Луѓе, можно е ова да се направи само што освен пари треба и дозвола од државата, а таа ќе си бара свој интерес, нормално (не мислам на оној дека ќе се намалат сообраќајните незгоди, популаризира Македонија, зголеменото задоволтство на граѓаните и тн. туку на оној ... материјалниот интерес... за жал). Али некој мора да биде прв нели како што оној си го продаде АМЦ и сега има
нормално со Амин на ЕВН и државата ...
Поентата ми беше дека баш еден наш член е во можност да го направи ова (у ствари он го сакаше ова на сликата, ама... му го лапнаа пред нос и сега додека се исплати инвестицијата другите малку ќе почекаат
). Затоа јас му ја предложив идејата со стазава, академијава и све што иде уз тоа (возење на мраз, снег, кал, дожд, кривини, леки коли, камиони ...). Идејата е одлична, но секако треба и државата да спонзорира, како и некој од импортериве, у Србија ако не се лажам беше Тојота, мислам...).
Стазата секако ќе биде вон населено место, дали накај Козјак (Порече мислев), или Криволак, или Мариово или ... не е важно, важно е да е во МК, а тој што сака да вози, тестира, вежба, тренира ... ќе си дојде. Сигурно ќе имаат и повластени тарифи, па зар сите други у светов се глупи, а ние најпаметни? Нас вакви школи не ни требаат, а? Да знаете само како се полага за возачка у Скандинавските земји ... има негде и на Youtube, ама ме мрзи да барам, нека постира некој друг... После имале најдобри возачи, е па фала Богу !!!
У војска бев у Краљево и бев инструктор за Б и Ц категорија на Берановац. Берановац е измислена работа луѓе не сте свесни што све има таму и какви све не обуки треба да поминеш за воени возила ... Ваљда и у Кичево има нешто, а и да нема, ете Галичица е прекрасна, Пониква ... има многу места. Сака само пари, добра воља, многу партиски врски и силна подршка од народот. Спомениците се можда убава работа, ама мама му ебаа бе стварно - ептен забегаа... Поарно на социјално загрозените да им обезбедеа работа или било каква помош, ама да, пак забораев - не сме социјална држава, капитализмот е суров и класната разлика мора да биде што поизразена.
Да баталиме политика, нас тоа воопшто не не интересира, да дадеме некаков придонес, макар морален, да се изгради нешто вакво (колегата можда и ќе го предомислиме, пошто е убеден дека НИКОЈ нема да му дојде, дури ни авто школа, а и Законот да се промени за Безбедност во сообраќајот .. тешка работа, АМА не и невозможна. Можда некој ова што го чита е татино г'зе па ќе му побара вакво нешто да се забавува ?).
Едно само да кажам, земете го Косово, не идам подалеку еј, го затворија Аеродромот да има трки ... алооо ! Ние имаме аеродроми што не се користат и Х други ствари што останаа од бивша ЈУ, ама ете пропаѓаат од суетни „патриоти“. Многу полесно и поефтино е да се реставрирааат постоечки капацитети, отколку да се рушат планини, прават тунели, мостови ... Сигурен сум дека има паметни луѓе у државава и дека сепак нешто ќе сторат... се надевам :/