DYNO тестер за детално мерење на моќноста и основна алатка на секој професионален тјунер
Автотек Електроник е единствениот тјунинг сервис во Македонија кој може да Ви понуди детално мерење на снагата на DYNO тестер, што е уште еден доказ за врвниот квалитет на нашата работа. Според стандардите на нашиот странски партнер, нарачан е DYNO тестер од последната генерација – нов SERPAUTO CV2 600 EVO 2WD DYNO со можност на мерење на перформанси до 600кс и 300 км/ч.
DYNO тест кај нас можете да направите и без chiptuning, доколку сакате да ја проверите вистинската состојба на Вашиот мотор.
За тестирање на автомобил на DYNO тестер, потребно е да бидат исполнети следниве услови:
1. Автомобилот мора да биде потполно исправен и спремен за DYNO тест.
2. Проверете да не има капење или преливање на разни течности од автомобилот во Динамометарот (гориво, масло, течност за ладење...).
3. Гумите мораат да бидат напумпани према препораките од производителот.
4. Автомобил со протектирани гуми не може да се тестира на Дино машината.
Заради Ваша безбедност не е препорачливо да присуствувате во тек на DYNO мерењето, во спротивно тоа го правите на Ваша лична одговорност.
По мерењето добивате графички приказ на кривите од вртежниот момент и моќноста.
Голема заблуда е дека ова е максимумот на оваа фантастична направа. Тоа што овој уред ни овозможува е далеку од едноставно издавање на хартии со бројки на клиентот. За тој што знае да ги протолкува, дијаграмите на снагата и обртниот момент значат потполно исто како и ЕКГ-то на Кардиологот. Разликата е само во тоа што во овој случај пациентот е Вашето возило, а моторот е срцето. Секоја аномалија во работата, почнувајќи од лошата работа на турбината, па до најситните дефекти, со оригинална дијагностика и отчитување на параметрите се добива единствена вистинска слика за возилото пред и после ремапот. Тоа што автомобилот не го покажува во лер, при дијагностика во екстремни режими на работа, максимална брзина и максимален број на вртежи многу лесно се согледува на тестовите со DYNO и неправилните дијаграми со скокови, дупки и други неправилности.
https://www.facebook.com/avtotek.elektronik