Генерално, и едната и другата кола се одлични. Моторчињата се мали и навиени, али со сосем добри перформанси. Focus 1.0 Ecoboost 125 не сум возел, но возевме B-Max со 1.0 Ecoboost 100 и сосема добро се носеше со (прилично) тешкото количе, и сум возел Golf 7 со 1.2 TSI 85 и беше сосема задоволителен за градско возило.
Е сега... Во основно ниво на опрема (а според цената, претпоставувам дека тоа го гледаш) Фокусот има под-просечен ентериер. Пластиките се груби и крути. Од друга страна, Леонот и во основно ниво на опрема има прилично добар ентериер и е попријатно место за седење него Фокусот.
Некакви луди перформанси не би очекувал ни од едниот ни од другиот. Ако знаеш, баш пиши ги бројките за забрзување, ама штом 1.2 TSI 105 е побрз од 1.0 Ecoboost 125, тоа е веќе сомнително.
Јас би го правел изборот вака - оди во салон и седни и во едната и во другата кола. Ако може, повози ги (мада колку што знам нема Focus 1.0 Ecoboost 100 како демо возило). Јас би циљал повеќе кон Леонот, највеќе заради неубавиот ентериер во основниот Фокус. Од друга страна, драстично повеќе сила нуди Фокусот..