Автор Тема: Проблем со Б5 Пасат 1.9 ТДИ  (Прочитано 2169 пати)

Отсутен Helex

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 7
Проблем со Б5 Пасат 1.9 ТДИ
« на: 01 Септември 2013, 14:58:10 pm »
Пасат 1.9 ТДИ (110 КС), `96та година; на шалт таблата (на екранчето каде што е бројчаникот за километри) се појавува порака "SERVICE OIL" при секое стартување на колата (по кратко време се гаси). Нивото на уље ми се чини е во ред, но можно е и да се намалува по малку. Колата е сервисирана пред 3 месеци, оттогаш се поминати скоро 5000 км. Што може да е проблемот?

Заборавив да додадам - веќе подолго време (повеќе месеци, можеби и година) при забрзување, посебно на нагорнини, се слуша еден груб метален звук - ми се чини како некое грубо стругање. Се мислев дека можеби доаѓа од турбината? Инаку, при последниот сервис пред три месеци, механичарот рече дека колата не трошела уље.

ПС. Загуба на сила кај колата немам приметено.

ППС. Дали е нешто слично како ова: http://www.myturbodiesel.com/forum/f5/passat-b5-2-0-tdi-turbo-problem-15867/ ? Додуша, јас не слушам "clicking noise" од турбото, туку, како што реков, звук на стругање или грчење (не знам како точно да го опишам).

Отсутен Helex

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 7
Одг: Проблем со Б5 Пасат 1.9 ТДИ
« Одговори #1 на: 01 Септември 2013, 14:59:06 pm »
Бај д веј, поздрав до сите членови на форумот, ова ми е прв пост!

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Проблем со Б5 Пасат 1.9 ТДИ
« Одговори #2 на: 01 Септември 2013, 15:05:51 pm »
Си пробал да го ресетираш бројачот за километри?
New blood of old school

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Проблем со Б5 Пасат 1.9 ТДИ
« Одговори #3 на: 01 Септември 2013, 15:07:02 pm »
Дали капе уље од местото за вадење уље?

Од менувачот? А од диференцијалот?

Отсутен bobson

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 304
  • RB26DETT Z2
Одг: Проблем со Б5 Пасат 1.9 ТДИ
« Одговори #4 на: 01 Септември 2013, 15:11:59 pm »
Еве ја постапката како да го избришеш "SERVICE OIL" известувањето, не се секирај тоа е само посетник и не е никаков проблем.


Отсутен Helex

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 7
Одг: Проблем со Б5 Пасат 1.9 ТДИ
« Одговори #5 на: 01 Септември 2013, 15:15:06 pm »
Си пробал да го ресетираш бројачот за километри?
Можеби чудно звучи, но не се сеќавам точно дали пробав откога се појави ова... Ќе се симнам до колата и ќе пробам пак.

Дали капе уље од местото за вадење уље?

Од менувачот? А од диференцијалот?
Мала напомена: технички не сум многу поткован/вешт - каде точно треба да гледам дали капе уље? Под колата на подот не приметувам да има искапено.

Отсутен Helex

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 7
Одг: Проблем со Б5 Пасат 1.9 ТДИ
« Одговори #6 на: 01 Септември 2013, 15:20:20 pm »
Еве ја постапката како да го избришеш "SERVICE OIL" известувањето, не се секирај тоа е само посетник и не е никаков проблем.

Фала, бобсон, ќе се обидам со ова. И јас мислев дека е веројатно известување заради тоа што при последниот сервис не го ресетирале компјутерот за промена на уље, но ме копкаше оној стругав звук при давање гас што го опишав во воведниот коментар - имам слушнато дека при проблеми со турбината се троши уље.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Проблем со Б5 Пасат 1.9 ТДИ
« Одговори #7 на: 01 Септември 2013, 15:25:17 pm »
SERVICE OIL нема да стои после постапката bobson шо ја постира. А тоа што струже најдобро да ја однесеш некаде да ја проверат.
New blood of old school

Отсутен Helex

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 7
Одг: Проблем со Б5 Пасат 1.9 ТДИ
« Одговори #8 на: 01 Септември 2013, 15:36:20 pm »
SERVICE OIL нема да стои после постапката bobson шо ја постира. А тоа што струже најдобро да ја однесеш некаде да ја проверат.
Препорака за мајстор кој би знаел да препознае/среди такво нешто во околината на Валандово (Струмица, Гевгелија, Неготино...)? Може и Скопје?

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Проблем со Б5 Пасат 1.9 ТДИ
« Одговори #9 на: 01 Септември 2013, 15:42:12 pm »
Ни за Скопје ни за другите градови можам да ти кажам. Ако сакаш накај Кичево да дојдеш ке средиме работа :)
Ајде клабери покажете солидарност.
New blood of old school

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: Проблем со Б5 Пасат 1.9 ТДИ
« Одговори #10 на: 01 Септември 2013, 16:29:52 pm »
Marsher vo Sk, za negovo lociranje ke go pobaras vo prijateli na forumot:servis Autoprestige.