Ќе го залупам документарецв баш во темава за да се сфати зошто изјави како "beauty is in the eye of the beholder","вкусот е индивуален" или конкретно во темава " колава субјекивно ми се допаѓа/грда ми е " е тотален нонсенс со кој мораме секојдневно да се справуваме, па мора , често пати и тука на форум со звездичка во фуснота и дисклејмер да кажеме дека некоја кола ЛИЧНО ПЕРСОНАЛНО И СУБЈЕКИВНО МЕНЕ ми е грда, односно ЛИЧНО ПЕРСОНАЛНО И СУБЈЕКИВНО МЕНЕ МЕНЕ ми е убава.
Не бе бато..универзалната убавина, (колку и да е денес потисната од медиокритетски вредности кои ги шиткаат како уметност) си постои независно дали гледаш женa, автомобил, слика, скулптура, архитеткура, слушаш музика или гледаш филм.
Се знае што е стварно убаво, што стварно е грдо и тоа сетило е дел од човечката природа...али ретко кој е способен тоа да си го признае во услови кога од естетски аспект "mediocricy is the new excellence", повторно се во име на политичка коректност да грдите, неспособните, неталентираните во модерново доба не се почувствуваат навредени.
Секако, документарецов е многу повеќе од пишаново.