Автор Тема: Проблем со мењач на Daewoo Espero 2.0 Automatic  (Прочитано 5735 пати)

Отсутен newpain01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Проблем со мењач на Daewoo Espero 2.0 Automatic
« на: 30 Август 2013, 09:16:42 am »
Здраво на сите,
Имам проблем со  Daewoo Espero 2.0 Automatic, 1996-та година. Мењачот е 4 брзински Автоматик, како што знам есперата користат мотор и мењач од Опел Вектра. Проблемот е следен: При возење се слуша звук на гребење, прва и втора ок ги мења, во трета малце потешко, а во 4-та не мења воопшто.
Дали некој знае што би можел да биде проблемот и каде да го носам? (го носев во официјален сервис на Даеву ама дечките не беа баш спремни, немаа поима што е проблемот и ми препорачаа да најдам некое слупано есперо и да му го сменам мењачот во мануелен). Каде може да се најде филтерот за уље за овој мењач?(досега не е менуван, а некои сервисери ми препорачаа да пробам да му сменам филтер за уље и уље во мењачот)
Однапред ви благодарам за одговорите,
Поздрав

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3797
Одг: Проблем со мењач на Daewoo Espero 2.0 Automatic
« Одговори #1 на: 30 Август 2013, 09:38:11 am »
Dzirni do kaj Marsher, najubavo ke ti pomogne on.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем со мењач на Daewoo Espero 2.0 Automatic
« Одговори #2 на: 30 Август 2013, 09:41:59 am »
Бидејќи Даевуто ти е уствари Опел, најдобра можна варијанта за тебе е да се обратиш кај долгогодишен експерт за Опел односно:

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,177.0.html

Поздрав

Отсутен newpain01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Проблем со мењач на Daewoo Espero 2.0 Automatic
« Одговори #3 на: 30 Август 2013, 09:45:17 am »
Dzirni do kaj Marsher, najubavo ke ti pomogne on.

@Roci
кој е Marsher? не ги знам сервисерите по Скопје зашто несум од тука, ама ако има телефон или адреса можам да се јавам или да отидам да прашам.

@Falangasaurus
Фала за одговорот, ќе се јавам да прашам уште денес

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: Проблем со мењач на Daewoo Espero 2.0 Automatic
« Одговори #4 на: 30 Август 2013, 09:48:36 am »
Falanga ти го препорача Маршер, ама он барем се потруди да ти даде начин за комуникација. :)

Како и да е, со среќа!

Отсутен newpain01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Проблем со мењач на Daewoo Espero 2.0 Automatic
« Одговори #5 на: 30 Август 2013, 09:56:35 am »
Ви благодарам за одговорите дечки, ќе се јавам во сервисот да видам што ќе ми кажат па ќе пишам.
Поздрав

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Одг: Проблем со мењач на Daewoo Espero 2.0 Automatic
« Одговори #6 на: 30 Август 2013, 17:28:20 pm »
http://en.wikipedia.org/wiki/GM_J_platform

Од ова треба се да пасува, бидејќи се иста платформа...

Отсутен newpain01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Проблем со мењач на Daewoo Espero 2.0 Automatic
« Одговори #7 на: 31 Август 2013, 00:06:30 am »
http://en.wikipedia.org/wiki/GM_J_platform

Од ова треба се да пасува, бидејќи се иста платформа...

Мене ми кажаа дека од Opel Vectra пасува зашто имаат ист мотор и земав мануелен мењач од Вектра, но педалите не се фаќале, а изгледа и осовината требало да се мења,(плус немам штрафови за мењачот) и не најдов мајстор што ќе се нафати да го смени мењачот од автоматски во мануелен, сите викаат многу заебанции имало. Баш денес вртев на некои други мајстори и двајца ми рекоа дека тешко ќе најдам мајстор што би можел да го направи автоматскиот, а ако најдам цената ќе биде солена :) така да сега незнам што да правам, колата е доста е сочувана и затоа сакам да ја направам, но ако ме кошта многу, подобро друго нешто да барам.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Проблем со мењач на Daewoo Espero 2.0 Automatic
« Одговори #8 на: 31 Август 2013, 01:53:26 am »
ај ке ти пишам утре вечер, ам апокасно, одприлика ова време, дали се нафаќа боро да го прави ова или не... како и да е, ке мора да се убаци и трета педала некако, за кумплунг...

договорт би бил следен:
ти ке си купиш се што ке ти кажеме, а за работна рака ако се нафаќа ќе ти биде соопштено колку ке биде...

веројатно покрај мењачот ке треба и држаш за него да се прави...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен newpain01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Проблем со мењач на Daewoo Espero 2.0 Automatic
« Одговори #9 на: 31 Август 2013, 11:37:47 am »
за трета педала за кумплунг има оставено место во шасијата ако не се лажам, само што педалите од Вектра што ги имам не се фаќаат на оваа шасија, ако можам да најдам есперо на отпад за да му ги извадам педалите, тоа би било одлично. за држачот искрено незнам дали треба, некои мајстори ми кажаа дека веројатно осовина ќе треба, а јас немам.
договорот ми одговара секако, само од каде би ги купувал деловите? јас мењачот го купив од отпад, можам да се распрашам ако можат они и осовина да најдат и некои други делови ако треба.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Одг: Проблем со мењач на Daewoo Espero 2.0 Automatic
« Одговори #10 на: 31 Август 2013, 13:18:55 pm »

Ако најдеш Есперо на отпад ќе го најдеш и мењачот.

Второ Вектра и Есперо не се на истра платформа. Вектрата ти е GM2900 платформа. Твојата е GM J платформа.
Треба да бараш од Аскона, старата Аскона за која деловите ти се багатела.
Моторите се напасуваат, мењачите и подвозјето е друга работа. Побарај некоја Аскона и види што ќе направиш.

За ваква Аскона ти зборам. Оваа е на иста платформа со Есперото. Твојата кола е иначе Holden Camira (австралиска Аскона) со редизајн. Моторот ти е склопен во Австралија, така што и мењачот ти е планиран за тој модел.

Отсутен newpain01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Проблем со мењач на Daewoo Espero 2.0 Automatic
« Одговори #11 на: 31 Август 2013, 14:10:43 pm »
хмм..можно е, незнам, но знам дека старата Вектра има ист мотор како мојот, еве слика од Вектра од 1993-та, ист Injection OHC мотор има и моето Есперо.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Одг: Проблем со мењач на Daewoo Espero 2.0 Automatic
« Одговори #12 на: 05 Септември 2013, 01:22:32 am »
Моторите се исти, мењач е друга работа ;)

Ascona 2000 кубика

Calibra 2000 8V

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Проблем со мењач на Daewoo Espero 2.0 Automatic
« Одговори #13 на: 05 Септември 2013, 08:48:07 am »
се нафаќа боро за да смени мењачот. за цена денес попладне ке каже одкако ке проверел што се треба да се сработи.

значи и он рече дека ке требаат полуосовините и комплет педалите. понатака ако е хидрауличен кумплунгот на механичкиот мењач, ке требаат и двете пумпи т.е. таана мењачот и таа на педалата... ама ај денес попладне ке ти каже се што е потребно и цена, па ако ти паше ке се договорите.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен newpain01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Проблем со мењач на Daewoo Espero 2.0 Automatic
« Одговори #14 на: 05 Септември 2013, 10:29:09 am »
Мислам дека не е хидрауличен кумплунгот, ќе проверам за викенд на друго есперо и ќе ги земам педалите. Пиши што ќе каже мајсторот, па ќе се договориме.