Здраво на сите,
Имам проблем со Daewoo Espero 2.0 Automatic, 1996-та година. Мењачот е 4 брзински Автоматик, како што знам есперата користат мотор и мењач од Опел Вектра. Проблемот е следен: При возење се слуша звук на гребење, прва и втора ок ги мења, во трета малце потешко, а во 4-та не мења воопшто.
Дали некој знае што би можел да биде проблемот и каде да го носам? (го носев во официјален сервис на Даеву ама дечките не беа баш спремни, немаа поима што е проблемот и ми препорачаа да најдам некое слупано есперо и да му го сменам мењачот во мануелен). Каде може да се најде филтерот за уље за овој мењач?(досега не е менуван, а некои сервисери ми препорачаа да пробам да му сменам филтер за уље и уље во мењачот)
Однапред ви благодарам за одговорите,
Поздрав