Зошто би пробале? Каков сноп ќе дадат дали знаеш? За кратки фарови снопот е многу важен, за долги и за магленки не е толку важен. Затоа и може да се користат за долги и за магленки ЛЕД, а за кретки се користи ксенон. Ова за постоечките рефлектори зборувам, а ако мислиш со некои други рефлектори предвидени за ЛЕД тоа е друго. Тогаш може да се користат за што сакаш. Нормално дека ЛЕД е иднина на осветлувањето, само уште технологијата не е нај-нај да може да конкурира на соодветните сијалици со искра.
Овие што си ги ставил се наводно 3200 лумени. Ова гаранирам дека е измислена бројка, и добро е ако во реалност е и пола од тоа. Ако успеат да го надмашат со лумени претходното светло што си го имал - Да, тогаш се подобри. Потоа ќе се разгледа дали снопот е правилен, ама ако се послаби, незнам кој е ефоктот да ги ставаш. Ксенонот нудат веќе 3500 и 5000 лумени на 4300 келвини. 55w халогена нуди 1600 лумени. Значи под 1600 е веќе темница и не се гледа на патот. Тоа ич не го гледај. И тоа зборуваме за измерена јачина, а не за „декларирана“. Не викам дека не чинат, туку дека уууубаво треба да се испита што се добива а што се нуди. Еве јас сум отворен за дискусија на темата.