Автор Тема: Мака со Rover Maestro...  (Прочитано 2709 пати)

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Мака со Rover Maestro...
« на: 23 Август 2013, 17:27:02 pm »
Ај дечки да ве прашам дали некој се сретнал со проблем на ваква кола...
Моторот е зарибан (2.0 дизел) и не вреди да се прај, а тешко дека ќе се најди нов од иста таква. Тие што продаваат не гарантираат за исправност и тн...

Дали тој мотор е и на некоја друга кола, дали знаете да одговара од нешто друго (голф, нисан итн...) без многу многу преправки...
Имам заслушано дека местат од Голф 2 дизел сосе мењач заедно, ама не сум сигурен што и како...

Ако некој знае поконкретно , би му бил благодарен ако сподели искуство... :) ;D
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Мака со Rover Maestro...
« Одговори #1 на: 23 Август 2013, 17:48:50 pm »
http://en.wikipedia.org/wiki/Austin_Maestro#Engines

тука ќе прочиташ дека некои прототипови користеле VW мотори, пробај си ја среќата со некој вешт мајстор ;d

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Мака со Rover Maestro...
« Одговори #2 на: 23 Август 2013, 18:04:34 pm »
Фала за информацијата...
Битното е само на мењач да легни топтан, другото ич не е проблем...

Абе јас сум мајсторот што треба да измисли кој мотор треба да легне...
Никој друг не се ни замара со вакви каначки... Пошто имам порано по форумиве дека некој моткаше Маестро, реков некој да не знае инстант решение, да не претерувам по моториве
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: Мака со Rover Maestro...
« Одговори #3 на: 23 Август 2013, 18:40:12 pm »
ima eden jasmin kaj televizija rastura i poprava roeri da i dam broj sigurno ke ima nesto....070 239 931 servis kenan...

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3162
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Мака со Rover Maestro...
« Одговори #4 на: 23 Август 2013, 21:22:23 pm »
ima i eden decko vo kisela voda ima se i sesto za nego ke se potrudam da najdam broj 

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Мака со Rover Maestro...
« Одговори #5 на: 25 Август 2013, 02:04:23 am »
Фала за информацијата...
Битното е само на мењач да легни топтан, другото ич не е проблем...

Абе јас сум мајсторот што треба да измисли кој мотор треба да легне...
Никој друг не се ни замара со вакви каначки... Пошто имам порано по форумиве дека некој моткаше Маестро, реков некој да не знае инстант решение, да не претерувам по моториве

јас сум тој... потполно истиот мотор на моето маестро...

како бе го зариба маестрото? без уље го остави? па тој мотор бре не умира... само да има уље... ене го мојон брат ми го вози уште, и има пројдено 0,5 милиони километри (да друже пола милион) и пали како чак мак, а чури и троши уље шта да ти причам... може комотно да му дадат пари т.е. плата за растерување комарци низ државава... 2 пати му се пали моторот со огин од нафтата што му тече и го мрзи да ја среди... нејсе...

овој мотор е од дизел агрегат за орање, користен уште во далечните времиња кога не постоеле амортизери за автомобили... замена за него нема да најдеш што ке ти легне на мењач.. туку појди кај томче (педерот) горе на теферич, ке ти најде нешто.. појди и кај типов што го посочи нуме..

или ако ти се чека, порачувај од и-беј делови за ремонт. јас така направив.. нарчани ми се и стигнати комплет карики, летечи, лежечи, дихтонг за глава и картер, дизни, гумици на вентили и семеринзи. ги чекам само уште дихтоните за усис и издув да стигнат и ги чекам дихтоните за вакум пумпата за кочница да стигнат... до сега ова што е стигнато кошта околу 110 долари... не да се испалти ремонт ЕПТЕН СЕ ИСПЛАТИ.. се вкупно ке испадне 120 евра за делови за комплетен ремонт... уште прогнозирам некои 20-30 евра за ситници како и за рамнење глава и за смешни пари ке направам ремонт на мотор кој од тој момент би требало барем 150-200к да пројде без проблем...

финтата е што за овој мотор на и-беј деловите не ги наогаш да ги продава некој туку се тоа се оригинални делови за маестро ископани од некои складови и се продаваат исклучиво на аукции... ние ги собираме деловите веќе 7-8 месеци...

п.с. сакаш оооодлично решение за предните жмигавци кои се 50 долари-евра комад?

побарај заден жмигавец од санос автобус, модел 2001-2005-та.. кошта 10 евра... :)

сака уште финти? има еден куп само треба човек да прочачака по нетов се ке најде... првиот пат кога го лупна брат ми роверот се скапав од чешање што да прајме и од кај делови... испадна дека ги има сегде околу тебе само треба да знаеш...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Мака со Rover Maestro...
« Одговори #6 на: 25 Август 2013, 02:15:17 am »
Епа Онак... добре дојдов во клубот ,а??
Колата е на мој близок, а и се токмам да ја земам...
Да бе, изгубила масло и зарибала...
Кој ти знае дали има оштетувања во блокот и дали треба специјала. Моторот сеуште е на нејзе и не е растурен. Реков, ако најдам мотор топтан да го бапосам за 100тина евра и да шибам . Јбг, ете , не бивало.
Ако е за специјала ќе се утепам од работа и пак зијан, а и редењето само е доволно работа за мене покрај сите овие обврски што ги имам на работа.

Сепак, ако најдам начин, после годишниов одмор на моиве да се пребројам и да направам инвестиција...
Гревота е регистрација цела така да пропадни, нови гуми, убава каросерија... па макар и за 400-500 евра да ја дадам на некого ,пак ќе и видам лезет...

Друже... ќе останиме во контакт. Ќе ти пишам ако повлечам некој потег, па ќе се бараат делови за колата. Пред се , најдобро цел мотор, ако нема... што знам... ќе измислам нешто
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Мака со Rover Maestro...
« Одговори #7 на: 25 Август 2013, 10:57:15 am »
пробај вака:

стави му уље. бапни го во 3-та брзина, и повлечи го со некоја кола во рикверц... ако се откочи моторот, гарантирано ке запали после тоа и така ке дознаеш до каде е со блок, лагери, клипови и слично... не е прв пат ова да го направам на кола... и после тоа бидејки си има уље може да тера моторот.. смешно ама успешно...

можда ке треба постапката неколку пати да ја повториш додека да повлече уље на клипови... можеш и претходно да ги симнеш дизните и туриш по 20-30 грама уље во секој клип.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Мака со Rover Maestro...
« Одговори #8 на: 26 Август 2013, 02:08:18 am »
Опасно типче си!
Друже, ќе ја пробам и оваа варијанта, секако друго од моторот не бива...
Наводно кажаа дека бил повозен без масло. Ако пушти на тој начини, тогаш одлично. Моторот пред да запри беше во добра состојба, работеше како сатче. Ќе видиме што бива, па ќе ти сторам абер...
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Мака со Rover Maestro...
« Одговори #9 на: 27 Август 2013, 00:00:30 am »
за да не идеш зијан ако не успееш, тури прво уље извадено од некоја кола... немој ново да тураш...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Мака со Rover Maestro...
« Одговори #10 на: 03 Септември 2013, 00:27:37 am »
шо бидна?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време