http://answers.yahoo.com/question/index?qid=20110104152809AAgub8J
Си најдов. 35W ксенон имаат подолг животен век од 55W, тоа е главната разлика, причините зошто се убаво објаснети во линкот погоре. Во првите неколку стотина работни часа, 55W даваат појако светло, но откако ќе помине таа иницијална јачина, многу побрзо слабеат.
35W може да траат од 3000 до 6000 работни часа, додека 55W траат околу 1000 до 1500.
Во заблуда си Мартинчо. 55вати точно е скратува век за упола ...
Потреби се макс 50часа за сијалицата да биде во ТОП форма, и да свети со максимален интензитет.
Ксенон сијалицата, има работен век од МАКСИМУМ 2000часа .. После 800-1000 часа почнува да губи интенизитет и да оди кон поголеми келвини, односно од 4300к кон 5000, па нагоре .. Значи ако после 150часа иамш 4300к, на 1000часа ке имаш близу 5000, со намален интензитет, на 1500часа, може и одвај ке гледаш ...
Има сијалици кој не подлежат на менување на бојата односно цел век останува иста боја, само се намалува интензитетот, односно бројот на лумени, односно ако има 3200 лумени на 150ч, на 1000часа ке имаш 2800, 2900лм. Таков пример е сијалицата на Филипс, 85122+ која има 4300к боја целиот животен век, не се трансформира во повисоки келвини, само губи интензитет.
Заприметете на колите со оригинален ксенон, едно од друго светло се разликува во боја и интензитет, обратете внимание на кинески ксенони, некои светат накај зелено, плаво, розе и така натака ..
Сите овие факти кој ги кажав важат за ОЕМ ксенон односно сијалица .. не се однесуваат НА КИНЕСКИ ... кинеските ксенони се далеку од овие бројки, некои за око може светат повеке, али далеку од тој квалитет и издржливотст ...
Така да, Мартин, ни еден ксенон, макар и ОЕМ нема да ти издржи повеке од 1500-1600часа, па и толку, после тоа си СЛЕП, и халогено светло ке те јаде за доручек