Автор Тема: DYNO тестер, основна алатка на секој професионален тјунер  (Прочитано 39877 пати)

Отсутен Автотек Електроник

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 107
  • http://allcartuning.com/en.html
DYNO тестер за детално мерење на моќноста и основна алатка на секој професионален тјунер

Автотек Електроник е единствениот тјунинг сервис во Македонија кој може да Ви понуди детално мерење на снагата на DYNO тестер, што е уште еден доказ за врвниот квалитет на нашата работа. Според стандардите на нашиот странски партнер, нарачан е DYNO тестер од последната генерација – нов SERPAUTO CV2 600 EVO 2WD DYNO со можност на мерење на перформанси до 600кс и 300 км/ч.

DYNO тест кај нас можете да направите и без chiptuning, доколку сакате да ја проверите вистинската состојба на Вашиот мотор.


За тестирање на автомобил на DYNO тестер, потребно е да бидат исполнети следниве услови:
1.   Автомобилот мора да биде потполно исправен и спремен за DYNO тест.
2.   Проверете да не има капење или преливање на разни течности од автомобилот во Динамометарот (гориво, масло, течност за ладење...).
3.   Гумите мораат да бидат напумпани према препораките од производителот.
4.   Автомобил со протектирани гуми не може да се тестира на Дино машината.

Заради Ваша безбедност не е препорачливо да присуствувате во тек на DYNO мерењето, во спротивно тоа го правите на Ваша лична одговорност.

По мерењето добивате графички приказ на кривите од вртежниот момент и моќноста.


Голема заблуда е дека ова е максимумот на оваа фантастична направа. Тоа што овој уред ни овозможува е далеку од едноставно издавање на хартии со бројки на клиентот. За тој што знае да ги протолкува,  дијаграмите на снагата и обртниот момент  значат потполно исто како и ЕКГ-то на Кардиологот. Разликата е само во тоа што во овој случај пациентот е Вашето возило, а моторот е срцето. Секоја аномалија во работата, почнувајќи од лошата работа на турбината, па до најситните дефекти, со оригинална дијагностика и отчитување на параметрите се добива единствена вистинска слика за возилото пред и после ремапот.  Тоа што автомобилот не го покажува во лер, при дијагностика во екстремни режими на работа, максимална брзина и максимален број на вртежи многу лесно се согледува на тестовите со DYNO и неправилните дијаграми со скокови, дупки и други неправилности.

https://www.facebook.com/avtotek.elektronik





« Последно менување: Мај 04, 2015, 17:43:22 pm Автотек Електроник »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33006
  • Таков е животот... јебига
Одлично. А колку ќе чини тестирање на Dyno?

Отсутен Автотек Електроник

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 107
  • http://allcartuning.com/en.html
Согласно Договорот за партнерство со Revochip, цените треба да се исти. На официјалната WEB страна цената е 49 евра, но заради понискиот животен стандард во Македонија договорено е цените да се испеглаат на 30 евра.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33006
  • Таков е животот... јебига
Супер. Колку само митови ќе се разрешат :)

Отсутен 2fast4you

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1797
  • Some drive to work ... I work to drive!!!
Супер. Колку само митови ќе се разрешат :)
Nema zbor ;)
Top cena ...po mene prifatliva ;D
E pa so sreka neka e ;)
   

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3765
  • Боинг 747
Конечно :)

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2769
Само напред па за некое време и 4wd да си купите и да нудите + опција

Отсутен sase07

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 547
super ke ve posetime ;)

Отсутен 2fast4you

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1797
  • Some drive to work ... I work to drive!!!
super doagam za den dva
Ne brzaj, ne znam dali e postaven Dinamometarot ili e samo naracan ???
   

Отсутен sase07

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 547
super doagam za den dva
Ne brzaj, ne znam dali e postaven Dinamometarot ili e samo naracan ???
:)

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4624
  • Муфљуз
Какви се тие протектирани гуми? Се мисли на заштитата за бандаш или нешто друго?
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3765
  • Боинг 747
Tome-Colt ова се тие гуми хахаха


Присутен Спенсер

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6899
Какви се тие протектирани гуми? Се мисли на заштитата за бандаш или нешто друго?

Најчесто се протектираат камионските гуми, се става нов слој на шара... се добива и гаранција мислам :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33006
  • Таков е животот... јебига
Се мисли на regroovable гуми кои еднаш веќе се калемени со нагазен слој. Искрено ако биде добро балансирано тркалото не гледам причина зошто не би можело да дајно, ами веројатно си имат нешчо.

Отсутен 2fast4you

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1797
  • Some drive to work ... I work to drive!!!
Се мисли на regroovable гуми кои еднаш веќе се калемени со нагазен слој. Искрено ако биде добро балансирано тркалото не гледам причина зошто не би можело да дајно, ами веројатно си имат нешчо.
Verovatno poradi golemiot otpor na valjacite doaga do dopolnitelno optovaruvanje na gumata i moze da dojde do odlepuvanje na protektiraniot sloj ???