/отфрлање на резултатите од истите, а не врз страв, незнаење, „традиција“ и глупави „природно си е природно“ мантри.

Ова се основни работи за научниот метод и шокиран сум што стигнавме ова да го објаснуваме. Уште еден грозен, одвратен пример за лажен баланс.

Toкму она кое ти го тврдиш (можноста за долгорочни последици кои никој не ги знае) е непроверливо и е со самото тоа многу поблиску до слепа религиозна верба - или веруваш у тоа или не. Тоа не можеш да го провериш или докажеш. Не ми е јасно како нешто волку евидентно не можеш да разбереш.

Навистина прашањето и беше во што е различно постоењето на боговите како Перун, Велес, Дажбог, или Сварог... во однос на (не)постоењето на долгорочни последици од исхрана со ГМО. Навистина, одговорот е во проверливоста.
Но тоа што (намерно) го пропушташ е дека безбедноста од долгорочна исхрана со ГМО е исто толку истражена како и постоењето на боговите (или за тие поспорите, безбедноста од исхраната со ГМО - никако не е истражена). Уште една разлика е, дека религиите се опционални и по личен избор - но исхраната со ГМО е принудна за сите. Затоа што во производите не се одбележуваат состојки од ГМО.

Нејсе, не ми е мене проблем до утре да ти лепам логички шамари. Но за разлика од некој пренос на бокс меч каде се убаво се гледа (алерт: на 2ри мај Мејведер против Пакиоу), ти се правиш дека за тебе не важат законите на физиката (или логиката во мојава паралела): Ти упорно се правиш како за тебе да не важат 10 нокаут крошеа и аперкати во суратот. Но тоа е тоа, затоа има разлика меѓу ринг и јавен интернет форум.

Ти не си способен за чесна дискусија, многу пати покажано и докажано. Од тие причини милион пати најучтиво сум те замолил да НЕ МЕ ЦИТИРАШ МЕНЕ ЛИЧНО, но ти упорно и дрско го правиш тоа. Толку ли не можеш да разбереш дека немам никаква желба да комуницирам со тебе?
Со било кој можам и вољен сум да дискутирам - дури и со најограничените и најнеуките, но не моем бе и да се замарам со некој што не е способен да дискутира чесно, некој што дури и не ги ни дослушува (дочитува) соговорниците.
Муабет со тебе е како комуникација со лошо напишан софтвер кој е препрограмиран да спамира текстови од блогови или од википедија сајтови (со тоа што ќе нагласам дека сум играл текстуални авантури на 8- битни компјутери, кои имале поквалитетни алгоритми од твоиве).

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1759 на: 25 Април 2015, 12:41:24 pm »
Нејсе, не ми е мене проблем до утре да ти лепам логички шамари.

рофл

Од тие причини милион пати најучтиво сум те замолил да НЕ МЕ ЦИТИРАШ МЕНЕ ЛИЧНО, но ти упорно и дрско го правиш тоа. Толку ли не можеш да разбереш дека немам никаква желба да комуницирам со тебе?

Toa што те цитирам не го сфаќај како покана за дискусија, туку како мој обид на поширокиот аудиториум да му презентирам какви глупости тресеш. Може некој ќе те сфати озбилно. Целта не ми е на тебе лично нешто да ти докажам, бидејќи тоа е невозможно. Целта ми е другите да не те сфаќаат озбилно.

Ти нема спас: на секоја глупост која ќе ја одвалиш - а јас ќе ја приметам - ќе имаш цитат и одговор од мене.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1760 на: 25 Април 2015, 13:43:12 pm »
Ти нема спас: на секоја глупост која ќе ја одвалиш - а јас ќе ја приметам - ќе имаш цитат и одговор од мене.

Ова да беше вистина, едно 99% од твоите реплики кон мене немаше да постојат.
Алас, тоа е тоа кога фали игнор опција.

Баш ме интересира до каде стигаш ИРЛ вака ако правиш. Но не верувам, реалните шамари се малку поразлични од логичките. Вака гледано гарант си домазет отиден некаде.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1761 на: 25 Април 2015, 14:17:13 pm »
Твојата спосоност за проценка на туѓите дострели и карактерни особини, очекувано, е на слично ниво со твојата способност да разликуваш наука од псевдонаука.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #1762 на: 25 Април 2015, 14:46:41 pm »
Твојата спосоност за проценка на туѓите дострели и карактерни особини, очекувано, е на слично ниво со твојата способност да разликуваш наука од псевдонаука.
Апсолутно истото важи и за тебе.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1763 на: 25 Април 2015, 14:59:15 pm »
Твојата спосоност за проценка на туѓите дострели и карактерни особини, очекувано, е на слично ниво со твојата способност да разликуваш наука од псевдонаука.
Апсолутно истото важи и за тебе.

Има два проблеми со твојов коментар „апсолутно истото важи и за тебе“. Првиот е содржински, а вториот формален.

1. Дали важи истото за мене можеш само да нагаѓаш, но не и да тврдиш, бидејќи - не знам дали си приметил - јас не давам оценки за туѓите животни дострели и карактерни особини. Па така, дури и да имаш некаква претстава за мојата способност за разликување наука од псевдонаука, не можеш да ја споредиш со мојата способност за проценка на туѓи карактери бидејќи никогаш не ти била презентирана. Може е добра, може не е. Можеш само да нагаѓаш, но не и да тврдиш. Особено не „апсолутно“.

