Led C6 h7 kit - лед сијалички.
Чисто за промена, да видам како светаат, ако се слично на xenon да ја распрснуваат светлината на сите страни одма летаат и ги враќам стандардните халогени. 
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Купени од @marchesk, да ги пробам и ќе пишам импресии.
Мене многу ќе ме интересира ова.
Чекам да пишеш.
Малце каснам со одговорот, ама обврски, ова она, така де се извинувам.
Еве ги сликите:

сликано во кола - многу се високи иако ми се на најниска позиција поставени светлата.
без фокус на телефон:

со фокус:

сликано од надвор.
без фокус на телефон:

со фокус:

и како тоа изгледа внатре во фарот:

Искрено и очекував ваков резултат, ама сепак замижав пред фактот дека на фар без лупа освен халогени сијалици друго не треба и ги купив овие лед сијалици.
Али се во името на науката.

Ова нека биде поука за останатите да не ставаат разно разни глупости во фарови кои се предвидени за халогена сијалица, а се со една цел да се зголеми свеста на луѓето и нормално безбедноста во сообраќајот.
Вакво нешто треба да се забрани со закон. 