Автор Тема: HID и LED светла  (Прочитано 539205 пати)

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1680 на: 14 Јули 2016, 21:29:16 pm »
ги прашав сега, 5500ден ксенон, 320еу биксенон, само ја не знам како јас имам енџел ајс само на долги не разбирам... еве на клипот, пред да ја запалам колата се уклучуваат енџел ајс кога се стартува колата се вклучуваат и оние Н7 што светат жолто

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1681 на: 14 Јули 2016, 21:44:01 pm »
Ќе ти пишат казна во Шведска за ксенонот.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1083
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1682 на: 14 Јули 2016, 21:54:05 pm »
ај сними убаво од блиску да се види??? ја колку што можам да приметам си имаш нормален ејнџел ајс и на средно и на долго, кога палиш мотор се пали средно пошто веројатно ти е ставено на ауто..... а ова тинунинунину на магленките ала шутка е за ноу комент  ;D ;D

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1683 на: 15 Јули 2016, 00:08:25 am »
Ќе ти пишат казна во Шведска за ксенонот.
Зезаш или навистина? Не ме ништо чуде имаат си некои чудни закони, држе вода? Па тогаш ке се бунам за новите Киа џипчиња со не знам какво светло мене боја, очите ми ги ваде секогаш кога е позади, што светла користат Киа Спортаж 2015-2016

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1684 на: 15 Јули 2016, 02:17:43 am »
За фабрички ксенон нема казни. Треба да провериш но мислам дека афтермаркет ксенон е забранет во сите држави во ЕУ.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1685 на: 15 Јули 2016, 08:38:41 am »
За фабрички ксенон нема казни. Треба да провериш но мислам дека афтермаркет ксенон е забранет во сите држави во ЕУ.

Не е забранет, ако е инсталиран како што треба (пожелно е да е ретрофит).
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1686 на: 15 Јули 2016, 10:33:31 am »
А биксенон?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1687 на: 15 Јули 2016, 10:42:49 am »
А биксенон?
Биксенон е истошто и ксенон. Би ксенон всушност имаш ксенонски сијалици на соборените и на долгите светла. Заради потребата од инстантно палење на долгите светла се инсталираат некакви посебни трансформатори. Лаик сум за оваа работа (техничката страна).

Правилата за ксенон/биксенон се следни:
- Фарови со лупи, или рефлектор специјално дизајниран за ксенонска сијалица.
- Автоматска нивелација/подесување на светлосниот сноп.
- Систем за миење на фаровите. Ксенонот не испушта топлина како халогените, така да после дожд/кога се топи снег фаровите се покриени со дебел слој нечистотии и не светат какошто треба.

Конкретно кај тебе за да наместиш се како што треба по прописи треба да правиш ретрофит на следниве работиЧ
- Фарови со лупи.
- Ретрофит на нивомери на предни виљушки.
- Ретрофит на браник со вградени прскалки, прскалки, различна пумпа за течност за миење, и целата инсталација на црева. 

Дали си заслужува целава операција, одлучи сам.

Кај мене на фордот имам ксенон (ставан дополнително) со фарови и лупи. Нивелирани се да светат ниско (немам автоматска нивелација) и во зима секој втор/трет ден чистам фарови. Сум возел низ Европа, немало проблем со светкање, полиција, итн. Само еднаш ме проверија дали се со лупи самите фарови.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1688 на: 15 Јули 2016, 10:51:53 am »
фала ти луки за убавото објаснување, овоа ти е ѓаволипол... јас мислев ако има некаква си заменска сијаличка што ке свети бело, да ја правам скроз црнобела колата, али ваков ѓаволипол не ми треба, фала ти за објаснувањето уште еднаш, имам еден проблем со поклопачката на фарот, осигурачот/металната жичка што ја држи капачката е извадена и така ми виси капачката, кој мајстор може да го среди тоа? можеби само од жлеб е излезено а можеби е скршено лежиштето, не е баш достапно за работа и не се гледа за да можам да видам што е работата, мора на мајстор

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1689 на: 15 Јули 2016, 11:06:13 am »
Преку потребно е кај нас да се стави ред за светлата. Ноќе очи вадат со 'ксенониве' од 350 денари. Нека се влеат 10тина илјади казни за неисправни светла и да куртулиме од напаста. Време е. Секој има право да се сељачи, тоа си е негово вродено право. Спојлери, прагчиња, веѓи, стакла, поден лед, оган на вратите, ламбо доорс, се е тоа израз на личноста. Но немој очи да ми вадиш со опасни светла, загрозуваш сообраќај, не си безбеден за сите други. Треба да те отстранат од сообраќај.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1690 на: 15 Јули 2016, 11:19:55 am »
Преку потребно е кај нас да се стави ред за светлата. Ноќе очи вадат со 'ксенониве' од 350 денари. Нека се влеат 10тина илјади казни за неисправни светла и да куртулиме од напаста. Време е. Секој има право да се сељачи, тоа си е негово вродено право. Спојлери, прагчиња, веѓи, стакла, поден лед, оган на вратите, ламбо доорс, се е тоа израз на личноста. Но немој очи да ми вадиш со опасни светла, загрозуваш сообраќај, не си безбеден за сите други. Треба да те отстранат од сообраќај.

После којзнае колку постови прочитани, се согласувам со ставот на LosiPatista.

Незнам зашто сообраќајната полиција не почне да ги лови тие што загрозуваат безбедност во сообраќај со лошо изведени ксенонски светла. И така се решени да накалапат пари во буџет од казни, ете им пациенти за казнување.

Ако светлата се изведени со сочиво (лупа) и прописно нивелирани, проблемот нема да постои речиси воопшто, но сите што имаат монитрано ксенон сијалици во светла со рефлектор се тотална колатерална опасност во сообраќај.

Навечер на автопат каде што лентите директно се разминуваат без преграда (одбојници) на коловозите, е доста мачно да се вози кога некој ќе ти улета од спротивна страна со Ксенонарија. Буквално возачот кој ги "крка" ксеноните од спротивна лента е слеп 5-10 секунди, или има намалена способност за перцепција на препреки. Плус ако е човек во години кој и онака слабо гледа, можам да замислам каква е маката...
Кога им аблендувам да намалат светлата, ми аблендуваат и тие во стил "средни ми се овие бе што ми светиш, неам пуштено дугачки".


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30073
    • CARclub.mk
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1691 на: 28 Јули 2016, 21:19:37 pm »
Иако своевремено и јас имав ксенони на Леонот, морам да се согласам. 99% од „ксеноните“ на улициве бушат очи.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1692 на: 28 Јули 2016, 22:25:28 pm »
Ксеноните се 1%.

Ненаштеловани фарови се 10-15% од колите. И се многу почест и поголем проблем во реалноста.

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1693 на: 28 Јули 2016, 23:30:04 pm »
имам хенон 10год.Наштелован перфектно,за кој се мачев повеќе време.Заклучок:проблем прават само не добро наштеловани фарови,за кои верувајте еж родив додека ги наштеловав,блендирано ми нема никој досега.И на сите им зборам,лесно е да купиш ксенон,тешко е да ги наштеловаш сноповите.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1694 на: 17 Август 2016, 17:06:39 pm »
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2081439
Коментар?

Се мислам меѓу ксенон или халогени сијалички philips xtreme vision h1 до 2000мкд.  ???