Од друга страна, Ван освен што го презентира својот научен сензибилитет, плус на тоа додава и оценки за карактерните особини на соговорниците, така што во неговиот случај извлекувањето на таа релација не само што е возможна, туку неминовно се наметнува.

2. Јас и Ван даваме спротивни оценки за тоа што е псевдонаука, а што не. Па така, нашите способности за оценка што е псевдонаука а што не ни случајно не можат да бидат исти: еден од нас двајца утиња и тоа дебело.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #1764 на: 25 Април 2015, 15:28:22 pm »
јас не давам оценки за туѓите животни дострели и карактерни особини

Нема потреба од тупење и глумење експертиза, ти често мене а и други не нарекуваш лаици, иако немаш начин да знаеш дали ние сме лаици или не. Тоа е давање оценка за туѓите животни дострели.
Наместо погрешно да пробуваш да елаборираш едноставна реченица како „Апсолутно истото важи и за тебе“, подобро е да размислиш подлабоко на темата и да се обидеш да извлечеш поука, што потенцијално би била појдовна точка на процесот за преземање на мерки за корегирање на дел од твоите особини.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1765 на: 25 Април 2015, 15:55:11 pm »
Нема потреба од тупење и глумење експертиза, ти често мене а и други не нарекуваш лаици,

Никогаш. Ако така се осечаш - ко што више сум ти рекол - тоа си е твоја работа.

иако немаш начин да знаеш дали ние сме лаици или не.

Е, видиш, имам. Интензивното користењето на логички невалидни аргументи не е одлика на оние кои знаат што зборуваат.

Тоа е давање оценка за туѓите животни дострели.

Не, тоа е давање оценка за изнесените ставови. Може еден ист човек на една тема паметно да збори, а на друга тема да ниже бисери. Како ти на пример. Разликувај оценка на став од оценка на личност. Тоа не се исти работи, ама ти така ги доживуваш.

Наместо погрешно да пробуваш да елаборираш едноставна реченица како „Апсолутно истото важи и за тебе“, подобро е да размислиш подлабоко на темата

На која тема да размислам подлабоко бе мици? ГМО?

и да се обидеш да извлечеш поука, што потенцијално би била појдовна точка на процесот за преземање на мерки за корегирање на дел од твоите особини.

Moите карактерни особини тука не се тема. Тема е ГМО.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #1766 на: 25 Април 2015, 16:11:15 pm »
Никогаш. Ако така се осечаш - ко што више сум ти рекол - тоа си е твоја работа.

Значи не е никогаш туку е често. Типично за тебе е свесно да лажеш. Еве ти скорашен пример:
Тоа е твое лаичко и погрешно толкување

Моето толкување не беше погрешно. А невозможно беше да го толкувам како лаик зошто фино убаво си беше цитирано во темата за авијација, јасно и недвосмислено, така да не е битно дали сум јас лаик или не. Сигурен сум дека знаеш за што зборувам.


иако немаш начин да знаеш дали ние сме лаици или не.

Е, видиш, имам. Интензивното користењето на логички невалидни аргументи не е одлика на оние кои знаат што зборуваат.

Е видиш немаш. Тоа е твоја претпоставка а не знаење. Зошто ти немаш начин да знаеш колку детално јас аргументирам. Друг муабет е што ти самиот по сопствен терк нечии аргументи ги брендираш како невалидни.

Тоа е давање оценка за туѓите животни дострели.

Не, тоа е давање оценка за изнесените ставови. Може еден ист човек на една тема паметно да збори, а на друга тема да ниже бисери. Како ти на пример. Разликувај оценка на став од оценка на личност. Тоа не се исти работи, ама ти така ги доживуваш.

Тоа ти така ги прикажуваш и е релативно (зависно од твојот контекст) е точно дека јас така ги доживувам. Ова е од проста причина што ти свесно манипулираш со исказите зависно од тоа каков ефект сакаш да постигнеш. Ова предизвикува ти често да ги кршиш постулатите на дискусиите што самиот ги поставуваш. Затоа човек не може да им доверба во твојот исказ дали е чист и искрен или дали е манипулација со цел да одвлечеш или привлечеш внимание од конкретна дискутирана тема. Често имам чувство ека дискутирам со бот па се прашувам зошто јас воопшто се мачам кога и онака ретко кога добивам искрен одговор од твоја страна. Не е дека не добивам но почесто ретко отколку често :)

Наместо погрешно да пробуваш да елаборираш едноставна реченица како „Апсолутно истото важи и за тебе“, подобро е да размислиш подлабоко на темата

На која тема да размислам подлабоко бе мици? ГМО?

Не се мисли на темата за ГМО туку на тоа што му го реплицираше на Van. Повторно да напоменам дека ова не го кажувам во контекст на одбрана на Van туку во контекст на тоа дека работите кои ти ги критикуваш ги применуваш и самиот.

и да се обидеш да извлечеш поука, што потенцијално би била појдовна точка на процесот за преземање на мерки за корегирање на дел од твоите особини.

Moите карактерни особини тука не се тема. Тема е ГМО.
[/quote]
Точно е тоа, но муабетот е попатен. Немам намера да дискутирам и да навлегувам во детали, сепак ти си своја индивидуа и тоа јас го респектирам. Само сакам да посочам дека сум свесен кога си искрен а кога не си, во најголемиот број на случаи.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1767 на: 25 Април 2015, 16:34:10 pm »
ок како сакаш

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1769 на: 25 Мај 2015, 18:49:16 pm »