А биксенон?
Биксенон е истошто и ксенон. Би ксенон всушност имаш ксенонски сијалици на соборените и на долгите светла. Заради потребата од инстантно палење на долгите светла се инсталираат некакви посебни трансформатори. Лаик сум за оваа работа (техничката страна).
Правилата за ксенон/биксенон се следни:
- Фарови со лупи, или рефлектор специјално дизајниран за ксенонска сијалица.
- Автоматска нивелација/подесување на светлосниот сноп.
- Систем за миење на фаровите. Ксенонот не испушта топлина како халогените, така да после дожд/кога се топи снег фаровите се покриени со дебел слој нечистотии и не светат какошто треба.
Конкретно кај тебе за да наместиш се како што треба по прописи треба да правиш ретрофит на следниве работиЧ
- Фарови со лупи.
- Ретрофит на нивомери на предни виљушки.
- Ретрофит на браник со вградени прскалки, прскалки, различна пумпа за течност за миење, и целата инсталација на црева.
Дали си заслужува целава операција, одлучи сам.
Кај мене на фордот имам ксенон (ставан дополнително) со фарови и лупи. Нивелирани се да светат ниско (немам автоматска нивелација) и во зима секој втор/трет ден чистам фарови. Сум возел низ Европа, немало проблем со светкање, полиција, итн. Само еднаш ме проверија дали се со лупи самите фарови.