Темава фатила пајажина а
Чисто за евиденција си пишувам.
Имав проблем со термостатот, тешко креваше работна температура од 90 степени, до 70-80 некаде идеше и толко. А често се случуваше и во возење да опаѓа температурата. Бев кај мајсторот стално што ја носам, му посочив што е проблемот и ми вика не си за кај мене, има еден сензор тој ќе да е отиден затоа ти опаѓа температурата, носи ја на електричар. Ја однесов на електричар, ја прегледа, и тој ми вика не си за кај мене. Ај мајката па кај да ја носам
Се враќам кај мајсторот и го прашувам а термостат имаш, имам - мењај! Го смени, ја пробав за 5-6 мин. возење си крена работна температура и не опадна стрелката, си стоеше на 90
Ај да не ја тупам повеќе
Значи променет термостат, 600 денари термостатот и 400 работна рака, вкупно 1000че
Заборавив и ова да пишам... татко ми го сменил и десниот зглоб од совозачка страна бидејќи кога сакав да ги сменам и двата заедно, имаше еден зглоб само.
И променето е едно фалично раме на совозачка страна (50 еуро
)
Други проблеми нема колата, се си е во ред
Треба и некоја слика да ставам